Среда, 24 Мај 2017   
Леток „до сите Македонци без разлика на вера, народност и политичка припадност“

letok1939

„Није, македонските синој, одкако настанавме се бориме за тија идеали по стапката на нашите борци во миналото оти и нашата земја и нашиот народ имајат право на човешки живот, на признане на нашата индивидуалност, култура, историја, јазик ке се шо не одликува од другите народи.“ – пишува во летокот на Македонците кој не е датиран, а кој според Управата на полицијата може да се заклучи  дека е пишуван кон крајот на 1939 година.

Во пресрет на Втората светска војна дојде до заострување на општествено-економските и националните спротивности кои доведоа до зголемено незадоволство од целокупната внатрешна и надворешна политика на тогашната југословенска влада. Со претекст дека Стојадиновиќевата влада е пречка за решавање на хрватското прашање, дојде до политичка криза и оставка на неколку министри и уривање на владата. На 4 февруари 1939 година Драгиша Цветковиќ, дотогашниот министер за социјална политика, образува нова влада со главна задача да постигне спогодба со водачите на Селанската демократска коалиција.

Преземањето на државното кормило од владата на Д. Цветковиќ падна во времето на новите завојувања на фашистичките држави во Европа. Газејќи ги поранешните свои договори и ветувања, нацистичка Германија, во март 1939 година, ја окупира Чехословачка, а италијанските фашистички трупи, во април 1939 година, ја прегазија Албанија. По срамната капитулантска спогодба во Минхен и окупацијата на Чехословачка се поотворени беа завојувачки намери на фашистите спрема Балканот и Македонија.

Избувнувањето на Втората светска војна, која започна со нападот на Германија врз Полска, на 1 септември 1939 година, и стапувањето на Англија и Франција во војна против Германија, имаше огромно влијание врз натамошниот развиток на положбата и односите во Југославија,

Владата Цветковиќ-Мачек со низа реакционерни мерки настојуваше товарот на стопанските тешкотии да го префрли врз грбот на работните маси и да го задуши нивниот отпор. Насилбите и реакционерните мерки на профашистичкиот режим беа особено тешки во Македонија, но сепак не можеа да го скршат борбениот дух на народните маси.

Главните усилби на прогресивните сили беа насочени кон тоа да се спречи вовлекувањето на Југославија во војната и нејзиното врзување за кој и да било од војувачките империјалистички блокови, а на народните маси да им се осигури леб, мир и слобода. ЦК на КПЈ во пролетта 1939 година издаде посебен документ „КПЈ и македонското национално прашање", во кој се напаѓаа оние коишто не можеле да го сфатат „не само балканското, туку и европското значење на македонското национално прашање", како и фактот дека „Македонците се една посебна нација на Балканот (ни Грци, ни Бугари, ни Срби)".

Паролите и акциите на КПЈ за вклучување на масите во борбата против фашизмот, како и за ангажирањето на МАНАПО и на другите напредни елементи за извојување на општодемократски и национални права придонесоа за поенергичното поставање на македонското прашање на дневен ред и за спротивставување и разобличување на шовинистичките настојувања за одречување на македонската нација.

Во услови кога се зголемуваа напорите на фашистите со манипулација на македонското прашање да ги вовлечат балканските народи во воениот пожар и да ги покорат, Балканот да го направат плацдарм за натамошна експанзија кон Исток, а Македонија да биде јаболко на раздор и арена на судири за туѓи сметки, прогресивните сили ја засилија пропагандата во која укажуваа на опасноста од меѓусебен колеж и братоубиствена војна заради нова поделба и распарчување на Македонија што неизбежно ќе има за последица губење на независноста на сите нив и нивно паѓање под јарем на фашистичките агресори и империјалистите.

Прогресивните сили во Македонија кон крајот на 1939 година издадоа леток „до сите Македонци без разлика на вера, народност и политичка припадност“ во кој се вели:

„Драги пријатели, (во) 1918 год. сите народи викаја: „Доста војна, доста клање, није народите нема веке да дозволиме да дојди до војна. Многу арно знаеме оти није сме жртви на војната.

