|
|
Милојевиќ: Македонците се населуваат по чаршиите по враќањето од Америка |
„Меѓутоа, многу земјоделци Славјани се населуваат по чаршиите по враќањето од Америка, каде како гурбетџии живеат најмногу по градовите. Многу селани од воденската околина, например по враќањето од Америка се населиле во Воден.“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ кој за време на Првата светска војна го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња во Егејскиот дел на Македонија. Боривоје Ж. Милојевиќ кој во своите истражувања ги разгледува верските и етничките особини на населението, меѓусебните односи, времето на доаѓање на поедини групи и присоците врз домицилното население во јужна Македонија, во својот труд воопшто не ги спомнува Грците како домицилно население во Егејска Македонија, но во согласно тогашната српска пропаганда Македонците тој ги именува како Славјани. Сепак српскиот гограф ни дава интересни податоци за населението во Егејскиот дел на Македонија и во продолжение на својот труд за економските прилики и за односите меѓу поедини видови на живот во текот на 19 и почетокот на 20 век ќе напише: „Во Македонија се издовојуваат неколку врсти на живеење, поврзани со одредени групи на население. Тие групи се: измеќари – скитачи, сточари – номади, земјоделци - чифчии и трговци – гурбетчии. Еден вид на живот се одликува воглавно со општото занимање на населението. И секој вид има свои населби, прилагодени на тоа занимање. Така се населбите по положбата, типот и куќата и така економските услови се различни соодветно за кој вид се поврзани. Видот на животот значи една креативна сила, еден антропогеографски фактор, кој во особена мера ги одредува антропогеографските појави. Меѓутоа поменатите видови не се со исти животни способности: исчезнуваат, додека другите се шират. Така се губат групите измеќари – скитачи и сточари номади, кои и едната и другата поминуваат воглавно во земјоделци. Групата трговци – гурбетџии се зголемува многу повеќе со доаѓањето на земјоделците, а помалку со сточарите – номади. На многубројната земјоделска група овој губиток малку се познава. Со промената на видот на животот, еден антопографски фактор, се јавуваат промени во населбите, во антропогеографските факти. Групата на измеќари – скитачи ја сочинуваат Циганите (во понатамошнио текст Роми – н.з). Оваа група можела да се види во Калиници, во солунската област. Додека се заниваа во тоа село, Ромите живееле во туѓи куќи и плаќале кирија. Луѓето биле воглавно измеќари, а жените оделе и проселе. Ромите во јужна Македонија ги викаат „Ѓупти“ или „Ѓупци“ и едните се православни „каури“, а другите се муслимани, „турци“. Православни Роми има во некои мегленски села, но, најмногу Роми и од едната и од другата вера, се наоѓаат по многубројните чифлици во солунската равница. Преставниците на другата група, номадско-сточарска, се Власите. Ваквиот вид на живот најдобро се има одржано кај Власите од Голема и Мала Ливада во Горен Меглен. Тие ја поминуваат летната половина од годината со овците на Пајак; со стадото одат само овчарите, а фамилииите им живеат во поменатите села. Со почетокот на есента слегуваат во солунската равница, се распоредуваат во помали групи, закупуваат пасишта за стоката, а за својата фамилија земаат во селата куќи под кирија или подигаат шатори во полето. Земјоделската група ја сочинуваат не само Славјаните (во понатамошниот текст Македонци – н.з), туку Турците и Арнаутите. Оваа група живее во најголем број населби – села и чифлици – и самата е најбројна. Земјоделските населби лежат речиси сите во равниците на котлините. Тие имаат посебни згради и посебни делови на зградите наменети на земјоделството. Населението е зафатено со кулучка работа во полето и во домот, преку цела година, освен во зима. Македонците се уште воглавно и чифчии, па од оној плод мораат да одвојуваат голем дел за агите: Турци и Арнаути, меѓутоа се сопственици на земјата која ја обработуваат. Земјоделците одгледуваат пченка, жито, разен зеленчук и некои културни растенија. Според особините на земјиштето преовладува една од овие култури. Како споредни занимања се секогаш сточарството и како – каде и рибарството. Меѓутоа, во некои малубројни села овие занимања значително надминуваат, добивајќи поголемо значење. Кај Македонците постојат и одредени економски заедници кои подоцна ќе се спомнат: заедници во земјоделството (наводнување), сточарството и рибарството. Многу Македонци одат на гурбет, во северните балкански земји, во беломорските пристаништа и во Америка, каде работат како градинари, млекари, ѕидари и т.н. Чаршиската (трговска и занаечиската група) ја сочинува населението на чаршијата, поделено во две верски целини. Едната целина ја прават христијаните (нешто Грци и најмногу погрчени Власи и Македонци), а втората муслимани (најмногу Турци и малку Арнаути и Македонци). Во овој поглед исклучок е Солун, каде најбројното чаршиско население е составено од Евреи. Во сите градови чаршиите се издвоени во маала. Во нив се многубројни продавници, работилници, анови и т.