|
|
ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА |
ПЕТАР ПОП АРСОВ, “ПИСМО ОД СОЛУН”: ЕГЗАРХИЈАТА НЕ ИМ ДАВА СЛУЖБА НА СПОСОБНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ НАЈПОЛЕЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА “Особено од некое време наваму тие (егзархиските чиновници, н.б.) не прават ништо друго освен да им ја налагаат својата власт на Бугарите и на тој начин да го раскинуваат населе-нието. Претставете си дека каде што ќе отиде егзархиски човек, претседател, директор, инспектор и сл., тој бездруго ќе почне да распоредува по свое, ќе го раздели народот на две, ќе обра-зува партии што ќе гледаат да си ги извадат очите и така ќе ги разбрка работите што раководителот наместо да го обединува на-родот, тој го прави спротивното. Тие примери ни се пред очите секогаш. Истото го прават и директорите, воспитувачите на македонската интелигенција. Дошле за да образуваат, да го подигаат духот на Македонците! Истото го прави и г. Сарафов. Дошол да го воведува својот монархизам во Солун и, како што е познато, тој се обиде да тури се што е бугарско под своја зависност, мислејќи дека Македонците ‘ не се способни” да му го попречат тоа! Што се однесува за во училиштатата, тој успева; таму се станува по негово самоволие. Во самата гимназија нема друго освен робови и слуги на С.(арафов). Овие несовесни, начело со лисицата Н.(аследников), не се интересираат за друго, освен да се шпионираат еден со друг и да му се вмолкнуваат под кожата на С... Колку зелена тиква бил оној што толку претходно го фалеше во еден весник. Колку знаел какви квалитети треба да има македонскииот деец! Слично прават и скоро сите директори во Македонија. Кога ги имам пред очите овие примери, нешто ме тера да заклучам дека овие луѓе ја немаат благородната цел за Македонија, дека тие не ги знаат вистинските потреби на нашиот народ и неговите интереси. Забележливо е дека Егзархијата ни натрапува се такви луѓе. Таа ги пади и не им дава служба на способните Македонци, коишто најдобро ги познаваат потребите и положбата на свооите браќа и ко можат да бидат најполезни за Македонија. Таа ги мрази Македонците. Дури и во самата Ег-зархија има едн поп што ништо не работи и којшто не сака пред очите да види Македонец, дури и најпростиот. Има уште многу да трпиме ако не се заземеме самостојно и ако ги оставиме толку лесно да ни натрапуваат такви раководители, туѓи на нашите народни интереси и потреби и од кои не можеме да очекуваме никаква полза, зашто за да ги за-познаеме вистинските потреби на еден народ, треба да му влеземе во положбата, а овие не го прават тоа. |