|
|
Григориј А. Илински: „Македонски листок“ и „Македонски глаголически листок“ |
Григориј А. Илински (1876-1937) е руски славјански филолог, историчар и педагог. Во текот 1901 - 1903 година работи во библиотеките и архивите во Австро-Унгарија, Србија и Бугарија, ги изучува славјанските јазици и дијалекти, ги проучува старите славјански паметници, а некои ги подготвува за издавање. Во 1907 година заедно со П. Лавров ги проучува старославјанските грамоти во манастирите на Света Гора, врз кои во 1911 година докторира на Ломоносов.
За време посетата на Зографскиот манстир во Света Гора, Илински забележува каталог од 184 ракописи: „17 се од XIII век, 7 од XIII – XIV век, 15 од XIV век, 2 од XIV - XV век век, 14 од XV век, 4 од XV - XVI век, 54 од XVI век, 8 од XVI - XVII век, 65 од XVII век.“ По оддели, тоа се: „39 евангелија, 5 апостоли, 1 апостол и евангелие, 19 пасалтири, 10 триоди, 1 стихар, 1 трефологија, 19 служ. минеи, 3 празнични минеи, 3 часослови, 2 каконика, 6 требници, 16 служебници, 2 служби, 5 молитвословија, 2 акатиса, 1 сбор на богослужбена книга, 5 црковно правни, 1 историска, 12 творенија на црковни оци, 3 житија, 3 минеи, 1 книга молитви и поученија, 10 пролови, 3 зборници. Ракописите се со различна редакција.
Илински има над 500 публикации на различни проблеми посветени на славјанската филологија. Во многубројните публикации на Илински видно место завзема Кирило-методиевското прашање. Реџултат од собирањето на библиографскиот материјал во текот на неколку десетлетија се редица изданија на старославјански и среднославјански паметнци. Публикува неколку описи на славјански ракописи, кои содржат важни податоци за дотогаш неопишани ракописни збирки.
За откриените текстови споменици за Кирилската писменост од XI и XII век создадени на територијата на Македонија пишува Илински, кој ги насловува Македонски листок („Македонски листок“, С. Петербург, 1906; „Македонски глаголически листок - текст на Ефрема Сирена“, С. Петербург, 1909).
Еден од овие споменици на македонската средновековна писменост е кирилскиот ракопис на пергамент од првата половина на X век познат како “Македонскиот кирилски лист ( на руски: Македонский кириллический листок) или Хилфердингов лист, уште познат и како Лист на Хафердинг. Ракописот се состои од еден единствен лист откриен од Александар Хилфердинг во 1857 година на Балканот. Место не е познато но се претпоставува дека е во Македонија. „Македонскиот кирилски листок“ се чува во „Библиотеката на Руската академија на науките“ во Санкт Петербург – збирка на И.И. Срезновски, Nо 63, сигн. 24.4.16.
Листот е лошо сочуван - пергамент е тешко оштетен. Претставува извадок од трактат за преведувачка уметност. Авторот е непознат, иако се шпекулира дека е Јован егзарх, Константин-Кирил Филозоф, Методиј, Константин Преславски. За првпат го публикува Илински во 1906 година.
Уште еден споменик на македонската средновековна писменост го носи името македонски листок. Тоа се Рилските глаголички листови или Македонски глаголички листови, кои содржат нецели 8 пергаментни листови и уште 3 фрагменти од глаголичка старославјанска книга од XI век. Текстовите им се дел од “Паренесиса“ (поучување) на свети Ефрем Сарин и од молитви кои се читаат за Великиот пост.
Првите два листови се наоѓаат во Рилскиот манастир во 1845 година од рускиот научник Виктор Григорович. Денес тие се во библиотеката на Руската академија на науките во Санкт-Петербург (Сигнатура 24.4.15, фонд И. И. Срезневски). Подобро зачуваниот од нив е публикуван во 1909 година под името "Македонски глаголически лист" од рускиот научник Г. А. Илински. Во XV или XVI век во полињата му биле додадени на кирилица објаснувања по црковно пеење.
Треба да се напомене дека глаголското писмо или глаголица е најстара позната славјанска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на славјански јазик. Името доаѓа од старославјанскиот збор глаголи, што значи „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“. Кирилицата пак се смета дека е создадена од нивните ученици Св. Климент и Наум.
Инаку, изворните податоци и поновата литература упатуваат дека со македонската државата пред Самуил управувал царот Давид кој бил жив сè до средината на 986 година, а политичкото и црковното седиште се наоѓало во Тријадица (Софија – н.з). Во доцниот среден век под поимот Македонија се подразбирале покрај областите западно од Софија – Сердика, самата Софија и Родопската област. Бугарскиот историчар и палеограф Иван Дујчев (1907 - 1986), чија специјалност се бугарската и византиската средновековна историја го бележи писмото до рускиот цар од 7 декември 1627 година, во кое монашкото братство од Рилскиот манастир запишало дека писмото е пушувано од Македонија. Оттука сосема логично е рускиот научник Илински за пишаните историски славјански споменици од територијата на Македонија, без разлика дали се пишувани на глаголица или кирилица, да ги означи како Македонски, што во овој случај му дава еден континуитет на македонскиот народ и неговиот јазик, од крајот на IX век до XX век. |