Среда, 02 Октомври 2024   
Македонскиот јазол (втор дел)

Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз - Изненадувачки турски документ

Македонскиот јазолМакедонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар Штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век. Македонскиот Јазол е книга од германскиот амбасадор во Македонија, Др. Ханс Лотар Штефан кој ги користел сите државни архиви на Германија од 19 век до 1913 година.

Германскиот амбасадор во Виена, Фон Чиршки, во својот извештај од ноември 1914 година пренесува еден интересен предлог од поранешниот турски гувернер од Македонија:

"Во врска со сеуште двоумечкото држење на Бугарија, која во секој случај сметаше дека и без активното учество по завршувањето на војната“ (во меѓувреме избувна и Првата Светска војна) "ќе го собере профитот во Македонија“, Хилми-паша во разговорот со мене забележа дека постои многу добар начин на Бугарите да им се упропасти зделката. При склучувањето на мирот, на Бугарија би требало да и се даде само најмалиот дел од Македонија во кој живеат исклучиво Бугари, а од вистинскиот дел на Македонија би требало да се направи самостојна држава. Тој со приближно од два милиона жители ќе биде речиси противтежата со Албанија. Грција на ова решение, доколку биде прифатено од победниците при склучувањето на мирот, нема да се спротистави, особено ако и се дозволи сопственоста врз околината на градот Салоники. Грците со тоа би имале и друга предност, имено веќе не би граничеле повеќе директно со Бугарија, туку би имале тампон-држава помеѓу себе“...

Зачудувачки! Кој ќе можеше подобро да ја процени состојбата на Балканот и составот на етничките групи од еден висок турски службеник? Поради тоа тој самиот, иако предоцна, можеше да даде конструктивен предлог за Македонија.

Премногу доцна и премногу тивко искажан, тој остана неслушнат...

Кога предлогот неколку години подоцна повторно беше актуелизиран, беше очигледно прерано и тоа во 25 или дури во 72 години: францускиот весник "Лаксион франсез“ во неговото издание бр. 209 од 29.07.1919 (А 21122, Р 22027) ги објави следните зборови кои упатуваат на иднината:

Бидејќи Македонија беше најголемото јаболко на раздорот помеѓу Грција, Бугарија и Србија, "зошто и да не се создаде независна Македонија?“, со оглед на тоа што самите Македонци не признаваат друга националност освен македонската. "Солун, што не е погрчки за разлика од други нешта, би станал главен град“. Една Македонска тампон-држава би била превентивна мерка за која еден ден ќе си честитаме°.

Колку бил во право весникот!

1) Повеќе пати цитираната авторка и советничка Едит Дурхам постави една историска споредба, за да докаже на кој начин една конфликтна страна ја користеше тактиката на мерење со два различни аршина, кога безусловно бараше изговор за предизвикување конфронтација:

Кога во 1904 год. рускиот конзул Ростовски "поради самопредизвиканата судбина°, како што пишува Дурхам, бил убиен од заседа од еден албански војник (бидејќи овој дента претходно го тепал војникот со камшик), Русија побара:

"задоволување и обесштетување од страна на турската влада.“ Меѓутоа во 1914 год. "Русија ... мобилизираше, кога Австрија настојуваше на расветлување на убиството на еден надвојвода. (Последната реченица во оригинал е напишана со растојание помеѓу буквите).

2) Од поглавјето 21 (од истата книга) со наслов "Воените години“ (тука се мисли на Првата светска војна, а не на Балканските војни), исто така се цитира значајна реченица од оваа чесна жена, повторно од 1914 год:

"Првото што го сторив во Лондон беше на кралот Петар од Србија да му го вратам орденот на Св. Сава, кој ми го додели, и да му напишам дека во претходната година го чув гласното дискутирање за нападот врз Австрија и дека тој и неговиот народ, според мене, се одговорни за големиот злостор во историјата“.

Овој можеби малку англосаксонски заострен прекор на српскиот крал веројатно не му оставил впечаток, но, за нас потомците е уште еден знак за неправилноста на членот 231 од Договорот од Версај, кога Србија би ја посматрале како активна земја во преден план тогаш изјавата точно ја погаѓа суштината - но без Антантата, без Русија спрскиот начин на постапување би бил незамислив.

