ПИСМО ОД КОСТА ГРУПЧЕ И НАУМ ЕВРО ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ВО ЦАРИГРАД: МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ТРЕБА ДА МУ ОБЈАВИ НА СВЕТОТ ДЕКА Е ПОСЕБЕН НАРОД, СО ПОСЕБНА ИСТОРИЈА, НАРАВИ И ОБИЧАИ. МАКЕДОНИЈА ИМ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНЦИТЕ (1887 год.)
“Романија, Србија, Грција и Бугарија не мируваат и интригираат, а полето на нивните интриги е нашата татковина Мкедонија, која поради важноста на својата географска положба... ги електризира срцата на речените државици, и поради тоа непрестајно се бунтуваат и претендираат на нашата татковина како законити наследници... За да се искорени тоа, треба да се искоренат тие илузии..., а тоа може да го направи само македонското население, кое треба да му објави на светот дека е посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаи и дека нема ништо општо со околните државици. Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија и таа им оостанува на Македонците”
Документи за борбата на македонскиот народ...,т.I, док.197, стр. 278; |