Среда, 19 Јули 2017   
Милојевиќ: Миграцијата на славјанското население во јужна Македонија

milojevic-180

„Во „Предговорот“ се истакнати сите неповолни прилики, поради кои не било возможно да се утврди потеклото на целото население во селата. Во поедини села е забележано потекло на поедини семејства. На основа на тие податоци изведени се во овој дел некои заклучоци за правецот, времето и причините за миграција. Меѓутоа, овие податоци се недоволни да се утврди настанокот на населбите и да следи нивниот развој. Во другиот дел на овој труд, во еден посебен дел, разгледани се сите оние фактори, поради кои цели населби се изменети“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ во својот труд за потеклото на населението, бројот на домаќинствата, и старите презимиња во Јужна Македонија (Егејскиот дел од Македонија).

Во општи разгледувања српскиот географ Милојевиќ се осврнува на преселбите, доселувања и иселувања од областите кои ги истражува во Егејскиот дел на Македонија. Опишувајќи ги разгранатитите соеви на славјанскиот (македонски) народ во т.н. јужна Македонија, тој за нивните внатрешни и надворешни миграции ќе забележи:

„Едно разгрането семејство, кое опфаќа повеќе куќи сродни по крв или машка страна, во кое има едно или повеќе презимиња, се вика во Јужна Македонија „сој“. Сите куќи на еден сој имаат заедничка служба (слава). Според тоа сојот означува она исто што во Србија е „фамилија“ или во Црна Гора „братство“.

Во истражените области на јужна Македонија има прво староседелски соеви. Потоа има такви кои се преселувани од едно село во друго во една иста област, но и од една истражувана област во друга. Секако дека многу од овие преселени соеви се староседелци во јужна Македонија. Чести се и доселенички соеви, односно оние кои во областа се доселени од некој друг крај. Најпосле поедини членови на јужно-македонските соеви стално се иселувале.

а) Староседелачки соеви - Староседелачки соеви забележени се во селата речиси во сите области на јужна Македонија. Во Мало Езеро, во Трново има еден староседелачки сој со 10 куќи; во костурската област староседелечки соеви има: во Нестрам два со 11 куќи, во Шкрапари еден со 1 куќа, во Бобишта два со 38 куќи и во Олишча еден; во леринската област: во Лажени еден со 5 куќи и во Забрдени шест со 42 куќи; во островската област староседелци се: во Петеле еден сој со 12 куќи, во Палеор три соја со 39 куќи, во Катраница два со 12 куќи, и во Острово два со 9 куќи; во Маглен сите соеви на исламизираните Славјани се староседелски: во Полјани се седум такви соеви со 22 куќи, во Суботско четири, во Гостољуби еден со три куќи и во Капињани седум (од кои шест имаат 28 куќи); во последната солунска област староседелци се: во Горно Капаново еден сој со 4 куќи, во Техово два соја со 7 куќи, во Владово три со 36 куќи, во Воден осум соеви, во Вртокоп еден сој со 1 куќа  во Бабјани еден со 1 куќа, во Карајотици еден со 1 куќа, во Крушари еден со 6 куќи и во Сарачево еден сој со 3 куќи.

Во староседелци траба да пресмета и еден сој со 6 куќи во Топчиево, кои се стари доселеници со непознато потекло.

б) Преселување – Како што е споманто, во овие области се многу чести преселувањата, односно, чести биле случаевите да еден ист сој бил преселен од едно во друго село на истата област или од една во друга истражена област. Според тоа преселувањето е внатрешно движење на населението. За многу соеви кои се преселиле може да се земе дека се староседелци во истражените области.

Најстарото забележано преселување е слегувањето на еден сој од селата (кое се меѓу островската и леринската област) во Горно Врбени (во островската област).

Друго преселување од почетокот на 18 век. Во солунската област, во Техово тогаш се доселил еден сој со 1 куќа од Горно Родиво (во Меглен), еден сој со 7 куќи од Турица (кое била блиску Петеле во островската област) и еден сој од 16 куќи од преспански Герман.

