Култура и туризам
Среда, 10 Мај 2017 03:57    PDF Печати Е-пошта
Промоции на монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин во Чикаго и Детроит, САД

atanas-bliznakov-180Во издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје излезе од печат монографијата „Aтанас Близнаков“ од авторот Славе Катин. Промоции на ова дело се одржаа на 3-ти мај 2017 година, во салата на Македонската православна црква “Свети Кирил и Методиј” во Чикаго, на 5-ти мај 2017 година во Македонската православна црква “Света Богородица” во Детроит, САД. За монографијата зборуваше ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, а ги поздравија и проректорот проф. Билјана Ангелова и авторот Славе Катин.

Повеќе...
 
Среда, 10 Мај 2017 03:05    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи од село Падеж – Горноџумајско

gorna-dzumaja-240По свадбата рано утрината деверите се испраќаат кај мајката на невестата,  и се враќаат кон 2-3 часот попадне.  Обично се испраќаат петмина со коњи.

Повеќе...
 
Среда, 10 Мај 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Секој сам си ја бараше среќата или судбината, или пак судбината него ќе го најдеше

SavoKostadinovski-180Ситемина што дојдоа во истовреме да работат во рудникот не останаа докрај заедно. Некои најдоа друга работа, некои си фатија свои патишта – секој сам си ја бараше среќата или судбината, или пак судбината него ќе го најдеше.

Повеќе...
 
Среда, 03 Мај 2017 02:17    PDF Печати Е-пошта
Македонски народни благослови

blagosloviАирлија.

Аирлија пазар.

Аерлија работа ( и – Ерлија работа)

Аир и бериќет да имаш синко.

Аирлија да ви е пазаро.

Аирлија да ви е радоста.

Повеќе...
 
Среда, 03 Мај 2017 02:13    PDF Печати Е-пошта
Што ти е светов, си мислеше Костадин кога дојде во Америка: САВО КОСТАДИНОВСКИ

SavoKostadinovski-180„Што ти е светов, си мислеше Костадин кога дојде во Америка. До вчера, што се вели, акав низ Добра Вода, а сега сум толку далеку, меѓу толку непознати луѓе кои одвај ги разбирам што сакаат да кажат. Нивниот јазик ти бил бетер од арнаутскиот. А и како да го научиш кога цел ден си во онаа темна дупка.“

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:22    PDF Печати Е-пошта
ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

zoran-gulabovski-1-180Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родниот град пред 25 години. После подолг „одмор“ повторно се врати на сцена во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Првенствено во драмата „Куферот“ и сега во најновата драма „Неочекувана забава“. Покрај театарската, љубовта на Зоран се пренесува и на филмската уметност и повеќе пати се има појавено во филмски продукции. Поведовме разговор со Зоран да „откриеме“ што се крие зад Зоран кој инаку е доста скромен но и талентиран.

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:03    PDF Печати Е-пошта
Култови и религија - Античка македонска култура

kultura-reportazaМакедонците негувале повеќе култови, кои биле поврзани со почитувањето на природните сили. Најраспространет бил култот на сонцето. Затоа сонцето го прикажувале на накитот, оружјето, особено на штитот. Тоа се среќава и на некои од монетите на македонските кралеви. Го почитувале култот на водата. Кон реките се однесувале како кон божества и им принесувале жртви. Македонците посебно ги почитувале лавот, јарецот, волкот и кучето. Нивни претстави можат да се сретнат на монетите од некои владетели или на други предмети.

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:02    PDF Печати Е-пошта
Клетва, (К’лначка, Кл’најне)

GevgelijaВо народото верување спаѓа и клетвата: уд татко, уд мајка, уд кум, уд стар чувек, стара жена, уд сирумах, уд сирак, уд болин чувек, уд поп итн.

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Антички македонски календар

anticki-kalendarАнтичкиот македонски календар бил календар во употреба во Македонија во I милениум п.н.е. Имал 12 синодски месеци (т.т. 354 дена во годината), на кои им требале престапни месеци за да се придржуваат кон годишните времиња.

Повеќе...
 
Среда, 19 Април 2017 03:29    PDF Печати Е-пошта
Село Лазоровци – Кичевско, репортажа на Влатко Билески

selo-lazovci-kicevskoСелото Лазоровци лежи северо-источно од Кичево: од запад се допира со котлинското дно, а од исток со падините на гребенот (сртот) Гол Рид. Во негова блиска околина населени места се: Мамудовци и Стрелци.

Селаните се снабдуваат со изворска вода, а исто така имаат и бунари. Во поново време постои водовод кој е спроведен од планинското место Букоа Вода.

Селски чешми се: Тарулец, Попоец и Клаинец (Клаинче)

Подалеку од селото извираат поголеми извори: Букоа Вода, Попоа Вода и др. Според кажувањата на некои селани селската чешма Клаинец (Клаинче) постои уште од римско време.

