Среда, 22 Март 2017   
Кањош Македонович (1)

Македонска нација

pripovijesti

„Македонович (или Мацедович) го победи многу посилниот непријател и покажа дека паметен човек со снажен дух, со идеали и верба во себе може со својата вештина и мудрост да ги надополни сите свои физички недостатоци. Храброста, племенитоста и патриотизмот на обичниот човек кој се спрема да тргне во безпоштедна борба за правата на својот народ, создаваат од него нацинален херој кој од обично секојдневно ниво се издига до легенда.“ – се вели во анализата на расказот „Кањош Македонович“ од Стефан Митров Љубиша.

Расказот „Кањош Македонович“ зборува за сточарското племе Паштровичи во Црна Гора кое наоѓајќи се на „линија на огнот“ во XV век, меѓу Венецијанската Република и Отоманската империја, се обидува да ја зачува својата автономија. Овој расказ  пишуван во XIX век за време на Источната криза, кога народот има потреба од нов Александар Македонски за да го ослободи народот од наметнатиот јарем, укажува дека и малите народи можат успешно да се спротивстават на центрите на моќ и да ги зачуваат своите традиционални вредности.

Денес кога Македонија се наоѓа на „линија на огнот“ и е нападната од центри на моќ кои ги парализираа виталните столбови на македонската држава, расказот за  „Кањош Македонович“ е интересен бидејќи во овој момент единствено кој ја брани македонската држава е обичниот македонски народ. Над 150.000 граѓани во повеќе од 30 града протестираат против обидите за разнебитување на македонската држава. Секојдневно од народот се јавуваат нови јунаци кпј храбро и бескомпромисно застануваат во одбрана на државата. Од тој аспект сметаме дека македонската јавност треба да биде запозната за расказот „Кањош Македонович“

Белешка за писателот

Инаку, не навлегувајќи дали во целата приказна има македонски корени, ќе забележиме дека  авторот на расказот „Кањош Македонович“ Стефан Митров Љубиша (Будва, 28. II 1824 – Виена. 11. XI 1878) е црногорски писател и политичар од племето Паштровичи. Родителите му се Димитар и Ката Брдарева од селото Близикуче, од каде семјството се сели во Будва. Митров рано останал сирак. По смртта на неговиот татко, бидејќи во тоа време нема училиште на народен јазик, се образува во италијанско училиште. Со 19 години работи како административен секретар во Будванската општина, каде секојдневно се среќава со правни акти и го проучува средновековниот статут на Будва. Тој добро се запознава со историјата на градот, правните акти и како адвокат го брани наслението пред судот. Тој објавува повеќе дела кој ги забележува црногорскиот владика и владател Петар Петрович II Његош и го поставува за народен и правен просветник.

Стекнато знаење на Митров го признава и австриската влада која го именува за јавен нотар. Во 1860 година Митров се појавува како пратенички кандидат за парламентот во Виена. Во 1861 година станал член на далматинскиот делегација, која водеше преговори во банската конференција во Загреб. Од 1861 до 1876 година бил делегат на далматинскиот парламент и Кралскиот совет во Виена. Во 1870 година станал претседател на далматинскиот парламент. На ова позиција останал се до 1878 година.

Своите раскази Митров ги пишува во последните 10 години од својот живот (1868 - 1878), иако во помала мера се занимавал и порано. Уште во 1845 година била објавена неговата етнографска белешка за Паштровичи, а во 1851 година напишал некролог за Његош. Митров се стекнува со глас на книжевник со своите раскази, меѓу кои се: „Шчепан Мали“ (1868), „Кањош Мацедоновиќ“ (1870) и др.

Митров како неоспорен книжевен мајстор, се што гледал во народот, го претварал во книжевно дело и така го оставал својот уметнички печат. Сликите  и ликовите во овие раскази живо се прикажани во секоа реченица. Тој во нив го прикажува животот на народот, ги отсликува народните обичаи и настојува да укаже на начинот на кој народот мисли на разните појави во светот и животот, што особено се гледа во расказот „Кањош Мацедонович“.

