Среда, 28 Јуни 2017   
Некои железнички линии проектирани по Првата светска војна ни до денес не се изградени во Македонија!

zeleznickiot-sistem-na-jugoslavija

Железничкиот систем на просторот на Република Македонија егзистира од далечната 1873 година, со пуштање на пругата Солун – Скопје. Развојот на железничкиот сообраќај опаѓа со поделбата на Македонија во 1913 година: На територијата на денешна Македонија планирани биле повеќе железнички линии, но некои од нив до ден денес не се изградени.

По Првата светска војна, во новосоздадената југословенска држава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, започна реконструкција, изградбата и развојот на железничкиот превоз, кој се постави како еден од приоритетните задачи од кој зависеше функционирањето и развојот на новоформираната држава. Со оглед дека Солунското пристаниште беше најприроден начин за излез на Моравско-Вардарска долина на Егејското Море, а кое уште со Балканските војни беше во рацете на Грција, на територијата на денешна Република Македонија беше планирана изградба на повеќе железнички линии.

zeleznickiot-sistem-na-makedonija

Веднаш по 1920 година, а особено од 1922 година, заедно со обновата на разрушените железнички линии за време на војната се започна со градење на веќе започнатите пред Првата светска војна и трасирање на нови по целата земја на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. На територијата на Македонија тоа биле пругите: 1. Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево – Охрид – Струга – Ташмаруниште, 2. Градско–Прилеп–Битола;

По неопходната реконструкција и воспоставување на претходно изградената и уништена  за време на Првата светска војна железничката пруга од 1919 до 1922 година, започна со изградба на нови железнички линии како и на железничко поврзување на сите краишта во Кралството на СХС, која траеше од 1922 до 1926 година.

Во овој период е извршено трасирање на многу нови железнички линии, а изградени се Велес – Штип и Штип Кочани. Во тогашните проекти било предвидено на тероторијата на Македонија да се изградат повеќе нови железнички линии.

Белградска „Политика“ од 4 – ти февруари 1927 година на страна 4 известува за пленарните седници на железничката конференција одржани претходниот ден на кои под претседателство на Влада Митровиќ, проф на Универзитетот, потесниот одбор на одржаниот пленум го поднел својот предлог за идната железничка мрежа.

Потесниот одбор кој ги разгледал сите поднесени проекти подготвил свој предлог план за идната железничка мрежа на кралството СХС. Тој предлот се базирал на проектот на инжинерот г. Здравко Влековиќ, но биле искористени и останатите планови.

Според пишувањето на белградскиот весник тогаш биле дефинитивно усвоени повеќе железнички линии од нормален колосек, од кои за тариторијата на Македонија биле избрани следните :1.) Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево – Прилеп – Битола со крак Кичево – Охрид; 2.) Куманово – Крива Паланка со врска на Кратово; 3.) Прилеп – Велес; 4.) Кавадар – Св. Ѓорѓе; 5.) Куманово – Св. Никола – Штип – Радовиш – Струмица; 6.) Удово – Струмица; 7.) Кочани – Царево Село – Берово; 8.) Битола – Ресен – Охрид – Струга;

Според пишувањето на белградскиот весник, со овој план кој бил усвоен, не било предвидено да се градат железнички линии од тесен колосек 76 см. на територијата на Македонија.

Инаку, нормалните пруги биле поделени на два периоди за градење. Во првиот период за градба на територијата на Македонија биле предвидени следните пруги: Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево – Прилеп – Битола со крак; Кичево - Охрид; Битола – Ресен – Охрид – Струга; Прилеп – Велес; Куманово – Крива Паланка со крак на Кратово;

Во вториот период на градење влегуваа сите останати пруги од нормален колосек, кои Одборот ги усвои, а кои се наведени во списокот и се исцртани на картата. Во вториот период на градење влегоа сите останати пруги од тесен колосек, кои Одборот ги усвои, а кои се наведенеи во списокот и се исцртани на картата.

Всушност од 1926 до 1930, година започна целосно мирновремено проектирање, трасирање, распоред и изградба на железнички пруги во Кралството СХС. Во овој период се дизајнирани и подготвени нови линии во целото Кралство, а на територијата на Македонија биле предвидени изградба на следните линии: Велес-Прилеп, Прилеп-Битола- Ѓавато, Ѓавато –Ресен – Охрид - Струга, Охрид – Кичево - Дебар - Маврови Анови, Кичево – Гостивар - Скопје,

Иако во овој период биле започната изградбата на голем дел од проектираните и трасирани железнички линии, некои од нив поради хроничен недостаток на пари, не се изградени не само во Кралството Југославија и СФР Југославија, туку ни до денес. Доколку истите биле изградени уште тогаш, денес со воз Македонија ќе можеше кружно да се пропатува!

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.