Среда, 03 Мај 2017   
Доверлив извештај №54 на Сребрен Поппетров за областа Малесија (2)

Srebren Poppetrov

Сребрен Поппетров како главен бугарски инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија, во периодот 1928 - 1931 година редовно испраќа до надлежното министерство извешатаи за бројноста, битот и карактерот на македонските христијани и муслимани во Голо Брдо, Поле (Дебарска Котлина) и Гора. Иако Македонец по потекло (роден во Леринското село Горно Врбени или Екши Су, тој како службеник на Бугарија, во своите извештаи Македонците од Албанија ги претставува како Бугари.  Во продолжение  на дел од корегираниот доверлив узвештај бр. 54 од 14 август 1930 година од Тирана испратен до министер на Бугарија, Сребрен Поппетров за состојбата со Македонците во Поле и Голо Брдо во минатиот век ќе забележи:   


„Месноста Поле се состои од селата: 1) Клабучишта 70 куќи, исламизирани Албанци; 2) Горно Крчишта 42, 1/2 православни Македонци;  3) Долно Крчишта 60 куќи, исламизирани Албанци 4) Макеларе (само 1 куќа 50 куќа, Македонци - зачувана црква); 5) Почести 90 куќи. 6) Обоки (зачувана црква) 40; 7) Кочишта 70; 8) Ковачица 50; 9) Курт бег 60; 10) Алај Беглија 80; 11) Војник 40; 12) Орбеле 1/2 Македонси православни 60 1/2 (зачувана црква); 13) Нережад 40: 14) Горно Блато 35; 15) Долно ... 25; 16) Довољани 50 македонски куќи (зачувана црква); 17) Граждани 40; 18) Опинари 40; 19) Еребари 35; 20) Ченка 40; 21) Пишкупија неколку македонски 120;  Вкупно 21 село со околу 1140 куќи - одвај 6.000 луѓе. Во старо време 156 куќи Македонци - 750 лица.

Сите овие села за време на доаѓањето на Турците биле населени само со чисти православни (Македонци – н.з). Но Турците ги уништиле, ги опожареле и населението речиси го уништиле, додека нивните имоти ги разделиле на исламизираните Албанци. При поволни услови поголемит дел од (македонското – н.з) население се вратило и се помирило со ситуацијата - да живее меѓу Албанците.

Во време на Егзархијата имало (Македонци – н.з) во селата: 1) Горно Крчишта, 2) Долно Крчишта 3) Макеларе, 4) Обоки, 5) Орбеле и 6) Девољани. Во овие села тогаш имало (егзархиски – н.з.) цркви и училишта, поддржани од населението и Егзархијата. Сега останаа (Македонците – н.з.) само во Горно Крчишта, Орбеле и по некоја куќа - тука-таму неиселена. Целото друго население се исламизирани Албанци. Зградите на училиштата и црквите и до денес се сочувани во селата: Г. Крчишта, Орбеле, Макеларе и Обоки, бидејќи во Макеларе и Обоки до последните години беа останати по неколку (македонски – н.з) куќи. Целото албанско население во градот Дебар и во Поле зборува (македонски – н.з), иако го смета албанскиот за мајчин јазик.


Муслиманите од овие села се нарекуваат Малесорци. Тие заедно со Љумјаните и Мирдитите земале живо и масовно учество во инвазиите и грабеж на блиски и далечни христијански села, како  и во походите за опустошувања за време на војна на Турција со Русија, со Грција, со Бугарија и при задушувањето на христијанските востанија. Со векови биле полни господари на имотот, животот и честа на (македонските – н.з.) христијани по споменатите села и околните околии. Помеѓу нив секогаш имало привилегирани од турските султани, паши, бегове и главатари посветени на турската политика. Нивните првенци-главатари и денес се на државна слубжа. Околу бајрактарите ​​има сејмени, кои поддржани од првите одат вооружени и се сметаат за власт. Останатото население почнува да се приучва на работата.

