Среда, 31 Мај 2017   
Писмо од С. Гигов член на ЦК на КПМ до првиот Областен Комитет на КПМ

strahil-gigovСтрахил Андонов Гигов – Андро (16. IX 1909 – 18. V 1999) е македонски социјалист и комунист, учесник на НОБ и висок функционер од времето на комунизмот. Носител е на Партизанска споменица 1941 и е прогласен за народен херој на Југославија во 1953 година.

Страхил Гигов е роден на 16 септември 1909 година во Велес. Станува синдикален активист во 1928 година, а во 1929 година се приклучува на КПЈ. Член е на Велешкиот месен комитет на КПЈ од 1931 година. Меѓу 1935-1937 година лежи во затвор во Сремска Митровица, а од есента 1939 година е член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Вардарска Македонија. Во меѓувреме неколку пати е апсен. Во јануари 1941 година е испратен во концентрациониот логор во Меѓуречје, близу Ивањица, каде останува до распуштање на логорот во март 1941 година.

По окупацијата на Југославија во април 1941 година, на крајот на истата година Страхил Гигов е секретар на Месниот комитет во Велес, а во почетокот на 1942 година е секретар и на велешкиот Окружен комитет. Главен уредник е на весникот "Народен билтен". Во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет. Учествува во создавањето на Македонската комунистичка партија на 13 март 1943 година во Тетово заедно со Кузман Јосифовски - Питу, Цветко Узуновски, Мара Нацева и Бане Андреев - сите поранешни членови на ВМРО (Обединета). Станува член на Централниот комитет. Исто така е избран за член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

На 21 октомври 1943 година Страхил Гигов како член на ЦК на КПМ од положај испраќа писмо до првиот Областен Комитет на КПМ.Во ова писмо Страхил Гигов потпишан како Мурат меѓу другото изнесува за офанзивата што ја презеле Германците со помош на балистичките банди во Западна Македонија во есента 1943 година и за теророт на балистичките чети на Џемо и Мефаил. Во изводот од ова писмо меѓудругото тој ќе напише:

„Пре него што ви пишеме по некоји конкретни прашања, сакаме да ве по кратки линији запознајме со политичката ситуација настаната овдека после неуспелата Џемова (Џемаил Хасани, водач на балистичка банда) офанзива, која го кошташе толкви жртви на нашата ослободителна територија. Германскиот фашистички окупатор не остана мирен. Он проба да не нападне од другата страна, од кај Струга. За това нападеније исто така беше употребен албанскиот олош од околијата на Струга, кој беше на брз рака присобран и мизерно награден со 10-15 напољона (монета од 10 албански лека) за да изигра една таква долна роља во денешната народноослободителна борба. Ама после два неуспела напада на нашиот одред „Славеј", кој држеше стална позиција кај Ботун, беше последното покушеније на германскиот фашистички окупатор да ги искористи заостаналите и продадени Албанци во борба против нас. Но подлиот окупатор не се запре на това. Он се послужи и со продадените души от македонскиот народ ... и други. А за овој случај, конкретно нивнот ортак ... адвокат од Охрид, кој преку свои агенти успеја да ја привремено разбије нашата позадина во моментот кога нашта војска водеше очајна борба против башибозлукот на Џемо и Мефаил (Мефаил Шеху, водач на балистичка чета), који беа се нафрлиле како хиени над нашите села да ги плачкајат и срамат нашите мајки и сестри. Во едно такво тешко положеније за нашиот народ, во тој момент Хитлеровиот агент ... разви една јака пропаганда да Македонците ќе бидат заштитени само од блгарската војска, ако прекинат со партизаните и им откажат секоја една соработуечка во што прилично воспеја. Настана една општа бежанија накај бугарската граница. Читави наши села останаја празни. Целата оваја акција беше локална акција, водена од  (хитлеровиот агент н.з.) и уште неколку фашистички настроени офицери, који немаја одобрено от Софија, пошто на Софија и гори под нози, па нема снаги за завладување на нови територији, која и самата Бугарија стоији пред капитулација. И пошто изминаја сите датуми и ниедно обештание на од  (хитлеровиот агент н.з.) не се исполни, народот почна да се враќа по своите домови со едно уште поголемо искуство. Овој процес стана и како по наша наредба за да се јават сите наши прикриени непријатели и да се очистиме от разни колебливци, који се беја вовлекле во нашите редови. И денеска стојиме многу поцврсто меѓу народот.“ (извор: Документи од борбата на мекедонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 332 – 334,  АМ. -Ф.- НОБ. арх. бр. 305).

Страхил Гигов потоа бил член на АВНОЈ, а во пролетта 1944 година и на иницијативниот комитет за свикување на првото заседание на АСНОМ. Поради неговите активности, окупаторот двапати го осудува на смрт во отсуство. Гигов учествува на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, на кое е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На 6 август е назначен за повереник за градежништво и соопштенија на Президиумот на АСНОМ.

По ослободувањето на Македонија, Стрихил Гигов се наоѓа на разни функции на републичко и сојузно ниво. Умира во 1999 година. Се смета дека ги прифатил просрпските ставови и дека е еден од главните непријатели на Методија Андонов - Ченто и за организатор на убиството на Кочо Рацин. Имено, Страхил Гигов во македонската историографија се поврзува со ликвидацијата на македонскиот книжевен деец познат по својата поезија, Коста Солев Рацин.

Наследниците на комунистите, денешните социјалдемократити ги изневерија нивните претци кои гинеа во борбата за самостојност и национална држава на македонскиот народ. Имено, пратениците на СДСМ на почетокот на 2016 година поднесоа амандман со кој се бараше да се избрише името на Дамјан Груев и да го запишат Страхил Гигов на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир. Но, за да биде пародојата уште поголема нивниот лидер Зоран Заев само за да дојде на власт ја прифати Тиранската платформа поднесена од наследниците на Џемо и Мефаил, против кој се бореше Страхил Гигов. Со поддршка на СДСМ и неофашистичките центри на моќ, денес македонското собрание е окупирано од продадените Албанци, команданти на УЧК, чија цел е редифинирање и поделба на Македонија повеќе или помалку, слично како за време на Втората светска војна.

Меѓутоа, македонскиот народ не се предава. Ако успеал од пепелот на Втората светска војна да создаде своја држава, така и од овој хаос порано или подоцна предводени од ВМРО ДПМНЕ ќе излезе како победник.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.