н. Тука се заработува без тешка работа, најчесто со итрина и со искористувањето на селската (земјоделската) наивност. Луѓето кои работат во чаршиите имаат во маалите куќи, двоспратни и удобни. Особено трговците и анџиите, гурбетчиите, излегуваат од оние високи влашки населби, во кои сточарството е напуштено. Тие одат во гурбет во околните земјоделски села, и во јужно-македонските, беломорските и северо-балканските градови. ... Видовите на живот кои горе се скицирани, се претопуваат еден во друг. Ова се врши на тој начин што понискиот вид се губи во повисокиот: измеќарите – скитачи и номадско-сточарската преминува во земјоделската, а таа делумно во трговската. Има случаеви кога номадско-сточарскиот вид преминува непосредно во трговско-занетчискиот. Многу Роми, измеќари-скитачи, го напуштија својот начин на живот (и денес го напуштаат), па постануваат чифчии, стално се населуваат и почнуваат да се занимаваат со земјоделство. Во Меглен, во Капињани и Суботско на пример се знае дека “Ѓупците каури“ порано биле измеќари, а потоа станале „ириџии“ (чифчии). Во Солунската област на ист начин Ромите станаа чифчии во Ризово, Оризари, Обор, Градиште и т.н. ... Ромите излегуваат од својата ниска положба усвојувајќи го животот на Македонците (православни) или Турците (муслимани). Тие покажуваа голема желба што побрзо да се слеат со својата нова група. Оттука веднаш ги прифаќаат и со голема мерка ги оддржуваат сите верски (и етнички) особености на таа група. Овие Роми изјавуваат дека се Македонци или Турци, и непријатно се чуствуваат кога некој ќе ги потсети на нивното потекло. Меѓутоа, тие се разликуваат од Македонците и Турците по своите антрополошки особини, по начинот како го говорат македонскиот или турскиот јазик, по оделото и по покуќнината. Антропогеографски резултат на овој процес е тој, што Ромите го оставаат своето скитачко занимање и се населуваат по чифлиците и ја обработуваат земјата. И многу Власи го напуштиле номадско-сточарскиот живот, па стално се населија и започнаа да се занимаваат со земјоделство. Ова го направија во мали групи. Во Костурската област, во славјанското село Несрам има околу 10 куќи Власи, кои тука живеат од 1877 година. Во истата област, во Маврово имаат 3 куќи на Цедиловци, чиј дедо по потекло е од Грамос. Во Солунската област, во македонското село Гулишани стално се населени 3 куќи Власи кои дошле од Лугунци (во Горен Меглен). Во Несрам, иако се населиле од пред 40 години, Власите сеуште се занимаваат со сточарсто, а житото го купуваат. Останатите групи, населени по земјоделските села, се занимаваат со земјоделство. Власите од крајните села на Горен Меглен – од оние села, кои се до равницата – скоро целосно поминаа на земјоделство. То е случај со Власите од Црно Река, Наровица, Крива и т.н. Некои Власи беа приморани со сила да го напуштат сточарскиот живот. Во Костурската област, во Горно Папратско и Грлени, кога го примија исламот поради насилството на Али Паша Јанински, Власите мораа и да се населат и да се занимава со земјоделство. Со напуштањето на високите живеалишта и со постојаното населување во равницата, Власите престануваат да бидат сточари. И Власите во селата на работ на Пајак почнаа да се занимаваат со земјоделство. По своите општи особини овој висински појас е погоден и за земјоделство и за сточарство. Сточарскиот живот се одржал потполно развиен во средишниот дел на Пајак, во Голема и Мала Ливада. Живеејќи во допир со земјоделскиот живот и согледувајќи дека попријатен, Власите сточари најпосле биле кон него привлечени. Антропогеографските последице на овој процес се двојни: од една страна, исчезнуваат шаторите, кои во есен се подигнуваа во солунската равница и исчезнуваат големите стада кои летуваат на планина, а зимуваат во спомнатата равница; од друга страна постојаните населби се зголемуваат и културните површини се зголемуваат. Во поново време се населуваат по чаршиите главно Македонци земјоделци и потоа Власите сточари. Чаршискиот живот, со својата материјална и духовна култура ги привлекува и едните и другите. Тука со работа повеќе се заработува и воопшто подобро се живее. Тука, меѓудругото, имаа свои седишта христијанските, односно грчките црковни и школски организации. А преставниците на овие организации, како предводници на христијанската група уживаа углед меѓу турските власти. Така Македонците и Власите, со примање на грчко-византиската култура, можеа да дојдат до одредени позиции и до некој углед. Меѓутоа, многу земјоделци Македонци се населуваат по чаршиите по враќањето од Америка, каде како гурбетџии живеат најмногу по градовите. Многу селани од воденската околина, например по враќањето од Америка се населиле во Воден. За време на турското владеење, селското население, и земјоделското и сточарското, поради посебни причини било присилено да се преселува во градовите. Спората турска администрација никогаш не успеала на своето подрачје да обезбеди лична и имовинска безбедност. Така селаните христијани бегаа од селата од арамиите, зелумќарите и ...., и доаѓаа во чаршиите. Во нив имаше релативно поголема безбедност. Поради овие причини, прибирањето на селското население во чаршиите стана во поново време најглавен вид на миграција. Со доаѓањето во чаршиите, селското население не преоѓа веднаш на чисто градски занимања, кои се слични со неговите дотогашни. Така Македонците, новите доселеници во Рупиште и Воден, одледуваат зеленчук и овоштие по градините околу тие градови. Власите, поранешните сточари номади, се занимаваат во Рупиште со занати кои се во врска со сообраќајот: тие се самарџии, „ножовари“ и т.н. Чаршиите со ова се шират и зголемуваат, а економскиот живот во нив станува се поинтензивен.“ (продолжува) Македонска нација |