Среда, 12 Април 2017   
Кањош Македонович на магдан со Фурлан

kanjos-makedonovic

Во вредностите на Западот, уште од времето на „Латините“ е втемелаена измамата, па затоа ni Венецијанците не го почитуваат договорот со Кањош Македонович и набрзо истиот го вртат во своја корист. Паштровската приказна од XV век за Кањпош треба да биде добра поука и за македонскиот народ кој во својата чесност многу му верува на ветувањата на Западот.

Во овој расказ преку ликот на Кањош Мацедонович и неговата херојски борба со страшниот џин Фурлан (од Фирланија – Јулиска Краина) епската легенда и реализмот се споени во едно, како борба меѓу Давид и Голијат. Од оваа борба, нашиот jунак Македович со својата способност и итрина ќе излезе како победник. Истовремено, тој на западниот свет му ги преставува вистинските вредности на народот на Македонович.

Кањош Македонович, како и Крале Марко, во продолжение на паштровската приказна излегува на мегдан и ни покажува како се носи и чува честа на еден народ:

Паштровската приказна од XV век – „Кањош Македонович“ (4)

„Венецијанците му дадоа придружник (на Кањош Мацедонович – н.з) за да го однесе на магдан  со Фурлан и да му покаже каде ќе биде погребан.

„ Сонцето веќе беше се појавило на небото кога кога стигнаа на брегот. – „Таму ти е мегданџијата“, рече придружникот , „на тоа острвче, па ове ти го чамецот и оди сам“. На тоа Кањош му вели: „Ајде со мене. Пренесиме на островот. Ќе ти дадам плата, а биди ми и девер“.

„Не сум јас ненаситен, нити ми е до слава, нити пак животот ми омрзнат!“ – одговори придржникот и побегна...

Остана Кањош сам. – Сега што ќе правам! Можев да си седам дома како господин. Ме донесе некој грев овде залудно да загинам. Ајде де, да е за некој што вреди, но за овие страшливи и надуени никаквеци. Одам во конакот, па утре повторно пред судиите и нека ми дадат придружник, кој доколку загинам да ми го знае гробот, а вака само можам лудо да пропаднам пред мегданот...“

За тоа време од островчето доплови чамец и застана на брегот.  Се појави Фурлан со меч во појасот, ставил “вучетина“ (јуначка капа од волчја кожа со пердув) и му вели на Кањош: „Што бараш тука, лоша ти среќа! Кој си ти?“

„Јас сум“, рече Кањош, „ шампион на Дуждот, туку кажи ми каде ќе се бориме?

„Не терај мајтап, туку кажи ми кој си“, викна Фурлан.

„Набрзо ќе знаеш кој сум“, одговори Кањош, „туку ајде да се бориме, немам време за губење.“ Се фати за мечот и зачкрипи со забите.

Двајцата влегоа секој во својот чамец и ја дофатија крмата. Кога стигнаа на островчето, скокнаа двајцата јунаци на брегот, а Кањош го оттурна својот чамец од брегот. „Што правиш“, викна Фурлан, „зошто го пушти својот чамец, дали си при себе?

„Не ни требаат два“, одговори Кањош Мацедонович. „Јас ќе се вратам со твојот, а тебе не ти требе веќе ни чамец ни коњ. Ти својата чаша ја испи“.

Се исплаши Фурлан, па почна да раскажува колку јунаци победил и ги убил. На тоа Кањош му возврати: „Молчи р’ѓо. Ти уште немаш видено јунак, а не пак да го убиеш, туку фрли го мечот и да ти ги врзам рацете од назад, па да те водам кај Дуждот и да се смилува кога таков ќе види.“

„ Ајде откажи се од оваа зло и мегдан“, додаде Фурлан „и дојди под мојот шатор да ручаме. Верувај ми, непознат јуначе, дека за тој Дужд за кој си решен да загинеш, подеднакво ни е душман и мене и тебе. Сепак те жалам, кој ѓавол те натера да дојдеш за да ти ја испијам таа нерасипана крв.“

„Немој да ме жалиш“, викна Кањош, откако го извлече мачот од кориците и го нападна Фурлан. Тој го одби ударот... Кањош нападна по втор и трет пат, но Фурлан вешто ги одбиваше нападите. Кањош вешто маневрирајќи го заврти Фурлан кон сонцето. Нападна Фурлан на чисто, но Кањош вешто го избегна ударот. Додека Фурлан се обиде по втор пат да нападне, Кањош го фати и го прободе со мачот во левата града кон десната лопатка. Падна Фурлан и од него почна да тече крв како вол да си заклал. Кањош му го зеде прстенот, му откопча ременот со мечот и го остави да издише. Се качи во чамецот и дојде на брегот каде се собраа речиси сите жени во Венеција. Додека си отвараше пат кон конакот за да се одмори, жените го пратеа со песна и веслба. „Потешко ми беше со жените“, раскажуваше подоцна Кањош, „отколку Фурлан со неговиот меч“.