Но во Европа пак беснее војна. Војна со сите свои тешки и крвави последици. Војна во која гинат млади луѓе на хиљади секој ден, не за слобода национална и социјална, не за поарен живот на сите народи, туку гинат во војна - каква беше и мината - за интересите на големите капиталисти - големите чорбаџии - гинат како жртва на борбата меѓу два блока који се крваат за господството на светот, за превласт на едни чорбаџији над други.

Зашто дојде до војнава и кој е крив за таја?

Денешниот строј во светот доведе до овој крвав хаос (бркотија). Уште во мировните уговори - Версајски и другите - до Световната војна, е искрата и причинава на денешнава војна. Неправдите од таму започнаа, но требаше да поминат 20 години и капиталистичките земји да се удрат наново за делба на светот.

Последните години Германија помагана од Балдвиновци (Стенли Балдвин, 1867-1947) Чембрленовци (Артур Невил Чемберлен, претседател на британската влада, 1869-1940),  стана јака војничка држава. Истите го донесоа Хитлера на власт за да е уништи слободата на германскиот народ, преку која ќе ја извојуваше првата демократија. Целта нивна беше да ја управат Хитлерова Германија против Советскиот Сојуз и на тој начин незадоволството на Германија таму да се свали, да ослабат и двата противника на англичаните властодршци а таја како посредник меѓу ним да си запази својето господство и капиталистичкијот строј. За това, се дури Хитлер не и загрози основните интереси на англиската империја таја една по една земја пушташе да станат плен на Хитлера и ако пред светот сакаше да игра ролата на некаква заштитница на малите народи. Заради таја и таква политика на англиските империјалисти си ја загуби слободата Австрија, храбријот испански народ, шо се бореше со незабележано до денеска геројство, за тоа пропадна и Чехословакија.Тије го трпеја Хитлера и неговите грабежи со надежда и цел оти еден ден ке го сукобат со Советски Сојуз и ке ја растоварат војната на тија две држави.

Но, што гледаме во последните сабитија. Кога стана војната заради Полска, Г. Чембрлен и Даладје не можеја да останат по страна, оти това би значело крај на нивната сила во Европа, заради това влегова во војна. Није видовме каква беше француската и англиската помош на Полска - убави думи и ништо повеке.

Но, ова војна донесе и друго нешто. Надежтите на Чембрленовци да го уплетат и Совјетскиот Сојуз се изјаловија. Русија ги прозре тија намеренија, виде уште, на време, во преговорите меѓу неја и Англија и Франција какво добро и мислат тија - и склопи пакт за ненападање со Германија, и на тој начин осигури свој народ и други мали народи од страхотиите од војнава. Сем това и ослободи од тиранството на полските властодржци, Белорусија и Украјна и им донесе леб, мир и слобода - на селаните земји, на работниците фабрики - и му створи школи на мајчин јазик.

Со тој развој на сабитијата денеска ова војна стана војна на два капиталистички блока, војна во која сите мирољубиви, истински демократски држави и народи немат шо да сакат и немат зошто да гинат. За това није го поздравуваме ставот на сите оније држави и народи кој сакаат да останат на страна од денешната убиствена и безцелна војна.

Вакво меѓународно политичко положеније имало свој одговор во внатрешното положеније на Југославија. Пред опасноста од надвор и под стегата на демократската набујала борба почнаја преговорите за преуреждане на Југославија. Дојде и до споразум Цветковик-Мачек (Потпишан август 1939 год), до споразум кој е напрајн од страна на големите српски чорбаџији со намера да ги расцепи народните маси Српски и Хрватски - кој се боре за демократизација, и по натаки да го уништи јединството на сите народи во Југославија кој се бореле и бора за полна равноправност.

По тој споразум Хрватска добива бановина со сите права на една федеративна единица. Ние немаме ништо против това шо Хрватите дојдова до својите права, но дигаме глас за преуреждане на целата Југославија и за решење на сите впроси шо чекат нерешени и запоставени. Во Југославија не постој само хрватско питање. До сега народите во Југославија не се бореја за решење само на това питање. Народите во Југославија се бореја за решење на сите национални впроси и за полна демократизација на земјава.

Није, македонските синој, одкако настанавме се бориме за тија идеали по стапката на нашите борци во миналото оти и нашата земја и нашиот народ имајат право на човешки живот, на признане на нашата индивидуалност, култура, историја, јазик ке се шо не одликува од другите народи.

