|
|
Ѓорге Иванов идеен творец на макетите МИГ 29 |
Во 1999 год. НАТО изврши бомбардирање врз СР Југославија (Операција „Сојузничка сила“) без согласност од ОН и американскиот конгрес. Воената операција на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Предводени од САД, чиј претседател Бил Клинтон реагирал неуставно според американските закони, членките на НАТО алијансата извршија напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите кои се одвиваа без прекин 78 дена, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Точниот број на жртвите нијогаш не утврден. Бројот на цивилни жртви се смета на околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари. На нападот на надмоќната НАТО алијанаса се спротистави бројно помалата и послабо вооружена армија на СР Југославија, во чии редови сеуште имаше останато Македонци уште од времето на ЈНА. Во неможност соодветно да се спротивстави на технички посупериорната алијанса, припадниците на армијата на СРЈ се служеа со разни итрини. Меѓудругото тие прават и макети на авионите МИГ 29, со што го надмудруваат НАТО. Идеен творец на макетите на МИГ 29 е пилотот на 204 авијациски полк на армијата на СР Југославија Ѓорге Иванов, роден во Струмица. Неговите макети на МИГ 29 преставуваат цел на нападите на Алијансата, со што се намалуваат загубите на военото воздухопловство на армијата на СР Југославија. Иванов кој идејата ја добил за време на бомбардирањето додека се наоѓал во засолниште ќе изјави: „Од детонациите практично, бидејќи бевме близу до аеродромот, се поместувавме сите кои бевме во засолниште. Тоа беа поместувања од 15 до 20 сантиметри, како во некој земјотрес. Во тој момент на секој од нас му поминуваше животот како на филмска лента. Пред мене тогаш ми се појави слика кога како дете со некои 9 години колку што имав правев за карневалот во Струмица, макета на тројански коњ. Се сетив на филмот Троја и реков дека тројанскиот коњ би било убаво да го применам и во оваа војна. На сите им беше чудно, а мајорот помисли да не збудалев од детонациите и друго - Какви сега црни макети, кога на големо започна војната, кога треба да се лета, а не сега да правиме македти!? Старешините биле скептични према идејата. Тие сметале дека во тој момент не е можно со постоечките луѓе од аеродромот да се реализира таа идеја. Сепак дозволиле и набрзо Иванов почнал да работи да ја спроведе замислата во пракса. Некаде на почетокот на април макетата на авионот беше готова За првата макета било потребно околу 23 дена. Ова време било потребно да се направи шема, скица, а потоа да се надминат проблемите за свиткување, хептање, заварување на материјалот, мала врата низ кој не можеа да поминат крилата на авионот и т.н. Сепак по месец дена од на нападот на НАТО, макетата била однесена на просторот на 127 ловачка ескадрила, каде иначе биле стационирани МИГ 29. При посетата на командантот и Иванов на останатите авиони, кога дошол до макетата на 20 метри застанал и му рекол на Иванов зошто ова 29 – ка не е вооружана. На тоа Иванов му одговорил дека нема потреба, бидејќи тоа е макетата. Како што бил измамен командантот, така биле измамени и пилотите на НАТО алијансата, кои набрзо со ракета ја погодиле макетата. Таа прва пилот макета беше уништена брзо, речиси експресно. За следните макети било потребно време од 7 до 3 дена. Со секоја нова макетата рокот за изработка се намалувал бидејќи ги имале потребните мерки, а екипата стаала ходана. За време на војната биле изградени шест макети, а со усовршувањето можело да се направат 60 или сто. Заради илустрација колку овие макети значеле за зачувување на преостанатите МИГ 29, говори фактот дека се сочувани толку авиони колку што биле направени макети, односно колку што беле уништени макети. Сето тоа укажува дека НАТО алијансата точно знаела колку авиони има СР Југославија и дека ги броела сите уништени авиони, без разлика дали се уништени во воздух или на земја. И кога дошле до бројот 16, МИГ 29 повеќе била примарна цел. Војната на Косово заврши со Резолуцијата 1244 по која СР Југославија привремено го предала суверенитетот над Косово и Метохија на Мисијата на ОН на Косово. Од тогаш измина многу време и многумина кои учествувале во војната за Косово се повлекле од армијата на СР Југославија. Многумина од нив најдоа ново хоби или занимања, а пилотот Ѓорѓе Иванов се посвети на семејството и сликарството. Реализирал повеќе изложби. |