Среда, 24 Април 2024   
Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Записи од Средна Азија

(Случајно одење по врвиците на Александар Македонски)

aleksandarpamirОваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на реката Аму Дарја сосем случајно и попатно со мојата професионална кариера како меѓународен советник. На почеток веднаш да напоменам дека не отидов таму со цел да ја барам Македонија, ниту да прозелитизирам, ниту пак моето типично образование од 70тите и 80тите години ме подготвило и да помислам на постоење на таква евентуална можност за постоење на Македонски траги во Средна Азија. Напротив, доаѓајќи од Лондон, на прашањата од каде доаѓаш, за да не компликувам одговарав од Англија, не очекувајќи дека некој во беспаќата на Средна Азија ќе ја знае мојата мала татковина Македонија. И секогаш кога краткиот разговор ќе се одолжеше на подолго од минута-две, на подпрашањата на секогаш љубопитните домаќини за моето име, родно место велев Македонија, што предизвикуаше блесок во очите на соговорниците како кога ќе се сретнат со нешто старо и препознатливо. И така веќе на почетокот разбрав дека во Средна Азија, Македонија е попрепознатлив бренд од Англија. А во некои делови како на пример Памир (Горно Бадакшан) кога ќе речеш јас сум Македонец, во шега а според нивните легенди и со многу вистина луѓето ти одговораат со, брат,и јас сум Македонец. Но нејсе, и по ред.

Стариот Град Термез

Во 2003 отидов да водам еден меѓународен проект на југот на Узбекистан во двете јужни провинции Кашкадарја и Суркундарја вдолж реката Аму Дарја која е природна граница со Авганистан. По стигнувањето во Ташкент и на пропатување кон југ првата недела веќе случајно се сретнав со еден драг човек, Виктор, син на Македонец од децата бегалци после Втората Светска Војна. Сместен во регионалните главни градови Термез и Карши заедно со 60тина локални вработени помагавме во 40 населени места со поправка на школи, амбуланти, мостови,  пумпи за вода итд. Интересната и благородна работа носеше многу позитивна енергија но и понекои расправии со некои од мештаните за (не)квалитетот на нивната работа. За илустрација, организацијата даваше неколку илјади долари за материјали а мештаните требаше да најдат свои мајстори кои ќе ја реновираат да речеме амбулантата или училиштето. Некои го правеа тоа добро, некои го правеа по нашки речено фушерајски и моите колеги знаеја дека прилично се лутам за такви работи и велев ова догодина ќе падне и ќе биди и полошо од што беше.

Александровиот Мост

По завршувањето на овој проект се префрлив на работа во соседниот Таџикистан и шоферот од организацијата кој ме возеше до главниот град Душанбе, познавајќи ме добро ми рече, сега по патот ќе ви покажам една стара македонска градба што нема да падне догодина а за која малку луѓе во светот знаат освен нас тукашните. Застанавме некаде на половина пат од градот Термез во Узбекистан до границата со Таџикистан покрај еден мост на

Стариот Град Александрија Оксиана

главниот пат. Излеговме и пешки некаде сто метра нагоре кон планината стои мост од бело црвени тули, во околината зарастена во жбуње, стои цврсто, со еден голем лак. Мост изграден од Александар Македонски.  Градот Термез бил освоен од страна на Александар Македонски во 329 пне а Александар во близината во месноста Кампир Тепа го изградил градот Александрија Оксиана со моќни ѕидини и порти. Ова беше почетокот на познатиот поход на Александар Македонски од Персија преку денешен Узбекистан кон Согдија и нејзината столица Мараканда во денешен Таџикистан.

И така почна моето долгогодишно патешествие по врвиците на Александар Македонски низ Средна Азија и средбите со историските трагови а уште повеќе со духовните следи кои се до ден денес живи кај денешните жители на овој прекрасен дел од светот. Воедно Узбекистан стана мојата прва средба со измешаноста на народите во Средна Азија, каде многу Таџици живеат во Узбекистан и многу Узбеци во Таџикистан. Историјата на Бухара и Самарканд центрите на средновековната наука, математика, астрономија, култура и уметност се предмет на спор меѓу денешен Таџикистан и Узбекистан. Мојот возач од Термез, гордо ми го покажа својот нов пасош во кој првпат им дозволиле да им пишува државјанство Узбекистан а националност Таџик. Но така и почна мојата длабока врска со овој регион на прекрасни и добри луѓе кој остави длабоки траги во мене засекогаш да се чуствувам дома а и на кој јас оставив свои длабоки траги.

Таџикистан е планинска земја со неколку географски оделени региони како Сугд на север, Катлон на југ а и за нас посебно интересниот Памир или Горно Бадакшан во југоистичниот агол на границата кон Кина и Авганистан. Така и историски овие денешни региони влечат корен од двете ханства (канати) Согдија на север и Бактрија на југ. Главниот град на Согдија, денешната област Сугд, е Хуџанд, во советско време Ленинабад, пријатен град на брегот на Сир Дарја, најголем индустриски центар во советски Таџикистан и покрај тоа што Душанбе бил и е официјалната престолнина. Градот пишува и еден друг дел од воената историја со тоа што бил центарот за производство на атомските бомби на Советскиот Сојуз. За истиот тој Хуџанд, секој Таџикистанец со големо задоволство ќе ви раскаже и без да го прашате прв пат е основан како град од Александар Македонски и бил наречен Александрија Исхата, Александрија Восточнаја, значи најисточниот град кој Александар го основал. Кога Александар дошол во Согдија, како дел од својата традиција на воено завземање и на политички сојузи завземање се оженил со Роксана (Равшан на Таџикски) ќерката на Согдискиот Хан со која подоцна имал и син. Имав можност и многу пати да поминувам низ местото од каде што била Роксана, а и секој Таџик ќе биде среќен да ве упати каде да го најдете тоа место.

