Среда, 28 Јуни 2017   
Македонските кнежества се издигаат како воено-политички фактор во Византија

LocationByzantineEmpire 550

За време на визанстискиот император Маврикиј (582 - 602) биле превземени мерки за зајакнување на позицијата на Византија на запад. Тогаш биле формирани воени егзархати во Равена и Картагина. Со силна воена организација егзархатите биле оспособени за одбрана на византиската моќ на запад. Во рацете на егзарсите била целата воена и цивилна управа. Уредувањето на овие егзархати подоцна ќе стане модел за формирањето на темите во Византија. Според тестаментот кој го оставил Маврикиј, со истокот требало да владее постариот син Теодосие, а со западот Тибериј. Иако постои совладарство и територијална поделба на Империјата, сепак идејата за единствено универзално царство не била напуштена.

Меѓутоа, кога во 602 година византиската војска на Дунав се побунува и за император го прогласува центурионот Фока, доаѓа до распад на одбранбениот систем на Дунав. Војската ги напушта позициите, а дел заминува за Цариград каде сенатот го прагласува Фока за император. Дел од грчката аристократија не го признава „полуварваринот“ Фока кој е роден на Балканот, по што доаѓа до низа завери.

Во такви услови Фока ја бара подршката од Рим. Неговата проримска ориентираност доаѓа до израз кога во писмото од 607 година до папата Бонифициј III ја назначува апостолската црква на  Св Петар за глава на сите цркви. Во Византија неговата постапка доведе до крвави верски прогонства на монофизитите и Евреите.  Во текот на овие настани, Фока ја имаше подршката на партијата на Венетите (Сини), додека претставниците од политичката странка на зелените (Прасиди) како негови противници беа остранети од сите места во државната служба. Меѓусебните расправии на политичките партии набрзо ја покажаа целата жестина и во Империјата се прошири пожарот на граѓанската војна.         

Сите овие настани ќе се одразат на состојбите на Балканот во годините и вековите кои следуваат, а за кои сеуште нема соодветно толкување.  Во овој период во Македонија се создаваат независни македонски кнежества, а на Балканот доаѓаат и Бугарите.  Податоците кои ги дава анонимниот автор од Равена во својата Космографија за тоа каде живееле Бугарите кон крајот на VП-от и почетокот на VIII-от век се мошне интересни од денешен аспект, ако се земат во предвид обидите да се негира името на Македонија, неговиот историски континуитет и корените на македонскиот народ.

Авторот од Равена во своето дело пишува: „А помеѓу Тракија или Македонија и Долна Мизија, живеат од скоро Бугари кои дошле од погоре споменатата Голема Скитија, област меѓу долниот тек на реката Дунав и областа на северниот дел на Црно Море. Пренесувајќи го овој извор Милан Бошковски во своето дело „Имињата на Македонија и Македонците во средновековните извори“ ќе забележи дека „ и во овој случај.. терминот Македонија го има историско-географското значење, со таа разлика што Македонија, меѓу другото, го има и значењето на истоимената провинција во раноримскиот период кога кон неа биле придодавани сите новоосвоени територии на Балканот од страна на Римјаните“.

Без разлика дали името Македонија има само историско-географското значење во Космографијата на авторот од Равена,  хроничарите на тоа време јасно прават разлика меѓу Бугарите и населението кое живее во Склавиниите на територијата на Македонија. Со други зборови, тоа биле независните кнежевства во македонските и тракиските земји, па дури и оние што се наоѓале по на југ од нив во областите на стара Елада. Некои од историчарите (С. Лишев), дури смета дека во VIII век „Склавиниите" во Македонија израснале во полудржавни формации.

Од списокот на епархиите потчинети на Цариградската патријаршија, а кој се однесува на црковните состојби помеѓу 733-та и 787-та година, може да се потврди дека Византија во овој период не владее со целата територија на Македонија. Во овој списокот се наведени само 19 града од територијата на Македонија кои се потчинети на митрополитот на Солун. Во него ги нема црковните центри како Скупи, Стоби, Баргала, а епископот на Лихнид бил потчинет на митрополитот на Драч, кој се наоѓал во провинцијата Нов Епир. Врз основа на овој список може да се каже дека Византија имала минимална власт во Македонија.