Авторот опишувајќи ги во своите раскази начинот на живеење, разговори, па дури доблестите и пороците  на неговите сонародници им ги остава на идните поколениата онака како што ги слушнал и ги запомнал од постарите луѓе, бидејќи тие работи под влијание на светот и странците се менуваат и изумираат.

Племето Паштровичи

Инаку, Паштровичи се приморско племе на денешното црногорско приморје, кое се занимавало претежно со сточарство. Најстариот познат спомен е од 1355 година, кога цар Душан го испрал Николица Паштрович во мисија во Дубровник.  Под негово име е познато племето и  Паштривичката општина која се спомнува и во 1377 година. Под притисок на Турците и  Венецијанците, водачите на племињата во 1423 година потпишале договор за вазалство со Венецијанската Република, која во овој период се обидувала да го задржи Солун. Паштровичи и се обрзале дека ќе војуваат за нив на просторот од Скадар до Котор, под услов да им ја остават автономијата и стекнатите права, како и да им овозможат слободна трговија во републиката. Се до поразот на Венеција од Наполен Бонапарта, Паштровичи останаа во Републиката, а потоа прво станаа дел од Илирските провинции, па Хазбуршкото царство.

Меѓу, Паштровичи и Црногорците често доаѓало до судири. Местото каде племињата на Паштровичи се собирале и ја делеа правдата било на плажата Дробни песок, а подоцна на Свети Стефан. Секоја година се избирале четири нови судии и 12 властелини, од секое племе по еден, кои ги воделе, суделе и ги извршувале одлуките во тековната година.   

На овие простори кои долго време биле под јурисдикција на Охридската архиепископија постоела синтагма видните луѓе да се потпишуваат дека се „од предели македонски. Така и во расказот на Митров го сретнуваме легендарниот јунак на Будвани кој отишол да се бори со Фурлан, џиновскиот непријател на венесијанскиот дужд кој се нарекува Кањош Македонович.

Ликот на Кањош Македобович

Во овој расказ низ ликот на Кањош и неговата јуначка борба со страшниот џин, од која со доста среќа тој излегува како победник, епската легенда и реализмот се стопиле во едно. Кањош е опишан како неиделизиран херој, трагокомична појава, која за разлика од силните и непобедени јунаци од епските песни, има човечки особини. Тој е племенит и храбар човек, кој многу го сака својот народ и местото во кое живее. Воден со својата праведност и искрен патриотизам протестирал во име на својот народ поради непочитување  на договорот и храбро се спротивставил на човекот со огромна сила иако не бил ни витез ни професионален мегданџија, туку еден сосема обичен паштровски трговец, со доблести и мани на обичниот човек. Од една страна бил низок и неприметлив на изглед, многу чуствителен и лековерен, но од друга страна истовремено и храбар и бестрашен, оштроумен и многу снаодлив.  Во него се испреплетувале и слабост и сила. Со својот неугледен изглед тој не им влевал доверба на надмената и лажлива венецијанска господа, но сепак и покрај физичката неразвиеност и ситна градба успеа со својата подвижност и снаодливост да го победи опасниот џин и да стане вистински јунак во очите на сите кои ја гледаа таа неправедна борба.

Кањош Македонович го победи многу посилниот непријател и покажа дека паметен човек со снажен дух, со идеали верба во себе може со својата вештина и мудрост да ги надополни сите свои физички недостатоци. Храброста, племенитоста и патриотизмот на обичниот човек кој се спрема да тргне во безпоштедна борба за правата на својот народ, создаваат од него нацинален херој кој од обично секојдневно ниво се издига до легенда. Кањош победи во својата борба и стана национален херој на своите Паштровичи и целата Будва.

Денес, поради спорот со името со Грција и непочитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Македонија е надвор од ЕУ и НАТО, со што е овозможено на центрите на моќ да го загрозат опстанокот на државата. Македонскиот народ во одбрана на нападнатата татковина е востанат и го започна својот четврти Илинден иако се бори со многу посилен непријател. Затоа во продолжение да проследиме делови од расказот „Кањош Македонович“.

(продолжува)

(извор: http://www.montenegrina.net/pages/pages1/knjizevnost/kanjos_macedonovic_st_m_ljubisa.htm)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.