Среда, 13 Септември 2023   
Милојевиќ: Податоци за потеклото на поедини семејства во Егејска Македонија

milojevic-180

Српскиот географ Боривоје Ж. Милојевиќ кој во своите истражувања за време на Првата светска војна ги разгледува верските и етничките особини на населението, меѓусебните односи, времето на доаѓање на поедини групи и присоците врз домицилното население во јужна Македонија, во својот труд воопшто не ги спомнува Грците како домицилно население во Егејскиот дел од Македонија. Иако својот труд го пишува во согласност на тогашната српска пропаганда и Македонците ги именува како Славјани, тој ни дава значајни податоци за преселбите на македонските семејства во текот на 18, 19 и почетокот на 20 век.

Во продолжение на својот труд каде говори за потеклото на македонски семејства,  Милојевиќ ни ги дава следните податоци за поедини населени места од истражените области:

а) Мала Преспа

1) Зрновско – Аргирови 1 куќа. Нивниот прадедо се доселил од Ахил на почетокот од 19 век. Тие го слават Св. Врач и Св. Илија (15 мај). Од Шулин се доселиле три соја: Танасови 2 куќи. Нивниот прадедо дошол на почетокот на 19 век; Секуловци 1 куќа. Нивниот дедо се доселил со своите синови околу средината на 19 век. Во Шулин му биле далеку и водата и дрвата; и ..... 1 куќа. Нивниот татко се доселил во средината на 19 век. Сите овие три семејства, доселени од Шулин, го славеле Св. Никола и Св. Ѓорѓи. Димови 2 куќи. Неговиот дедо побегнал од Церје во средината ... век. Тие го слават Св. Димитрија и Голема Богородица.

б)  Сува Гора

1. Граждано – Ристовци (или Колунци) 8 куќи. Некој нивни предок се доселил од Колун (Колоњ) на почеткот на 17 век. По него го добиле презимето Колунци. Колунците раскажуваат дека тој нивен предок (кој се доселил) зборувал славјански. Од Колунците денес имаат 4 куќи во Корча. (Тие се преселиле) околу 1878 година поради зулум на аримииите од Ракицко.

2.(Не може да се прочита – н.з ...) – Поповци 1 куќа. Нивниот дедо се доселил околу .... од Врбник (во Девол) како сироче и бил посинет во куќата на Поповци. Тој затоа го зема нивното презиме и нивната слава (Св. Никола). Добришки 2 куќи. Нивниот татко се доселил околу 1883 година од Добротиште (во Мало Езеро). Таму бил на чифлик, а потоа ги купил нивите од бегот. Таму го славел летни Св Атанас (1 и 2 мај), а тука го слави Св. Никола (6 декември)

в) Мало Езето

1. Трново – Куманови 5 куќи, и Пандовци 5 куќи. Тие се „од ветко време“. Тие го слават Св. Никола (околу 10 мај).

г) Костурска област

1.) Ново Село – Трпчинишча го слават Св. Никола. Трпче избегал од Јанина на почетокот на 19 век поради зулумот на Али Паша Јанински.

2.) Долно Папратско – „Трпчиништа“ (Трпчеви – н.з.) - 1 куќа. Неговиот татко Лазо останал сирак, па околу 1862 година дошол од Ново Село во Долно Папратско каде неговата сестра се омажила. Трпкови во Ново Село слават Св. Никола, и Лазо тука продолжил да го „тера тој панагир“.  Трновци 1 куќа. Нивниот дедо се доселил од Трново (кај Лариса) на почетокот на 19 век. Тој нивен дедо (кој се доселил) зборувал славјански. Тие ја слават „Голема Богородица (15 август – ст. ст). Христо - 1 куќа. Неговиот татко го донела мајката од Пољоска (во Делово) која се премажила во 1857 година. И неговиот татко и мајката на неговиот татко, кога се доселиле, зборувале на славјански. Енгељовци. Дошле од Крчишта околу 1892 година и слават Св. Петка.

3) Несрам – Тетинци 3 куќи. Во Горна Маала се староседелци. Слават Голема Богородица. Паскаловци (или Камборовци) исто така се староседелци. Во Горна Маала има 6, а во Долна 2 куќи. Го слават Св. Никола. Презимето Камборовци го добиле по тоа што некој предок им бил грбав (а грба на турски се вели камбор). Арашчаровци  - 2 куќи, во Горна Маала, по потекло се од Ореше. Нивниот предок побегнал во почетокот на 19 век од зулумот за време на Али Паша Јаниски. Слават „Четириесет Младенци“ (9 март). (Ореше беше селце во близина на Несрам). Калеш - 1 куќа во Горна Маала. Нивниот дедо дошол од Чука на почеткот на 19 век. Слави Голема Богородица.

4. Костур – Нурчо (пулос) 1 куќа. Анџија. Се доселил во 1882 година од Пилкат поради арамиски зулум.