Византискиот хроничар Теофан Исповедник кога зборува за  Македонија, во која настанале промени заради црковните борби во Империјата има интересна опсервација. Повикувајќи се на Теофан, Константин Јиричек во своето дело „Историја на Србија“ ќе забележи дека „царот Константин Копроним војувал во 758 година во „Склавинија Македонија“. Според него, иако од кратките летописни белешки неможе да се видат сите поединости, сепак се гледа пред се, дека Византија војувала со македонските кнежевства за да ги осигура патиштата низ Македонија („Историја на Србите“, книга I, стр. 60, Белград 1978).

Во цитатот од „Хронографијата“ од  Теофан Исповедник, („Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том I, Скопје, 1981, стр.42,) стои  „Во таа година(758 г.) Константин (Константин V Копроним)) ги ограби Склавиниите низ Македонија, останатите ги направи покорни“, што јасно покажува дека се обидува да воспостави ред во епархиите кои се под Цариградската патријаршија и да ги потчини оние кои се свртени према запад. Виничките икони со написи на латински јазик, разурнатите базилики, некако немо зборуваат за жестока верска војна која се одвива на територијата на Македонија

Тоа го потврдува и Анастасиј Библиотекар кој во својата „Хронографија трипертита " ќе забележи дека „Во осумнаесеттата година од своето владеење, Константин ги заробил Склавиниите од Македонија, а останатите ги покорил“. Ако е познат фактот дека долго време нзворите од грчка провениенци]а, за периодот VII до X век, внатрешноста на Балканскиот Полуостров, помеѓу Родопите Задар, Солун и Родопите ја означуваат со општиот назив Склавинија, а кај латинските автори овој терминот бил употребуван дури до крајот на XI и XII, очигледно е дека авторите со употребата на името Македонија, јасно ја дефинираат територијата на Склавинијата и го разликуваат македонскиот народот од другите, но и ориентираноста кон поделената црква.

Хриничарите на ова време често Склавиниите ги именуваат според родот, престолнината или по други карактеристики. Така Теофан Исповедник пишувајќи за обидот на бугарскиот хан Телериг да ја нападне Склавинијата „Берзитија“ во Македонија ќе направи разлика меѓу Бугарите и македонските кнежевства. За овој настан од 773 година тој во својата „Хронографија“ ќе напише: „Во месец октомври, 11 индикт, императорот (Константин V Копроним) прими вест од Бугарија, од неговите скриени пријатели, дека бугарскиот господариспраќа 12 илјади војници и боили за да ја поробат Берзитија, и нив во Бугарија да ги преселат“.

Всушност во Македонија од овој поход на Константин V биле засегнати само Македонците околу Солун, над кои Византија успеала да ја наложи само привремено својата власт. Македонските Склавинии и натаму продолжиле да се управуваат од своите водачи, односно од своите кралеви, архонти. Колкава била силата на македонските кнежевства може да се види од известувањето на Теофан или на Анастасиј Библиотекар кои ќе забележат дека во 799 година „архонтот Акамир од Велзитија (Берзитија) наумил да ги ослободи синовите на Константин V, цезарите Никифор и Христофор, кои се наоѓале во затвор во Атина и да избере еден од нив за цар.

Царицата Ирина (797 – 802 ) кога дознава за намерите на Акамир, го спречува неговиот план, а заговорниците ги ослепува. Според М. Бошковски сето ова укажува дека „Кнежевството Берзитија, на чело со Акамир кон крајот на VIII век, во централна, западна и северна  Македонија се издигнало во значајна воено-политичка сила на Балканот, користејќи ги спротивставените интереси на Византија и Бугарија, како и борбите за царскиот престол во Константинопол. Колку било моќно Кнежевството Берзитија, покажува и фактот што тоа било респектирано и од претендентите за византискиот престол кои го повикале на помош кнезот Акамир“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.