Среда, 02 Февруари 2022   
Александар Македонски и откривањето на Америка

alexander-piri-reis-map

Во Националниот музеј на Турција има две карти направени во XVI век од турскиот адмирал Пири Реис.

Извадени се од Бахрие (Книга на морињата), стар атлас на географски поморски карти.

Пириовите карти датираат од 1513 и од 1528 година и на нив се претставени дел од морските брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција, дел од Северна Америка, Гренланд, Нова Земја и дел од Канада.

На картата од 1513 година фигурираат Мексико и Перу, кои биле пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На картата од 1528 година фигурира Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна (во XIX век).

Еден шпански морнар, заробен од Пири Реис, изјавил дека со тие карти се служел Кристофор Колумбо при откривањето на Америка, кои биле копирани од книга од времето на Александар Македонски!

Од своерачните запишани белешки на турскиот адмирал се дознава дека картите ги подготвил со помош на документи кои на арабиски биле наречени "џаферие" и биле нацртани во времето на Александар Македонски.

Овој цар, како што е познато, сакал да го заземе цел свет за да создаде општо светско братство на народите, па секако спомнатите карти му биле познати или, пак, биле направени по негова заповед.

Најмистериозно во случајов е тоа што според мислењето на денешните специјалисти-експерти, кои ги разгледувале картите од Пири Реис, нивната точност и прецизност се такви така што можеле да бидат направени само со опсервации на земјата од сателит или барем од авион!

Даниел Мелвил

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.