5. Шкрапари – Стериовци 1 куќа. Тие се староседелци. Панагир им е Св. Димитрија. Трповци 1 куќа. Доселени се од Омотско околу 1877 година. Слават Голема Богородица. Карамановци 1 куќа, доселени се од Бојане околу 1907 година. Панагирот им паѓа на 16 август. 

6. Рупиште – Сакавци 3 куќи, анџии, дошле од Жужелец околу 1880 година. (Сакавица значи секира за делкање); Танасовци 1 куќа, кројач, дошол од Ловраде 1905 година. Тој побегнал од зулумот на грчките андарти (комити); Галишчаро 1 куќа, терзија, се доселил од Галишта околу 1907 година, поради комитските зулуми.

7) Бобишта – Чичевци 2 куќи и Петревци 1 куќа; Рибовци 3 куќи; Чоканевци 2 куќи; Фотовци 2 куќи; Кара-Костовци 2 куќи; Мичовци 1 куќа и Љузовци 1 куќа; Сите овие семејства со 14 куќи сочинуваат еден староседелски сој и го слават Св. Никола. Шилиман 1 куќа и Тараљам; Тутинци 1 куќа; Розовци 3 куќи и Папа-Николовци 1 куќа; Дановци 3 куќи; Горгановци 2 куќи; Сарафовци 1 куќа; Качаровци 2 куќа; Иљковци 1 куќа; Парделовци 1 куќа; Фаслевци 1 куќа; Левендовци 1 куќа; Љатовци 1 куќа; Путловци 1 куќа; Џимовци 1 куќа и Коковци 1 куќа, Сите овие семејства со 24 куќи сочинува еден староседелски сој и го слави „Свети Алимпијe“ или „Свети Јер“ (26 ноември). Од Шилиман имаат 3 куќи во Цариград. Тројца од Шилиман биле таму на печалба и работеле како млекари. Кога во 1903 година турската војска го запалила Бобиште (Илинденско востание 1903 г – н.з.) тие дошле и ги однеле жените и децата. – Од Розовци имаат 4 куќи во Сканти (Ксанти). Четворица од Розовци беа таму градинари, исто така во 1903 година ги однеле своите семејства. – Од Коковци имаат 4 куќи во Констанца (Романија), а 2 куќи во Цариград. Тие од Констанца дошле во 1903 година во селото, се ожениле и заминале со своите невести. Овие во Цариград биле млекари и после 1903 година дошле во селото и ги однеле своите семејства. 

8) Маврово – Кирјазовци 10 куќи, доселени се од Крмпени (јужно од Маврово). Нивниот предок Кирјазо дошол како млад човек на почетокот на 19 век беегајќи од зулумите на луѓето на Али Паша. Славеле Петровден и Мала Богородица. Папа-Ставровци 7 куќи, исто така се од Крмпени. Нивниот предок дошол во истиот период и поради истите причини како Кирјазо. Пардановци 2 куќи, по потекло се од Фотиниште (северно од Маврово). Нивниот предок дошол на почетокот на 19 век исто така од зулумот Али-Пашините луѓе. 

9) Олишча – Бирчовци се „сој од ветко време“ и го слават Архангел Михаил.

д) Леринска област

1) Долна Клештица  - Раковци 5 куќи, доселени се од Раково околу 1851 година и го слават Св. Никола.

2) Арменор – Фудуловци 3 куќи, се со потекло од Долно Врбени. Ги доселил нивниот дедо и  ја слават Св. Петка (14 октомври). Маровчии 2 куќи, доселени од Матово. Од таму дошол нивниот дедо.

3) Лажени – Божиновци 5 куќи, се староседолци. Крушовци 3 куќи, доселени се од Крушево. Нивниот прадедо дошол кон крајот на 18 век и го славеле Св. Демитрија.

4) Забрдени – „Ветки се овие шест соеви“: Ташемини 7 куќи и славата Пречиста; Мицкови 3 куќи и слават Пречиста; Настасовци 5 куќи. и Крстовци 2 куќи. – вкупно 7 куќа слават Архангел Михаил; Стефо Јован 1 куќа го слави Св. Ѓорѓи; Костадинов 3 куќи, Кирков 4 куќи, Наце Гиче 1 куќа, Мицевци 2 куќи, Илија Дело 1 куќа, Дафо Јане 1 куќа, Мицо Василев 1 куќа, и Петко Аврам 1 куќа. – вкупно 14 куќи. Го славата Св. Никола; и Трпчевци 3 куќа. Таше Мине 1 куќа. Танчевци 3 куќа. и Ташовци 3 куќа. – вкупно 10 куќи го слават Св. Димитрија. Доселен е само: Овчарец 1 куќа, од Овчарани. Тој бил сиромав, па бегот му дал и волови.    

ѓ) Островска област

1) Горни Врбени – Селави. Претците на овој сој се симнале од Селце, кое беше на планината над Горно Врбени.