Тоа албанско исламизирано население со своето неограничено самоволие станало главна причина за иселување на христијанското (македонско – н.з.) население и од последниот век дури до денес да бара друго место за живот и да се празнат родните села. И сега не само што таму албанската влада го попречува опстанокот на (македонското – н.з) население, да има свои цркви и училишта, туку тоа го прават и бајрактарите и самото исламизирано албанско население. Има бајрактари во служба на Србија и српската политика. Некои од нив, кои станаа познати со своите имиња, избегале во Дебар и од таму дејствуваат против (Македонците н.з). Има бајрактари и сејмени, кои, иако живеат во Албанија, тајно дејствуваат во корист на Србија и доста демонстративно се закануваат на ретките (Македонци – н.з) кои останале по родните села. За жал, во таа месност има и малодушни (Македонци – н.з.), кои, за да не го изгубат правото да одат на пазар во Дебар и наклоноста на некои силни на денот (во албанските и србските граници), се противат на добродушното селско население од таа месност да бара народни права. Поради тие причини (Македонците – н.з.) од Поле уште не поднеле барања за народни права - за учење на мајчин јазик и богослужба. Поради малодушност и поразеното село Врбница од Голо Брдо побара пред три години србски свештеник и на два пати побара албански за две локации, за да не остане ред да се побара бугарски свештеник. Само селото Клење од Голо Брдо побара егзархиски свештеник и народни права, но не се успеа да се задоволат нивните барања. Другите села од Поле и од Голо Брдо, откако гледаат дека Владата намерно молчи и слушајќи ги заканите на разни бајрактари, не поднесуваат барања. Србскиот свештеник на времето бил истеран и бидејќи албанските свештеници не можеа да се задржат, откако го почуствуваа пасивниот отпор на населението, си заминаа, и сега уште во тие две области нема никаков свештеник. Покрај другите причини и оваа околност ги натера многумина (Македонци - н.з.) да ги напуштаат своите родни огништа и да се преселат во Скопје, Софија и на друго место. Нивните Софиски браќа, кои се организирани во братства и кои многу вешто парадираа како "патриоти", се покажаа сосема бесчувствителни кон духовните потреби и народносната копнеж на своите браќа. Тие не само што не го покренуваат прашањето за народните права во родните села, не само што не пишуваат на своите блиски, дека е потребно да побараат такви права, туку и не испраќаат ни календарчиња, буквари, читанки и други книги за своите блиски, иако ветија пред мене и пред националниот Комитет минатата година да го сторат тоа. Ти не го направија тоа иако беа потсетени со укор дека не ги исполнија своите ветувања и наједноставниот долг кон своите блиски. Жално е дека оние (Македонци – н.з.) од Дебарско кои се бореа за родните цркви и училишта во Солун, Скопје и на други место, едно време  се наследени од синови и внуци, кои не размислуваат за своите родни места и еднокрвни браќа, иако последните наивно и со солзи на очи ги простираат рацете кон нив за родна книга. Уште пожално е дека неколку локални Македонци, морални отпадници, ја користат ова трагична положба на стадо без овчари, да се подбиваат со најскриените чувства на останатото локално население и ја играат улогата на Јуда..... (Некои) "пријателски" се погрижија да ми објаснат за да не одам по нивните места ", бидејќи Србите презеле мерки преку поткупените бајрактари или да ме убијат, или да ме вратат назад во Тирана, без да ми дозволат да ги посетам тие места".

Во Мала Грика и Голема Грика сега нема ниту еден (Македонец – н.з), но по сите села има голем број од стари христијански цркви. Тие две планински грла се поврзуваат по козји патеки од Дебар кон внатрешноста на Албанија - кон Мат, Круја и Тирана. На крајот од Голема Грика е јазолот и границата меѓу Дебар и овие три града. Турците уште од прво време ги расчистиле овие премини од христијанското (македонско – н.з) население. Останати се само имињата на (македонските – н.з) села, планини и реки : 1) Мала Грика, 2) Голема Грика 3) Селишта планина, 4) Видозвезда – планина и река, 5) с. с. а) Булчица, б) Сопот, в) Сафричани, г) Читат, д) Стрелча, е) Булчица и др. места. И двете овие локации се тешко пристапни и одвај проодни. Целото население во нив е чисто албанско и не знае друг јазик, освен албански - дури и турскиот јазик во нив е непознат, бидејќи никој од нив не одел турски војник, не плаќал данок за Турција. Кога оделе да ги бараат за војници, тие ги земале пушките и оделе во шума. Сами тоа со гордост ми раскажуваа на средбите.

Со оваа турнеја заврши речиси целата посета на деловите од Албанија, каде што имаме народни интереси. Така непосетена област останува само Гора, која се наоѓа на северозападната гранка на Шар Планина. За да се посети и таа област, треба да се оди со аероплан донекаде и потоа пак пеш и на коњ до непристапни планини и по козји патеки.

Гора ја има судбината на Дебарската област - поделена е на два дела - половина останала во Србија (кон Тетово), а другата половина во Албанија (кон Призрен). И едниот и другиот дел на Гора се населени со чисто (македонско – н.з) население – исламизирано уште на времето од Турците и не само исламизирано, туку и обиколено од сите земји од лутото албанско-исламизирано племе - Љумјани. Само на запад се граничи со Љума, но од последната се префрлиле Љумјани и кон Тетово на патот за Призрен. Низ дел од Љума треба да се помине за да се отиде од Дебар кон Гора.