Имиња на места во атарот “Над Село“ се: Сташинец, Бара, Букоа Вода, Костоо Изворче, Гавров Камен, Бабино Клаинче, Митроо Ливадче, Мојсоо Лединче, Павлеа Нива, Сртелечки Буки, Стрелечки Јаз, Крстеи Круши, Дабчиња, Капина, Широки Солишта и Чешма.

Имиња на места во атарот “Под Село“ се: Под Леска, Пат Црвишки, Зелени Пат, Покоишта, Пат Јаголски, Воденица, Раковци, Чапарка, Раскрсница, Бероец, Бакалишта, Рампелејца, Средорек, Еѓупска Ледина и Долна Ледина.

Селото Лазоровци е од збиен тип и не е поделено на маала, затоа што е мало село. Сепак фамилијарните куќи се една до друга и повеќето се меѓусебно групирани.

Сите жители на селото се православни Брсјаци.

lazovci2Постои традиција дека село Лазоровци е многу старо село. За староста на селото говори и црквата Св. Ѓорѓија, која сеуште постои и активно учествува во верскиот живот на селото. Сместена е над селото, а постојат податоци дека е изградена кон крајот на 16 век или почетокот на 17 век. Во склоп на црквата се наожаат и селските гробишта. Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите.

Црквата е широка 2,5 метри, долга е 4,2 метри а висината во највисокиот дел изнесува 3,5 метри. Ѕидовите се градени од камен и варов малтер, а покривот со камени плочи (камен лиска). Покривот е граден на две води, а под нив се наоѓа слој на земја која ја чува внатрешната темература постојано на 18 степени Цезиусови. Ова придонело се до денешен ден да се зачува фрескоживописот.

Фрескоживописот е од периодот на постанокот на црквата Св. Ѓорѓија, која е најстара зачувана црква во Кичевско. Ѓоѓе Мано Зиси го споменива селото Лазоровци и кажува дека во црквичката се наоѓал запис во кој се споменувал Кралот Тврдко и жена му. Тома Смиљаниќ-Брдина исто така соопштува дека во селото Лазоровци постои црквичка која според него потекнува од времето на Цар Лазар и дека има ктиторски натпис од 1371 г.lazovci3

Иконостасот е изработен во 19 век а фреските на ѕидот потекнуаат од 17 век

На нив се прикажани дванаесетте Апостоли. На најголемиот дел од нив се забележуваат оштетувања за кои итно треба да се интервенира од страна на конзерваторите за де заштити барем тоа што е останато. Фрескоживопис имало и на предниот дел на влезот во црквата. Меѓутоа, при изградбата на трпезаријата тој во голема мерка е оштетен.

Едно од најголемите црковни ѕвона во целата кичевија се наоѓа токму во камбанаријата на црквата. Камбанаријата е направена во 1936 година, а ѕвоното е донесено од Австрија.

lazovci4

Црква Св. Ѓорѓија Обновена и заштитена

Во црквата Св. Ѓорѓија се чуваат повеѓе евангелија на старословенски јазик кои настанале во 19 век.

Селска слава во село Лазоровци е Св. Ѓорѓија.

- Во истириските извори Лазоровци се споменува под истото име и во другата половина на 15 век (1476/77г.). Селото Лазоровци во тоа време имало околу 31-на христијански куќи. Денес во село Лазоровци не постојат постари македонски родови. Кога предците на сегашните најстари родови пред околу 200 години се населиле - Орешковци и Павлевци, тие ја нашле само напуштената црква. Остатоци од некогашните куќи има кај Сташинец и Попоа Вода.

Во село Лазоровци постоеле главешини, Ванче Петроски и Дели-Митре. Тие го спасиле селото од арнаутите кои сакале да го заземат исто како што сториле со останатите околни села. Со цел да го спаси Лазоровци, Дели-Митре морал на арнаутите да им го отстапи Ериновци. Лазоровчани во минатото често велеле “Ние сме паѓале од оф на леле!“.

Во 19 век Македонците од Лазоровци не смееле да ја напасуваат својата стока во својот атар, во тоа биле спречени од страна на муслиманите од околните села. Поради тоа околу 1850 година селаните од соседното село Црвивци го повикале арнаутинот Мамуд, да ги заштитува (нормално за тоа селаните му плаќале).

Така Мамуд го населил некогашното христијанско село Ериновци кое одамна било опустошено од страна на турскиот аскер.

Во текот на втората светска војна, од албанската окупција селото Ериновци административно почнало да се запишува како Мамудовци. Поради тоа старото македонско име брзо се заборава. Во 1912 година селото Ериновци (Мамуцовци) имало седум семејства, потомци од Мамудовите синови.

