|
|
Границата помеѓу Бугарија и Турција (во делот на Македонија) |
20 септември 1879 год. Член 6 Од Манчу, точка сместена помеѓу Сиври-Тач и Кадри-Тепе, каде што границата помеѓу помеѓу Бугарија и Источна Румелија се спојува, во согласност со актот од 14 август о.г., со главниот гребен на Родопите обележен на австриската карта како граница на стариот санџак на Софија, јужната граница на Бугарија, одејЌи право кон југ, ја следи преку главната верига на Родопите јасно означената линија за поделбата на водите по-меѓу басените Места-Карасу (Рополница и Граничар) од една страна, и Искар од друга, преку Ручкаја -Чал и Налбант; во висина на Курџалак, таа го зема правецот кон запад преку Чабирна и Демир-Капија се до Кидиница Гора...каде што скршнува кон југозапад, па преку Коџа-Корица-Гора доаѓа до Ај-Гедик (врв на планината... Таму таа скршнува одново кон запад и, следејЌи ја линијата за поделба на водите помеѓу басените Рилска Река и Бистрица Река, притоки на Струма-Карасу, таа доаѓа кај потпорниот сид на Воденица-Планина до врвовите на Мрџик-Тепе, Кадиица, Маркова Скала, Царев Врв, Мусовра, Дерезлица, Кирело и Фетир.Таа и го остава на Бугарија Рилскиот манастир и селата Пастра, Рилосело и Истоп, а на Турција селата Бистрица и Доб-рава и градот Џумаја. На 2.300 м., југоисточно од Бараково (Баракли) границата ја напушта делбената линија за да се спушти кон Рилска Река преку нагласениот гребен на вториот потпорен сид источно од Бараково...Оваа линија скоро да го дели грото на поседите на Бараково оставени на Турција од една страна, и на Параминово (Паромин) оставени на Бугарија, од друга. Границата потоа се спушта на патот по долината на Рилска Река се до нејзината утока со Струма, и, свртувајЌи на север, оди по текот на Струма се до 600 м. на оваа утока....кон запад во долот кој ги дели селата Текија (Јелешница) што и припаѓаат на Бугарија и Бучино што и припаѓа на Турција. Преку горниот дел на тој дел таа доаѓа... до врвот Чордак-Камик; потоа...по грбенот на Влаина,...јужно од Бучино; тој басен во целост заедно со селата Лисија, Дреново, Клисура и останува на Турција; наспроти тоа, територијата на Фрохопл и Червеница и останува на Бугарија Преку Гора Ерсејковица и Гора Дирнберица границата доаѓа до веригата на Голема Планина до врвот Синианова Чука (што одговара на Гитка на австриската карта). На оваа верига која ги дели водите на Јелешница од оние на Саса-Дере што се вливаат во Брегалница, таа сукцесивно врви накај Гора_Планина, расфрланите куЌи на Ветрен, Стервиж-Врв, врвовите Жива Кобила, Стибаница, Куцулиница, Јадропаница, Балтајница и Руен, оставајЌи и ги на југ на Турција селата Косевица, Млаштица и Саса. Од Руен границата се спушта и, понатаму, следејЌи го општиот правец југоисток кон северозапад, кон патот од ќустендил за Егри-Паланка преку делбената линија помеѓу восдите на Лепница, од една страна, и оние на Крива Река, притока на Егри-Дере, од друга; таму таа доаѓа до врвовите на Сака-Баши, Бождерица и Бачевица. Таа го сече горенаведениот голем пат кај караулата Дере-Багдар, која се наоѓа на котата 1247 од австриската карта, се качува понатаму кон север и, следејЌи ја воводелницата, минува по врвовите на Могилер, Сдранхофер, Трново, Сузрана, и оставајЌи и ги на Бугарија селата Каменица, ѓуешево, Скакавица, Раници, Пеколница, Червен Дол, Коприва, Бабечено, Черешново, и целиот басен на Покрива Река со селата Жеравино, Голеш и Караманица. Селата Жедуло, Радилиско, Фурпач, Медош, Сурсера, Луки,...и остануваат на Турција. Кај Бабина Полјана, демаркационата линија поминува преку врвовите Гулемиј-Врх-Гора и Вило-Коло, оставајЌи и ги на Бугарија селата Доганица и Дукат, а на Турција Пролиесие и Червен Град, и 4 км. јужно од Црн Врх доаѓа до Гора-Патарица, место на составувањето на бугарско-турската, турско-српската и српско-бугарската граница, на изворите Суга -Лубата, на исток, и Орличка, на запад. Член 8 Границата помеѓу Манчу и Гора-Патарица е нанесена во размер 1/42000 на скица изготвена според руски карти и мерења извршени специјално за комисијата од страна на англиски службеници, а која Ќе биде дадена во прилог на овој акт за да биде консултирана, доколку се укаже потреба како објаснувачки документ. Гореприведената скица ја прикажува, освен тоа, областа помеѓу Чам-Куру и Манчу и на тој начин ја комплетира скицата приложена кон Актот од 14 август, кој се однесува на границата помеѓу Бугарија и Источна Румелија...” Македонија во меѓународните договори..., стр. 238-240; Г.Е. Норадоунгхиан, Рецеуел д’Ацтес Интернатионаух, Т.ИВ, п.238-240; Документи за борбата ..., т.И, док.178, стр. 239- 242; |