Ставот на Е. Дурхам треба во секој случај високо да се вреднува, особено со оглед на тоа што таа своевремено не можела да ја знае вистинската заднина на атентатот од Сараево - руското знаење и финансирање.

Надежта на Големите сили и на балканските држави, дека со завршувањето на Балканските војни Македонското прашање ќе биде решено, беше - се разбира - илузија. Една таква преголема мера на неправедност како трајно решение под никакви услови немаше да може да опстане.

Во Белград со загриженост се регистрираше "отпорот на Турција.... дефинитивно да го оконча мировниот договор (од Букурешт) со Србија“. Уште позагрижувачки беа "средбите и состаноците на членовите на Комитетот на Младотурците со делегати на македо-бугарските револуционерни организации како и вклучувањето на постојните одбори во Софија и Константинопол, со цел создавање заеднички бандитски акции за постигнување автономија на Македонија“.

Македонската ослободителна организација ВМРО - лудо, како секогаш, подржана од Бугарија - настојчиво се обидуваше повторно да го заживее стариот план за автономија на Македонија. Како што се сеќаваме, Бугарија со оваа идеја уште пред Балканските војни ги иритираше и другите двајца заинтересирани за македонската територија, Србија и Грција.

Како што пратеникот Фон Шарфенберг во јануари 1914 година понатаму известуваше од Белград, на Русија по Балканските војни од големо значење и било да создаде добар однос помеѓу Бугарија и Србија, бидејќи многу и значеше "Повторното воспоставување на стариот Балкански сојуз!“

Конечно заврши и Втората Балканска војна - а Русија сеуште агитираше за конструкцијата на големиот Балкански сојуз, за што дури повторно ги покани на конференцијата во Санкт Петербург.

Тоа бездруго беше недвосмислен знак за "опколувањето“ на Германија!

Тука, конечно, и Фриц Фишер ќе преземе едно предупредување од извештајот на пратеникот Фон Валдхаузен од Букурешт, кое ја преминува "балканската“ димензија на Балканскиот сојуз. Онака, како да една споредна реченица е токму вистинското место за една фундаментално значајна, а особено за Германија судбинска информација, Фишер (без коментар) цитира:

"Премиерите на Србија (Пашиќ), Грција (Венизелос) и Романија (Таки Јонеску)... (се обединуваат) во еден нов, како антиавстриски, така и антигермански Балкански сојуз“.

Сепак, на Фишер се чини дека оваа сензација не му кажувала многу. Затоа тој ќе го остави сосема неизбежан опасниот дострел за Двојниот сојуз, кој произлегува од очигледните знаци на долгорочното планирање на Антантата во правец на војна против германските држави. Тој во таа контроверзност многу повеќе се обидува меѓу другите со Егмонт Цехлин оваа опасност да ја релативизира со аргументот дека германската политика се обидела "од своја страна... да создаде Балкански сојуз“.

Тргнувајќи од кусата содржина на оваа предрасуда многу лесно може да се донесе пресуда.како што може да се прочита во еден извештај од Атина, бугарскиот крал Фердинанд, според грчкиот весник "Хестиа“ не искажал ниту еден сомнеж во тоа дека учеството на Бугарија во (новиот) Балкански сојуз ќе претставува "ревизија на Букурешките договори... по дипломатски пат“.

Покрај тоа пратеникот од Белград информираше дека најважните сознанија од неговите посматрања и информации се тоа дека Русија смета дека со проектот на новиот Балкански сојуз "во секое време ќе има подготвен јарец за борба против Австро-унгарската монархија. Дури и во германскиот печат можеше да се прочита дека вистинската причина што се криела зад Конференцијата во Санкт Петербург била христијанските балкански држави да се спојат во еден Балкански сојуз под протекторатот на Русија и со воен врв насочен против Австроунгарија и нивните сојузнички пријатели“.

Нескриената закана очигледно никого не потресла во Берлин или во Виена. Застрашувачки е кога треба да си замислиме дека трезвените искуства со лагите и измамите на силите на Антантата на Германија и на Австрија очигледно не им биле доволни за да се опаметат.

Така амбасадорот Фон Порталес уште во тие денови (февруари 1914 год) пишува извештај од Петербург со речиси неподносливата реченица:

"Стремежите на г-дин Сасонов, кој, како јас што сметам, искрено се залагал во наредните години да спречи нов конфликт на Балканскиот Полуостров, главно биле насочени кон поддршката на заедничките спогодби помеѓу Романија, Србија и Грција, со цел да ја држат Бугарија во неизвесност“.