Третото преселување е од средината на 18 век. Тогаш од Церово (во леринската област) дошле во Острово еден сој кој денес има 9 куќи.

Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век сите овие области трпеле зулим од Али-Паша Јанински. Неговите луѓе вршеле верско и економско насилие над славјанското христијанско население. Поради тоа настанало силно движење и многубројни преселувања. Во Мала Преспа, во Зрновско тогаш се доселил еден сој со 1 куќа  од Ахил (во Мало Езеро) и еден сој со 2 куќи  од соседниот Шулин. Во костурската област, во Нестрам се доселиле: еден сој со 2 куќи од Ореше (кој бил близу Нестрам), и еден сој со 1 куќа од Чука (во истата област), а во Маврово: два соја со 17 куќи од соседно Крмпени и еден сој со 2 куќи од соседното Фотинишча. Во островската област, во Острово се доселени еден сој со 15 куќи од соседниот Чеган, еден сој со 41 куќа од соседното Бегна (кој бил на северозападниот брег на Островското Езеро) и еден сој со 4 куќи од Загоричани (во костурската област). Во солунската област, во Техово се преселил еден сој со 11 куќи Ранѓел (кој бил над Техово) и еден сој со 12 куќи од Костен (кој бил под Техово); во Владово се доселиле 4 соја со 47 куќи од Фурка (кој бил југозападно од Владово); и во Габрово еден сој со 3 куќи од Влашка Блаца (помеѓу островската и костурската област).

Во првата половина и околу средината на 19 век продолжиле преселувањата предизвикани сега со посебни и различни причини. Во Мала Преспа, во Зрновско тогаш се доселиле два соја со 5 куќи од Шулин и еден сој со 2 куќи од соседното Церје; предокот на овој вториот сој побегнал од турскиот зулум. Во Сува Гора, во Орово е доселен еден сој од Врбник (во Девол); предокот на овој сој дошол како сираче и бил посинет. Во костурската област, во Долно Папратско се преселил еден доселеник од блиското Ново Село како сирак со неговата сестра, која се омажила. Во леринската област преселувањето во ова време било од север на југ: во Долно Клештина се доселил еден сој со 5 куќи од Раково, и во Арменор еден сој со 3 куќи од Долно Врбени. Во островската област преселувањето во првата половина во 19 век се одвивало во разни правци. Во Рудник е констатирано   едно преселување од југоисточен правец: во тоа село се преселил во средината на 19 век еден сој со 3 куќи од Ранци (во островскат област). Во Палеор тогаш се преселил еден сој со 10 куќи од Елеово (кај Лерин); предокот на овој сој побегнал од Арнаутите кои таму се доселиле. Во Палеор се доселиле уште два соја со 9 куќи од Баница (во леринската област). И во Долно Граматиково се доселил еден сој со 2 куќи од Дрезилово, кое било на венецот Караташ. Во Меглен, во Суботско има еден сој чиј предок се доселил во првата половина на 19 век од блиското Фуштани, а во Капињани еден сој со 3 куќи, чиј дедо дошол во средината на 19 век од блиското Костурино. Во солунската област, во Монопиште е доселен еден сој со 2 куќи од Пожарско (во Меглен) и еден сој со 1 куќа од Прибодишта (Меглен); дедото на овој последниот сој дошол како „домазет“. Во Његош еден сој со 1 куќа од Перишор, кој бил недалеку од Негуш; предокот ма овој сој дошол во Негуш после 1821 година, откако Турците го уништиле неговото население. Во Бабјани дошле два соја со 2 куќи од соседното Спирлитово; во Крушаре два соја со 11 куќи од Корнишор; во Постол еден сој со 1 куќа од Ремељ; и во Топчиево еден сој со 2 куќи од Гида, Предокот на овој сој дошол како „воловарче“ 