По ослобудувањето од Турците, Лазоровци имало 13 куќи. Селаните секогаш живееле од својата земја.

lazovci5

Знаме на Македонско – Одринските доброволци (Ополченци) во 1912 година во кој зеле учество и Македонци од село Лазоровци. Софрониев Лазар (Билески) и Ѓуров Димко (Милососки)

За време на втората светска војна повеќе Лазоровчани зеле учество во НОБ за ослободување на Македонија. Во 2001 година кога Македонија беше нападната од терористичките банди повторно Лазоровчани застанаа во одбрана на татковината.

- Постои предание за змејот кој грабнал девојка додека играла на оро, и ја однесол во пештерата под Чука кај Ериновци

lazovci6

Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите.

Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите. На првиот гроб пишува дека во 1896 година е убиен Наум Ристов од село Лазоровци го убил Ислам, и дека му нанел девет смртни рани. По убиството на Наум Ристов неговата фамилија се сели во Кичево - во Кичево познати како Трипчевци. Исто и на втората надгробна плоча пишува дека лицето погинало од пушка.

Лазоровци, археолошко минато

- Рашо ливада претставува депо на средновековни монети. Во нивата на Блаже Никодиноски, во 1936г, најдено е депо на средновековни (српски) монети кои денес се чуваат во семејството на Михајло Милососки од село Лазоровци.

- Сретсело е рано-средновековна населба. Во централниот дел на селото, месното население открило темели и објекти, градени од камен и варов малтер, водоводни цевки и друг градежен материјал. Откриени се и фрагменти од питоси.

- Стар задел - Еѓупски дол е депо на сребрени монети од римско време. При експлоатацијата на камен, во 1961г. Димо Милососки нашол повеќе сребрени монети од кои денес зачувани се само седум. Временски, монетите му припаѓале на 2-от или 1-от век од пред нашата ера. Ковани се во ковниците Дирахиум и Аполонија. Еден дел се ќува во Музелот во Кичево.

Денешно население:

- Македонското население од Лазоровци потекнува од предци кои се доселиле.Фамилијарни родови се:

Орешковци или Петревци:

(со семејна слава Св. Богородица Пречиста), по потекло од поречкото село Крапа. Во селото живеат од пред околу 200 години. Тие ја знаат следната генеалогија: Борис - Ванчо - Томче - Орешко (или Решко), основач на родот кој се доселил.

Павлевци:

(со семејна слава Св. Ѓорѓија посен), овде се вбројува и една домазетска фамилија. Павлевци се доселени во исто време кога и Орешковци, но не се знае точно од каде.

Ѓуровци:

(со семејна слава Св. Никола) не се знае од каде и кога се доселиле.

Билевци и Мојсовци:

(со семејна слава Св. Аранѓел). Се доселиле во 19 век од денешното село Црвивци. Според исказите на нивните предци “бегале од Арнаути“. Во родот на Билевци се знае следната генеалогија: Фанка - Александар - Ристо - Лазар - Софронија (Цоле) - Биле кој се доселил. Споменатиот Биле во село Црвивци “имал мака од Турците-Арнаутите“.

Трпчевци:

(со семејна слава Св. Петка-Петковден) дошле од соседното село Стрелци. Таму живееле во маалото Раковци.

Топлевци:

(со семејна слава Св. Мартинија) се доселиле од селото Турје од Дебарца-Охридско.

Крстевци:

(со семејна слава Св. Ѓорѓија-посен) и

Вељановци:

(со семејна слава Св. Илија-Илинден) се семејства кои потекнуваат од поречкото село Крапа.

Петревци:

(со семејна слава Св. Аранѓел) потекнуваат од предокот Козмо, кој се доселил од кичевското село Осој. Козмо дошол како домазет.

Ѓоревци:

(со семејна слава Св. Петка-Петковден) се доселиле од село Туин некаде во 60-те години од 20-от век.

Иселеници:

- Во Кичево живеат повеќе семејства од село Лазоровци.

Ристевци (Трипчевци):

кои од поодамна се населени во Кичево се едни од постарите родови од село Лазоровци; не се знае од каде се доселени во селото но, се знае дека дошле во исто време со родот Орешковци.

Папунџиевци, Билевци и Ѓуревци во Романија, и Деспотовци во Битола.

За време на отоманското владеење имало голем притисок врз христијаните па така и населението од село Лазоровци се иселувало во Влашко (Романија), Видин (Бугарија) итн. Од село Лазоровци имало и други иселени постари семејства.

По завршувањето на втората светска војна неколку семејства се иселуваат за подобра егзистенција во некогашните јуугословенски републики. Оден дел од родот Стефаноски (една куќа) се има иселено во кичевското село Староец.

Денес имаме семејства кои живеат и низ нашата Македонија, во Гостивар, Тетово, Скопје, Неготино, Охрид итн.

vlatko-bilevski

Влатко Билески

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.