Неверојатно: како вистинската причина да не беше веќе објавена во весниците!

За да се согледа целосната сериозност на стратегијата (на Антантата), уште еднаш се укажува на политичката анализа на "Фортнигхтлѕ Ревиењ“ според која на Антантата не и беше само важно да создаде непробоен прстен околу двете германски држави, туку со помош на затворањето на тој процес да се отвори јаз помеѓу балканските соседи Австрија и Турција.

Така после Сараево и после кобниот австриски ултиматум кон Србија од 23 јули беше неминовно да дојде до австриско-српската војна, која со полно право ќе можеше да се нарече Трета балканска војна, доколку не стануваше збор за почетокот на Првата светска војна.

За ова прашање многу информативен е коментарот на поранешниот рајх-канцелар Фон Билов:

"Бесмислениот ултиматум кон Србија за секогаш ќе остане поврзан со името Теобалд фон Бетман Холвег“.

На друго место тој го пренесува цитатот на еден голем германски стопанственик:

"Однесувањето на Фон Бетман не доведе до тоа, како што би рекол Алберт Балин "несмасно да западнеме во најглупавата и најнепотребната војна на сите времиња и на крајот да ја загубиме...“

Упорноста на Константин (спореди горе цифра 5.52) можеше да се надмине можеби само уште од премиерот Венизелос.

По изборите во Грција во 1915 година Венизелос иако падна и ја напушти Атина, уште истиот месец тој се појави во Солун со своите бунтовници.

За време на Првата светска војна различни бранови на воени дејства минаа преку Балканот. Во 1916 година големи делови од Егејска Македонија (освен Солун, кој го држеа Французите) стана бугарски со влегувањето на австриско-бугарската армија, во која учествуваа и германските единици.

Забелешката дека учествувале и германски војници го потсетува авторот на неговата служба во Република Македонија. Тој тогаш од населението повеќепати ја почувствувал подготвеноста (што порано, за време на режимот на Тито беше строго забрането) да учествува во згрижувањето на воените гробишта. Македонците потенцираа дека без исклучок имаат добри сеќавања на германските војници, како да се затвора еден круг, пред одредено време авт орот во црквата во местото Барт (на германскиот брег на Балтичкото Море, помеѓу Росток и Штралзунд) помеѓу надгробните споменици поставени во спомен на паднатите борци од оваа општина забележал еднна мала мермерна табла во спомен на еден војник кој во 1916 година почивал на македонската почва. Натписот гласеше:

Албрехт Дау
10.11.1916 год
во Македонија

Авторот се надева дека Народниот сојуз за згрижување на германските воени гробишта ќе се грижи и за гробовите во Македонија со цел "на личната жалост повторно да и се даде име“.

Новата линија на фронтот го доведе кралот Константин во тешка положба, бидејќи Венизелос во Македонија (и на Крит) организираше не само еден панхеленистички бунт, туку истовремено и бунт насочен против Кралот, кој беше пријателски настроен кон Германците. Со помош на француско-англиската интервенција Константин во 1917 година беше принуден да замине во егзил. (Тој со своето семејство и со штаб советници замина во Швајцарија, бидејќи Германија му остана затворена поради пропагандата што можеше да се очекува од силите на Антантата. Доколку Германија го примеше грчкото кралско семејство, ризикот би се зголемил неодговорно многу со тоа што Антантата, поради лутина на Бугарите која оттука принудно ќе се јавеше, значително ќе и се приближеше на својата цел односно Бугарија исто така да ја повлече во Антантата.

Оваа шанса ја искористи Венизелос прогласувајќи го за крал Александар, вториот син на Константин. Впрочем со ова тој отворено застана на страната на Антантата.

Мацовер смета дека на Атина и беше потребно многу поеќе време пред "да седне на она што би се нарекло вистинскиот коњ°. Грција летото 1917 година им објави војна на Германија и на Австрија. На тој начин Венизелос политички ја реализираше својата омраза кон Германија, која од него беше позната уште од 1915 година:

"Подобро да се пропадне заедно со Франција, отколку да се победи во заедница со Германија“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.