Изгледа дека преселувањето се зголемило кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во Сува Гора, во Орово тогаш е доселен од Добротишта (во Мало Езеро) еден сој со 2 куќи. Таткото на овој сој бил таму чифчија, а овде купил земја. Во костурската област, во Долно Папратско се доселил еден сој со 1 куќа од соседното Крчишта, а во Шкапаре еден сој со една куќа од Омотско (во костурската област) и еден сој со една куќа од соседно Бојина. Во леринската област, во Забрдани дошол еден доселеник од оближното Овчарани како чифчија. Во Острово дошле два соја од соседните села и тоа еден од 4 куќи од Горничево и еден со 1 куќа од Чеган. Во Меглен, во Суботско се населиле шест доселеници од Воден како трговци. Во солунската област, во Монопиште дошол доселеник од соседната Марена, а другиот од Свети Илија (во солунската област) поради беговски зулум. Во Гулишани преминал еден доселеник од Црнморинова, а другиот од блиската Воденска Вештица, каде немал згради за стоката. Во Вртикоп во ова време дошле: еден доселеник од Луковицан (како дете, кога мајката му се премажила) и по еден доселеник од соседните Оризари, Пископија, Калиница, Каменик, и Гропина. Во вадришта дошол еден доселеник со 1 куќа од соседната Карајотица; тој се оделил од братот поради кавга на жените и се одселил. Во Карајотица дошле три соја од околните села: еден со куќа од Крушари, еден со 1 куќа Куркалово и еден со 1 куќа од Врастија. Во Карасули дошол еден сој со 1 куќа од соседното Кречово, во Топчиево еден сој со 4 куќи од соседното Ватилак, а во Текели еден сој со куќа од Мал Нишел (во долна Бистрица) и друг со една куќа од соседна Копаница. Најпосле во Градобар дошол еден доселеник (како „домазат“) од блискиот Каритен. – Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во селата на солунската равница се симнаа многу доселеници од север од Превртанци, и еден од Зборско; овој последниот морал да побегне од комитите. Во Гулишани и Св. Илија дошле еден доселеник по еден доселеник од Дреново. Во Ново Село дошле два доселеника: еден од Саракиново, а друг од Кронцелево; двајцата по доселувањето купиле куќи и имоти од Туците, кога овие после 1912 година заминале за Воден. И во Владово дошол еден сој со 5 куќи од Пожарско, бегајќи од турскиот зулум.   

Една посебна врста на внатрешно движење кај славјанското население е доселувањето во градовите. На почетокот на 19 век, поради зулуми на Али-Паша Јанински, дошле од околните села во Воден: во Варош два соја од Црковен (?) и еден од Тахово; и во Нова Маала: три соја од Мисмер (?), и по еден од Црковен, Долно Граматиково и Драгоманци. Преселување во градовите се вршело и околу средината на 19 век. Во Воден, во Варош тогаш дошле по еден сој од Русилово, Бизово и Калиница; во Нова Маала еден сој од Мисмер, по два од Техово и Влкојанев и три од Бизова, и во Турска Маала еден сој од Суботско и два од Бизово. Во Пазар во средината на 19 век дошле по еден сој од блиските: Корнишор, Кадино Село и Ошени.  Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век поради арамиски и комитски зулуми, славјанското население почнало од селата се повеќе да доаѓа во градовите, во местата со поголема безбедност. Во Костур тогаш е доселен еден сој со 1 куќа од Пилкат. Во Рушиште тогаш дошле од околните села четири соја: еден со 3 куќи од Жужелец, два со 3 куќи од Ловраде и 1 со куќа од Галишта. Во Воден тогаш дошле: во Нова Маала по еден сој одТехово и  Ктраница, во Теховска Маала еден сој од Новоселци. Во Пазар во то време исто така дошле многу доселеници од околните села. По еден дошле од Литовој, Жупшево, Корнишор, Трифунчево, Куфалово, Каријотица, Хасар – Бегово и Постол. Два доселеника, двајцата „домазети “, дошле од Гуменџе. 