Ореовата шума Арсланбоб

Денешните Македонци од Киргистан

По првичното заземање на Согдија од страна на Александар дел од Согдијските војски избегале на исток на територија на денешната Киргизска Република и подолго време вршеле краткотрајни напади врз Македонската војска и брзи повлекувања назад. Александар решил да стави крај на таквите десанти и тргнал кон денешниот Киргиски град Ош да ги доразбие Согдијските војски. Согдијците, вели историјата, се собрале заедно и се искачиле на високото стратешко место наречено Голем Камен каде што се снабдиле со вода и храна за неколку месеци. Голем Камен бил само од една страна пристапен а сите други страни биле скоро 90 степени стрмни и невозжни за искачување така што Согдијците без проблеми се бранеле подолго време. Легендата вели дека една приквечер Александар одбрал група војници и им дал задача ноќта да се качат над Согидјските војски по најстрмната страна. Следното утро изненадувањето на Согдијците било огромно кога се разбудиле и виделе дека на Голем Камен уште повисоко над нив група Македонци со мечеви и набргу се предале.

Исто така легендата која секој Киргиз од најмладиот ученик до секој 90 годишен старец ќе ви ја раскаже е дека Александар бил и кај нив. И тоа со таков ентузијазам како само вчера да бил таму и само за малку и не сте се сретнале. Приказната е дека војниците на Александар се разболеле додека биле во регионот на Ош а поточно до најголемата природна ореова шума во светот Арсланбоб и дека една бабичка сварила лек од лисјата на оревот и дека војниците оздравеле.

А кога тргнуваш од Хуџанд на југ кон Душанбе меѓу два планински превои, и двата високи од над 3,500 метра надморска височина, ако направите депочнителен труд можете да го видите планинското езеро Искандар Кул (Александрово Езеро) во кое според легендата загинал и засекогаш останал коњот на Александар, Букефал. Во Таџикистан живеат околу 7 милиони луѓе од кои само 300,000 на планинскиот и тешко достапен регион Памир кој пак зафаќа 45% од територијата на државата. Памирците во времето на советскиот сојуз имале најмногу доктори на науки по проецент на население во целиот Советски Сојуз. Кај овие наши драги Памирци до ден денес е жива легендата и тоа секој Памирец ќе ви го каже, дека тие или барем некои од нив се потомци на војниците на Александар Македонски. И да нема забуни, никој нема да ја спомене Грција таму, тој наш банален Балкански спор таму никогаш не постоел, се зборува само за Македонци. Легендата е дека кога Александар продолжил понатаму на југ кон Авганистан, Пакистан и евентуално до Агра во Индија, војските тргнале по неколку различни патишта и дека околу 500 до 1,000 македонски војници кои оделе долж реката Пјанџ која го дели Таџикистан од Авганистан за да ја преминат, завлегле во безпаќе со долго стотици километри и легендата вели, останале вечно на Памир. Ако ја погледата географијата не е тешко и да се види зошто. Реката Пјанџ тече меѓу стрми планини од двете страни и после стотици и стотици километри пат не излегувате никаде, туку се качувате на Покривот на Светот - Памир од каде непрегледни и непроодни планински венци од 7 до 8 илјади метри висина кои се протегаат преку Кина до Тибет се до Хималаите од каде што од другата страна е Непал. Така и останале таму, вели легендаta, се ожениле, и станале Македонци од Памир.


И така, без претензии кон научна или длабока анализа бидејќи за тоа треба многу голем простор, овој запис е скромен вовед во моето личо долгогодишно искуство со Средна Азија. Милион мали и големи овде неспомнати приказни ќе ги надополнуваат следните подетални пишувања. Она што мене ми остава силен впечаток е дека, веројатно поради долгата историска дистанца, не постои никаква зла крв или нетрпеливост што нашите предци ги покориле, напротив, сите во Средна Азија зборуваат со гордост за Александар и тој е длабоко вткаен во нивната историја. Дури и со гордост ќе ви кажат дека од името Александар доаѓа нивното популарно име Искандар или варијантата Скендер на Балканот. Во текот на сите овие години разбрав дека нашиот Александар покрај тоа што е наш, и припаѓа и на светската историја вклучително и на Персијците и на народите на Средна Азија и на сите други денешни држави каде што до ден денес постои како дел од нивната историја а и од нивните легенди и митови.             

Еден друг факт дава подршка на ваквите верувања, имено Памирците зборуваат 16 различни јазици кои воопшто не се сродни со Таџикскиот јазик кој е сроден со Фарси јазикот кој се говори во денешен Иран а се одликуваат и по тоа што имаат европска физиономија. Овие 16 различни јазици се разликуваат и меѓу себе така што луѓе од едно до друго село не се разбираат едни со други освен кога комуницираат или на таџикски или на руски. Ова може да сведочи за мултинационалниот карактер на Александровите војски каде што голем дел од неговите војски го сочинувале единици од земјите кои ги освојувал по патот до Средна Азија. Интересни се и топонимите на населените места како на пример Шид, Вранг, Ванч, Рушан, Горон, Бачор, Вир, Бунај, Пастуф, Хорог, итн како што би било интересно за лингвистите да ги проучат овие 16 јазици на Памир. Уште еден факт што ќе ве направи да се чуствувате како дома и уште една историска врска,овој пат со нашите Кирил и Методиј, е тоа што и Таџикскиот (потекло од Фарси јазикот) и Киргискиот (јазик мајка на Турскиот јазик) употребуваат кирилично писмо.

Горан Шумкоски

Меѓународен Советник

Превземено од ШИЛО

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.