Со овакво еднострано и делемично решение на проблемите што ја тишта Југославија не може да се дојди до мир, спокојство и еднодушије во оваја земја. Затова није денеска дигаме глас за признание на правата и на Македонците да и они еднаш станат домакини во својата кука; дигаме глас за равноправије во оваја земја, за вракане (ма да никогаш сне немале - није - слобода) на народите слобода шо представљава се заједно основните услови за мир и напредак во една држава.

Македонскијо народ со својата револуционерна историја, со својте преку до иљада жртви е првоборец за човешки права и одамна е спечалил право да биде и тој слободен и срекен. Македонскијо народ иако е бил заточеник на најсветли идеали и ако е имал синој героји, како Гоце Делчев, Горче Петров, Пере Тошев, Карев, Јане Сандански и хиљади и хиљади други героји, и ако го има со крвави букви исписано во својата историја Крушовското востаније, ни до денеска, не је слободен и задоволен. Денеска, пак, во моменто кога се наново разгледат сите тије нерешени впроси, кога треба да се избришат сите неправди, не смеј да се пропусне да им се на Македонците дадат онија права за кој тија во (со) векови борби воделе. Не треба да се затвори очите пред стварноста и затова није излевајки со ова писмо пред нашијат народ во исто време излеваме пред сета јавност а опоменуваме ги сите совести.

Македонци сметавме да ни е должност денеска да ви речеме шо мислиме сметавме, како ваши синој да е време да ви кажеме да треба сите да бидеме чврсто сједињени за својте права и поарен човешки живот.

Вије е знајете нашата борба од 5 мај 1935 год. на ваму. Бореиќи се во опозиционијо блок за слобода и демократија. Немајки взможности да имаме своја сопствена странка нија бевме принудени да работиме под името на други странки. Заради това није и на последните избори од 11 дец. 1938 год. излеговме во сарадња со земјоделците. Денеска, пак, неје векје време да се кријеме под името на оваја или онаја српска граѓанска странка од кој ниједна неје прихвана искрено и предано нашата борба туку од нашата помош си правеја партиска сметка. Неможејки да најдиме искрен сотрудник ни во една српска граѓанска партија није од денеска почнуваме да работиме сами за остварење на нашата борба. Није со граѓанска партија не можеме векје оти тије не покажа доволно разбирајне за нашата борба. Није сме заради това против оснивајне на партиски организацији које се диктира од Белград. Когај кје се донесат слободни закони кје си отвориме наша сопствена партија која едино може до крај доследно да се бори за нашите права - заједно со сите други покрети во Југославија који има цел слобода и равноправност.

Идат избори. Одлучен момент од кој зависи нашата борба за напред. Избори на кој није треба да се збијеме во еден фронт оти противнико те цени спрема твојите сили.

За овој одлучен момент сите да бидеме готови, да ги остраниме старите сплетки и кавги по меѓу нас, одлучно и јасно да го дадеме својот глас за признане правата на нашио народ.

Македонци, селани, работници, граѓани то сакавме да ви речеме, да ве потсетиме на нашето славно минало, на това, да се и денеска Македонците тије, који доследно кје идат по стапките на својте славни татковци и дедовци и никогаш нема да е напусна народната борба. - За равноправност на сите народи во Југославија - За полна демокрација - За неутралност војната и савез со СССР - Против сиве шо сакат да не увлеча во војнава Македонци ( Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за независна држава, том втори 162 – 165; АВИИ. -П. 17. К. 31, 23. Рег. бр. 36, пов. Г. об. 1909, 31. XII 1939.)

Овој летокот кој потпишан од Македонци и во кој е зачуван јазикот на оргиналот не е датиран, но според Управата на полицијата може да се заклучи  дека е пишуван кон крајот на 1939 година.

По повеќе од седумдесет години, овој леток погледнат од историска дистанца уште еднаш опоменува, со оглед на настаните кои се случуваат во светот. Тој укажува дека Македонците  мора да бидат чврсто обединети во борбата за своите права и подобар живот, доколку сакаат да се спротиставата на бурата која се заканува да ги збрише Македонците од картата на светот. Само единствени може да се спротивстават  на сите обиди за разнебитување на Македонија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.