в) Доселување – Славјанското население се доселувало во областа на јужна Македонија воглавно од два правци: од север и од југозапад.

Најстаро најдено доселување е од почетокот на 17 век. Во Граждано (во Сува Гора) тогаш се доселиле од Колун (Колоњон во Епир) претците на Колунци, кои денес имаат 8 куќи. Од Буково (кај Битола) се доселил еден сој во Емборе (во островската овласт) и сега брои 35 куќи. 

Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век се појавува како многу снажна југозападната струја на доселување. Доселениците од овој правец се сите Славјани од околината на Јанина (каде денес нема Славјани, освен славјански топографски имиња) и сите бегале од зулумот на Али-Паша. Во Ново Село (во костурската област) дошол тогаш еден доселеник од Јанина. Во Долно Граматиково (во осторвската обалст) дошол еден сој (кој денес има 12 куќи) од Чепелово (од Загори -хорија); во Емборе (во истата област) доселени се: еден сој со 25 куќи од Фурка (кај Јанина), втор исто така од Јанина, и трет  (сега 35 куќи) од областа, која ја означуваат со името „Арнаутлук“. Во Бегна, која била на северозападниот брег на Острофското езеро, се доселил еден сој од Чепелово, и набрзо се преселил во Острово. У Вртикоп (во солунската област) дошол еден доселеник од Јанина, а во Фурка (која била југозападно од Владово) еден доселеник – како Славјани – од Пљаса (кај Корча); набрзо после тоа тој слегол во Владово. Најден е само еден случај на доселување од југ: во Долно Папратско (во костурската област) дошол на почетокот на 19 век еден доселеник – како Славјанин – од Трново (кај Лариса).

Двете струи на доселување и северната и јужната, се гледаат во текот на 19 век. Северната е најдена во повеќе случаеви. Во Острово тогаш се доселил еден сој „од каје битолско“. Во леринската област, во Арменор дошол еден сој (кој денес има 2 куќи) од Мариово. Југозападната струја на доселување преставена е со еден случај: околу средината на 19 век дошол во Долно Паратско (во костурската област) еден доселеник – како Славјанин – од Пољоска (во Девол); тој е донесен како дете, кога мајката се премажила.

Од крајот на 19 и почетокот на 20 век има доселувања само од северната струја. Во Владово тогаш дошол еден доселеник од Бешишта (во Мариово) како „козарче“; а во селото Свети Ѓорѓи (во солунската област) побегнал еден доселеник од Тополчани (кај Битола), каде направил „крв“.

г) Иселување – Прво познато иселување од овие области се случува во почетокот на 19 век. Од Долно Граматиково, поради зулум на Али-Паша, се раселиле еден сој во Серез, Солун, Лариса и Пиреј. Од Пателе (во островската област) заминал еден иселени во Шумадија, и таму станал „српски војвода“. Во тоа време од Владово заминал еден иселеник во Србија и учествувал во востанието.

Во втората половина на 19 век од еден сој во Граждани (во Сува Гора) пребегнаа некои членови во Корча, пориди зулум на Арнаути од соседната Ракицка.

Иселувањето од втората половина на 19 и почетокот на 20 век предизвикано е поради печалбата. Заминувајќи на работа во Србија, Бугарија и Романија – печалбарите таму се населувале. Од Долно Граматиково има од еден сој иселеници во Уб и во Свилајнац, а од друг во Белград. Од Катраница од еден сој има иселеници во Браила (во Романија) и во Ваљево.  Од Бобишта (од костурската област) има иселеници во Скеч (во Ксанти) еден сој со 4 куќи, во Цариград два соја со 5 куќи, и во Констанца (во Романија) еден сој со 4 куќи. Бобоштани работеле во споменатите градови како печалбари. Кога турската војска во 1903 година го запалила нивното село, тие дошле и ги зеле своите семејства со себе.

Најновото иселување е на исламизираните Славјани во Турција. Од Суботско (во Меглен) се иселиле после војната во 1912 и 1913 околу 15 беговски семејства.“

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.