|
|
Ќе ги брани српските интереси во Македонија и Стара Србија |
(Ниш, 17 април 1885 година) МОЛБА ОД ДИМИТРИЈЕ АЛЕКСИЈЕВИЌ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРОСВЕТА И ВЕРА ДА ОДОБРИ ИЗДАВАЊЕ НА ЧАСОПИС “ВАРДАР” КОЈ ЌЕ ГИ БРАНИ СРПСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА И СТАРА СРБИЈА „Понизно го молам господинот министер да повели да ми одобри да го уредувам политичкиот часопис “Вардар” кој во внатрешните прашања ќе се држи пасивно, а главно ќе ги брани српските интереси во Македонија и Стара Србија. Понизен Д. Алексијевиќ директор на пиротската н. Гимназија” Архив Србије-Београд, МПс X 152/1885; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т.IV, кн.1, док.166, стр. 283; ОДГОВОР НА ПИСМОТО НА НАЧАЛНИКОТ НА НИШКИОТ ОКРУГ ДО ДИМИТРИЈЕ АЛЕКСИЈЕВИЌ, ДИРЕКТОР НА ПИРОТСКАТА ГИМНАЗИЈА „Поради вашата молба од 17. ов. м., потпишаниот министер Ве известува дека тој нема ништо да забележи во однос на вашата намера, како чиновник во просветната струка, да издавате под свое име периодичен часопис “Вардар”, кој ќе биде посветен особено на одбраната на српските интереси во Македонија и Стара Србија, надевајќи се дека Вие, покрај таа нова работа, ќе можете и натаму точно да ја извршувате својата старешинска и наставничка должност во заводот во кој сте. Риста Бадемлиќ” Архив Србије-Београд, МПс X152/1885; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т.IV, кн.1, док.166, стр. 283-284; |