2) Петеле – Каленџивци 12 к(уќи), се „од ветко време“ и ја слават „Голема Богородица. Еден нивен предок заминал во Шумадија во почетокот на 19 век „во воено време“ и таму станал „српски војвода“.

3) Руднил – Чавдоровци 3 к, доселени се Ранец околу 1862 година. Нивниот татко немал таму земја, а и тука дошол на чифлик.

4) Палеор – Пејчиновци 5 к. и Качевци 8 к. – вкупно 13 куќи – се староседелци. Старо име на Пејчиновци е Мановиловци. Ова презиме го добиле по тоа, што нивен предок мавнал со вилата преку топола. Го слават Св Димитрија; Бојчевци 22 к. се староседелци и ја слават Пречиста; Гулабановци 4 к. се староседелци и го слават Св. Никола; Ајтовци 10 к. се доселени од Елеово (јужно од Лерин). Нивниот предок побегнал околу 1837 година од Арнаутите. Тој предок бил „лош човек“ и Палеорци го нарекле „Ајто“ (што значи арамија); Банчеловци 6 к. - нивниот дедо се доселил од Баница. По тоа село го добиле и презимето. Тие ја слават Пречиста; Србиновци 3 к. – нивниот дедо исто така дошол од Баница. Презиме добиле по тоа што нивниот дедо бил забит (офицер) во Србија.

5) Емборе – Мореловци, со околу 25 куќи, доселени се од Фурка (кај Јанина)на почетокот од 19 век. Тие ја славата Св. Мина (12 ноември); Сулевци – „цела маала“ – исто така од Јанина. Славата Св. Врач; Боковци - околу 35 куќи. Нивниот прадедо се доселил од Буково (кај Битола). Тие ја слават Пречиста; Ќуќуровци, околу 35 куќи, Нивниот дедо се доселил „од Арнаутлук“ и го слават Св. Димитрија.

6) Катраница – Сој Хаџи – Тоше (9 к. во Горна Маала) се од „ветко време“; Ванчуки 3 к. во Долна Маала, исто така се староседелци. „Ванчуки“ е турски облик за зборот „Ваневци“. Од овој сој се одселиле: еден во Браила (Романија) околу 1887 година; и двајца околу 1907 година во Ваљево, каде носат презиме Димитриевич и работат како слаткари. Тие ја слават Св Петка (почетокот на јули).

7) Долно Граматиково – Ваневци 5 куќи, Ичевци 3 к, и Гушовци 4 к. сочинуваат еден сој. Се доселил нивниот прапрадедо (и го донел нивниот прадедо како дете) кон крајот на 18 век од Чепелово (Загори-корија во јанинскиот крај). Од Ваневци има одселени во Србија: Христиќ во Уб, кој заминал во 1857 година, и Јовановиќ, сапунџија во Свилајнец, кој заминал околу 1907 година. Тие го славеле Св. Димитрија. Зало 2 к, доселени од Дрезилово околу 1820 година. Од ова семејство се одселил еден член во Белград околу 1867 година на печалба, а неговите синови од кои еден е трговец и другиот е телеграфски чиновник, се презиваат сега Димитриевичи. Од Долно Граматиково се иселил поради зулум на Али Паша сојот Хаџи Лазо во Серез, Солун, Лариса и Пиреја. Членовите од овој сој во споменатите градови сега се преизваат „Хаџи Лазарос“. 

8) Острово – Поп-Трајковци 3 куќи, се староседелци и го слават Св. Никола; Лимба - 6 куќи, се од „ветко време“;  Боевци - 9 куќи, се доселени од Цетина во средината на 18 век и го слават Св. Димитрија; Бојне - 15 куќи, се со потекло од чеган. Нивниот прапрадедо се доселил во почетокот на 19 век и го слават Св. Димитрија; Харишевци – 4 куќи, се доселени од Загоричани во почетокот на 19 век и го слават Св. Никола; Куришевци – 6 куќи, се доселени од Бегне во почетокот на 19 век. Во Острово било во „послободено“ отколку во Бегне. Со Куришевци од старинскиот род се доселиле во исто време од Бегне овие островски соеви: Илковци 5 к; Гељовци 3 к. и Чаневци 3 к; и Тодоровци 18 к. Нивниот прадедо бил во Бегне „бегукар“, а во Острово купил земја; и Шепаковци 6 к. Сите овие семејства го славеле Св Димитрија и се доселени во Бегне поради зулимите на луѓето на Али Паша. Но сите овие семејства се род со Ваневци, Ичевци и Гушовци во Долно Граматиково и се доселиле во Бегне од Чепелово (од Јанина), исто така поради зулум на луѓето на Али паша. Кулиши - 10 куќи. Прадедото се доселил во почетокот на 19 век поради зулум „од кајата битолски“. Тие го слават Св. Никола, а покрај него и Пречиста и Св. Катарина. Дупкаревци – 4 куќи, доселени се од Горничево околу 1872 година; Берикуќа – 1 куќа, доселена од Чеган околу 1902 година.“

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.