Се разнесе глас како молња дека Фурлан загина. Некој раскажуваше дека му ја видел главата, некој срцето, некој ја опишуваше борбата како со свои очи да ја гледал, додека стотина го опколиле за да го слушнат. Зазвонија ѕвоната во сите цркви, започнаа свирки и тапани, се осветли градот за да се гледа како сред бел ден, а народот во големи групи од сите страни се движеа кон големата црква за да му заблагодари на Бога што градот се ослободи од таква страшна напаст.     

... Околу триста луѓе облечена во иста носија, а зад нив толпа народ со светилки дојдоа пред куќата на Кањош и го пренесоа со златна носилка во Дуждовиот двор, каде цела ноќ траела веселбата. Дуждот и благородниците го испрашуваа за борбата со Фурлан, а Кањош кој ги донесе со себе мечот и прстенот на Фурлан му ги поклони на Дуждот. – „Еве ти ги честити Дужду,  обележјата кои ги одзедов од мртвиот одметник. Вака секој твој непријател да заврши и на море и на копно, како што заврши денес овој Фурлан“. – Откако Кањош тоа го кажа, дуждот го загрли и го бакна на сред чело.

Другот ден на пладне, дуждот со благородниците појде во Свети Марко за да изразат благодарност. За да нив имаше непрегледна маса. Црквата беше украсена како за време на најголем празник. За Кањош беше определено издвоено место и издигнато покрај дуждот, а црквата се исполнила толку многу со народ за да не можат ни да мрднат.

По божјата служба, појде Кањош со благородниците и приддружбата во големата сала, каде што дуждот круната ја прима. Сводот беше со позлата извезен, мермерните столбови со златна жица беа опточени, столиците од кадифе имаа бисерни украси, а дуждовиот престол од слонова коска со лавор беше накитен. Седна дуждот на престолот и почна да зборува италијански.  Кога престана дуждот, еден од благородниците му ги преведе дуждовите зборови полни со мед и благодарност за него и општината која го испратила. – „Сега“, рече преведувачот, „еве ја отворивме ризницата  со златото на Свети Марко, оди и земи колку што сакаш и што самиот заповедаш.“ Пристапи Кањош до железниот ковчег со три катанци, кој беше полн со златни дукати. Го погледа Кањош златото, се подсмевна и извади од кесето свој дукат и го фрли во ковчегот. – „Што правиш?“ – викна зачудениот преведувач. – А Кањош му вели: „Ако од овој ковчег се вади а не се става, тогаш оваа злато брзо ќе исчезне и брзо дното ќе го видете. “

Малку потоа, овој благородник му рече на Кањош дека би му било мило на дуждот со него да се освати и дека со радост ќе ми ја даде раката на ќерката единица за жена.“

„Ви благодарам“ рече Кањош, „на таква племенита понуда. Но, во нашата општина традиционален обичај е секој да се жени во своето јато и така ја чуваме честа на нашите сестри.“

„А да побараш, вели дуждот, каков дар!“

„Барам“, викна Кањош, „да не ни земате ни царина ни морнари, да стоите поштено на договорот кој го договоривме (при пристапувањето кон Венецијанската Република – н.з.) и како гаранција да се вика со името на нашиот народ оној брег во Венеција каде што се истовара нашата трговска стока. Друг дар ниту барам, ниту примам.“

Нареди сенатот тоа место за секогаш да се вика Славјански брег (La riva degli Slavoni), и пропиша дека на тоа место се истовараат и распродаваат славјански производи без царина. Но тие наредби и тие прописи траеле кратко. Името на плоштадот Венецијанците го смениле ниско и подло - Riva dei schiavoni, а малку по малку воведена е царина и почнаа да земаат морнари, не водејќи сметка за дадениот збор на Кањош...“

Во овој последен дел во кој е опишан мегданот на Мацедонович, паштровската приказна достигнува кулминација. На мегдан излегуваат двајца преставници на Паштровичи и  Фурланија кои всушност имаат заеднички непријател во Венеција. Венецијанците ја користат гордоста на Мацедонович за да го изиграат и да не ги платат неговите услуги, нудејќи пари и ќерката на дуждот на понижувачки и неприфатлив начин. Согледувајќи дека во основата на светот на Венеција се моќта и парите, а не како во неговиот каде честа и почитувањето на договореното се светиња, тој не ја прифаќа нивната понуда и бара безцаринска зона. Едноставно неговиот живот нема цена, ниту може да се плати. 

Во вредностите на Западот, уште од времето на „Латините“ е втемелаена измамата, па затоа Венецијанците не го почитуваат договорот со Кањош Македонович и набрзо истиот го вртат во своја корист. Паштровската приказна од XV век треба да биде добра поука и за македонскиот народ кој во својата чесност многу му верува на ветувањата на Западот.

(крај)

(извор: http://www.montenegrina.net/pages/pages1/knjizevnost/kanjos_macedonovic_st_m_ljubisa.htm)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.