Среда, 09 Август 2017   
Милојевиќ: Тип на села во јужна Македонија

Српскиот географ Боривоје Ж. Милојевиќ (22 XII 1885 - 22 X 1967) кој во своите истражувања за време на Првата светска војна ги разгледува особини на населението, меѓусебните односи, како и времето на доаѓање на поедини групи во јужна Македонија, во својот труд меѓудругото ни дава значајни податоци и за типовите на населби во текот на почетокот на 20 век на територијата на Егејска Македонија.

За населбите во кои живее македонскиот народ во Егејска Македонија тој ќе го забележи следното:

б) Тип – Селата во јужна Македонија по својот тип се збиени. Како што постои извесна врска помеѓу положбата и типот, овие села, кои сочинуваат една група по положбата, сочинуваат една група и по типот. Општите географски причини, кои ја одредуваат положбата, посредно влијаат и на типот.

Селата, кои по положбата се потпланински и потпланински-езерски, по типот се збиени, а во нив куќите се една до друга. Но, меѓу нив, поради разлики во положбата, настанале и разлики во типот. Така потпланинските и потпланинско-езерскит села се тројни: збиено-линиски, збиено-триаголни и збиено-четириаголни.  Оние села, кои лежат околу ивиците меѓу страните и равниците по својот облик се збиено – линијски.

Помеѓу овие села растојанијата се доста незнатни. Тоа доаѓа оттука што ниту обработливата земја ниту пасиштата не се измеѓу селата, туку над или под нив. Овие села имаат тесни и криви сокаци.

Во збиено-линиските села припаѓаат овие потпланински села: Света Недела (во костурската котлина); Кбасница (во битолската котлина); Ајтос, Палеор, Л’ка, Ембори и Дебре (во островската котлина); Пољани и Гостољубе (во Меглен); и Свети Илија, Бојмица, Дрмица и Амбер-кеј (во солунската котлина). На оваа група му припаѓаат и следните подпланинско-езерски села: Дупјак (на Костурското езеро); Петрско (на Петрското Езеро); Острово, Новиград, Коралца и Келмез (на Островското Езеро); и Врапчин и Инско (на Рудничкото Езеро) . Најпосле, од овој тип е и Ново Село (северозападно од Солун)...

Сите овие села имаа поединечни особени црти. Во Палеор на „сред село“, е еден триаголен простор, каде на празник се игра оро. Во Пољани најголем дел од куќите е околу реката, која тече паралелно со рамката на котлината. Помали се редовите на куќи околу патот кој води во полето и околу една уличка која се качува по страната. Секоја куќа има двор.. Кон реката, патот и улицата, дворовите се оградени со високи ѕидови, меѓутоа на тие страни, ѕидовите се без прозорци. Во Пољани живеат исламизирани Славјани и нивните жени со ваквите високи огради и слепи ѕидови се задскриени од погледите на минувачите.– Во Бојмица куќите лежат околу патот, кој е паралелен со Вардар, и кој води на едната страна кон Гуменџе, а на другата кон гуменџиската железничка станица. Неколку куќи има околу патот, кој оди за Карасули. По ова Бојмица е попатна населба.

Меѓутоа, само дуќаните, во средината на селото, се свртени со лицето кон патот. Останатите куќи, иако се покрај патот, не гледаат на него. До војната 1912 – 1913 година во Бојмица имало 100 куќи на Туците. Тие ѕидајќи ги куќите, внимаваа да внатрешноста да не се гледа. Во Бојмица, до споменатата војна, имало и 180 куќи на Славјани христијани, меѓутоа и тие ги ѕидале куќите по примерот на Турците. – Дрмица е лачно издолжена, бидејќи и страната на долината така се извива. – Ново Село е малку разредено бидејќи во селото, меѓу куќите има гумна.

Оние потпланински села, кои лежат на врвовите на старите езерски заливи или на плавини, чинат друга група, и во целина се збиени-триаголни. Во нивниот тип се огледува облик на стариот залив или обликот на планината...