Гора сум ја проучувал и во училишната 1898/9 година како околиски училищен инспектор во Тетово, и во текот на учебната 1916/17 година кога бев окружен училищен инспектор на Скопскиот и Тетовскскиот округ, но пак така без да можам да ја посетам.


Делот на Гора во Албанија се состои од селата: 1) Шишковец 200 куќи; 2) Ново Село 170; 3) Борје 130;  4) Орешец 40; 5) Црничево 60; 6) Орчишта 80; 7) Пакиша 50; 8) Запад 80;  9) Очикле 40; 10) Ороста 100; 11) Полјан 30; 12) Прекино 30; 13) Мреново 20; 14) Коловор 40; 15) Нивча 70; 16) Бела 30; 17) Љојма 60; 17 села со население околу 20 000 души, 1/2 од кое кон Тетово чисто исламизирани (Македонци – н.з), другата половина кон Љума исламизирани Албанци.


Десетте први села се чисто (македонски – н.з) по јазик, по природа, по обичаи и по сето населението во нив е како она во Голо Брдо, Дебарско. Разликата меѓу нив е дека во Гора се подвижни, одат по странство, се поразвиени и комуникациски. Бозаџиите низ целиот Балкански Полуостров се од Гора. Од нив има готвачи, слаткари, млекари, алваџии, бурекчии и др. По војните - особено откако се ослободи Албанија, тие ги имаат преплавено сите градови во последната државичка. Овие од Голо Брдо не оделе и не одат никаде во странство. Од овие Горани кои оделе во Бугарија, многумина бараат и им се даваат да читаат весници и книги. Причината за да одат во странство се: во малку места многу население и земјата им е малку плодна.  И од двете места овие (Македонци – н.з.) се многу пословични. Толку многу сакаат да зборуваат на мајчиниот јазик – (македонски – н.з). Доколку во меѓусебен разговор, некој од мажите почне да зборува на турски или албански, другиот ведна го пресекува: "остави го овој свински јазик, зборувај си нашински, како што дал Господ“.

И христијанството кај нив сеуште  сосема не исчезнало, бидејќи жените тајно, а некаде и јавно пред мажите одат масовно до уништените цркви или во црквите каде што ги има, а по манастирите  палат свеќи и се молат на христијанските светци. Секое семејство од нив и некои исламизирани Албанци имаат по еден христијанин (Македонец – н.з.) кум кој ги пострижува исечени во крос влакната од главата на нивните деца и кого го почитуваат повеќе од било кој оџа, кој би ги обрезал. Значи не е изгубена надежта. Ако се вложат соодветни културни грижи и постојан труд, голем дел од исламизираните (Македонци - н.з. и Албанци) можат да се вратат пак во пазувите на христијанството. Тогаш подобри и позачувани (Македонци – н.з) од тие во Гора и Голо Брдо ќе нема никаде, бидејќи сега поради религијата се нарекуваат Турци, иако со ништо не можат да се сокријат дека се (Македонци – н.з).“

Од овој извештај на Сребрен Поппетров од триесетите години на минатиот век се гледа грозниот и трагичен процес на стеснување на македонската земја и на отцепувањето, односно на  откинувањето од целиот наш народ на големи негови делови - во Грција, Србија, Бугарија и Албанија... "Доста!" е на процесот на распаѓање, на раздробување, на разединување и разграбување на македонскиот народ.

Треба неговата интелигенција да истражува и да најде сили, средства и начини за да стават крај на овој досегашен понижувачки и сосепителен процес. Потребен е нов почеток на обновување и враќање на сите изгубени и расфрлани Македонци, каде и да се тие. Потребно е да се знаат расфрланите и преживеаните делови и да се обединат културно додека не се исчезнати конечно. Тогаш преживеаните од македонскиот народ, организиран културно и духовно, ќе има можност да бараат сметка за изгубените и полуизгубени  Македонци. Ништо во Природата не треба да се губи и треба изгубеното да се бара. Бог го создал македонскиот народ со способности и квалитети за друга судбина од таа која ја има. Македонецот не извршил злосторства, за да се смета дека сегашната судбина е Божја казна. И да беше Божја казна, македонскиот народ досега сто пати би се откупил од досегашните маки, тешкотии и жртви.

(крај)

( извор: Сребрен Поппетров Ин[спектор] и Орг[анизатор] по Ц[рковно] уч[илишното] дело во Албанија, ЦДА, ф. 166 к, оп. 1 a. д. 186, л. 105-111. Оргинале ракопис.)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.