Во збиените-триаголни села спаѓаат (во котлината на Костурско Езеро): Бомбик, Олишча и Загоричани – кои лежат на врвот на старите заливи -, и Бобишта, Чурилово и Горенци – кои лежат на плавините. Во островската котлина збиени-триаголни села се Ослово и Жерви, кои исто така лежат на плавини. Жерви е од разреден тип бидејќи околу куќите се ниви со пченка.

Овие потпланински села кои лежат на ивиците на или на темињата  на езерските тераси, ја сочинуваат третата група, и во целина се збиени-четириаголни. И тука во типот се огледува обликот на површината преку која селата се создавале....

Во островската котлина збиени-четвртасти села се Горни Врбени, Спанци и Гортско. Во Горно Врбени еден триаголен простор се наоѓа пред чешмата, а вториот пред училиштето. Ова големо село се одликува со многубројни сокаци. На типот на Спанце се гледа верското влијание. Спанце се состои од две мали, кои се раздвоени со патот. Од горната страна на патот маалата има 25 куќи во кои живеат Турци, а во долната маала има две куќи во кои живеат Славјани христијани.

Во збиените четириаголни села влегува и Долно-Папратско, Очени и Четирок (во костурската котлина), - села кои лежат на речни тераси. Во Четирок славјанско-христијанската маала со 55 куќи го зафаќа југозападниот, а турската со 11 куќи северо-источниот дел од селото.

Селата, кои по положбата се полски, сочинуваат по типот засебна група на збиени-кружни села. Тие лежат во равниците. Оттука нивниот просторен развој се вршел слободно и не биле одредени со никаков морфолошки објект...

Ви јужниот дел на битолската котлина во збиено-кружните села спаѓаат: Арменор и Кучковени. Низ средината на Арменор води пат и тој во некој вид е попатна населба. Во островската котлина ваков тип се селата Љубетино и Рудник. – Во солунската котлина од ист облик се Монопиште и Прахнане. Монопиште се состои од три дела, кои се раздвоени со река и јаз. Сарачево и Текели, во истата котлина, се кружни– разредени. Тоа потекнува што измеѓу куќите се наоѓаат гумна.

Во групата збиено-кружни  доаѓаат оние села кои лежат на површина и кои исто така слободно се ширеле. Во костурската област села од ваков тип се: Желегоже, Цакони и Желин. Кај сите три села се гледа влијанието на верските прилики. Желегоже има две маали, турско-исламска со 100 и славјанско-христијанска со 40 куќи. Тие се раздвоени со една долина. Сепак неколку турски куќи поминале во христијанската маала. Во Цакони турската маала со 20 куќи го завзема југозападниот, а славјанско-христијанската со 60 куќи североисточниот крај. Во Желино турската маала со 30 куќи го завзема југоисточниот, а  славјанско-христијанската со 60 куќи североисточниот крај.

Влијанието на одредени морфолошки објекти ја менуваат збиеноста или му даваат посебна форма. Во костурската котлина, Гроче има две маали, кои лежат на две страни на долината и кои се раздвоени со долните делови на страната и со корито. Во битолската котлина, во Забрдени се две маали, од кои една лежи на присојната, а друга на осојната страна. Во солунската котлина, Гулишане лежи на дното на една тесна долина и по тип е збиено – надолжно, Ваквата издолженост уште повеќе паѓа во очи кај Техово, бидејќи дното на долината е тесно, а селото со своите 100 куќи е доста големо. Одејќи низ реката Техово се дели на Горна, Средна и Долна Маала, помеѓу кои нема јасни граници. И Кречово, земено во целина, издолжено. По страната на долината води пат, паралелен со реката. Околу него се кафани и бакалници Од патот и улицата, од присојната страна се искачуваат сокаци, многу стрми, широки околу два метра, кривулести и калдрмисани. Од нив се одвојуваат помали сокаци кои водат во поедини дворови.    

Шкрапари и несрамска Горна и Долна Мала (во костурската котлина) лежат на ртови и по типот се збиено-триаголни. И тука во обликот на населбата јасно се гледа топографскиот објект, на кои лежат.

Во типот на некои села, повеќе одколку кај досегашните се гледа влијанието на собраќајните околности. Така на пример, Маврово, на брегот на Костурското Езеро, лежи околу патот по кој селата на североисток од Маврово одат во Костур. Ова село има и улици, доста широки и тие се сечат меѓу себе по прав агол. Од овој тип е и соседното Личишча. Растојанието помеѓу овие две езерски села изнесува околу 500 метри и тие по тоа се слични со  потпанинските. Ова мало растојание доаѓа поради тоа што обработливата земја и псиштата не се помеѓу селата, туку источно и западно од нив.    

Од опишаните типови, многу чифлици се карактеризираат по тоа, што се посебни, речиси со геометриски правилен облик. По типот има чифлици: линијски, правоаголни, квадратни и кружни.

Во линиските чифлици спаѓаат Лажени (во битолската котлина). Лажени се состои од две маала: едно е „Куќа маала“, а другата е „Долна маала“. „Куќа маала“ е едноспратна и долга зграда во која под еден кров се пет чифчиски семејства. Линијскиот тип на чифлици потекнува токму од вакви долги куќи. Зидајќи вакви куќи, беговите трошат помалку материја за градба, отколку да ѕидаат за секој чифчија засебна куќа. Во Долна Маала, на левата страна на реката се наоѓаат неколку издвоени куќи, а на десната долга куќа за шест семејства...

Правоаголните чифлици се: Секулево (во битолската котлина), еден дел на Сари-Пазар, Аматово (во солунската котлин). Куќите на овие чифлици се наредени во два низа кои меѓу себе градат прав агол. На просторот меѓу краковите на правиот агол се наоѓаат гумна. Во чифлиците од овој тип беговите исто така граделе куќи за чифчиите и ги распоредувале така да на еден простор бидат сите гумна. На овој начин беговите и неговите субаши можеле да ја надгледуваат  работата на гумната – завршната работа околу добивањето на житото од кое за бегот одела половина...

Во четвртастите чифлици спаѓа Лембед кај Солун. Тој во целина е еден квадрат. Страните му се низови од чифчиски куќи, кои се свртени со лицето према внатрепноста. Еден агол на квадратот го завзема беговиот конак, а средината ја зафаќа  печката за леб, со која се служат сите чифчии. На квадратниот простор  помеѓу куќите се гумна, па така бегот лесно можел да ја надледува работата на нив. Освен влијанието на чифличкиот систем, кај квадратниот тип на чифлици се гледа донекаде и влијанието на земјиштето. Лембед лежи на езерска површина и отука било можно да се формира квадрат...

Еден дел на Вадришта (кај Пазар) речиси е правоаголна форма. Правоаголникот од згради тука го сочинуваат два амбари на бегот, во кои ја чувал својата половина добиена од чифчиите. Во поголемиот, двоспратен се чувала пченицата, јачменот, овесот и просото, а во помалиот оризот и сусамот. Другите згради на правоаголникот се едноспратни и долги куќи за чифчиите.

Во кружните чифлици спаѓаат (во солунската област): Каменик, Горна Маала во Вртикоп и Градиште. Кај овие чифлици куќите затвораат речиси цел еден круг и се свртени со лицето кон внатрешноста. На кружната површина се гумната па така бегот имал лесен надзор. Во типот на сите три споманти чифлици се гледа влијанието на земјиштето. Како што е спомнато, овие чифлици лежат на сочивасти возвишенија, па нивниот тип, преку положбата се гледа  влијанието на морфолошките објекти. 

Каменик преставува еден потполно затворен круг. Во темето на возвишението, во средината на чифликот се гумната, а околу се наредени куќите..    Западно од Каменик тече рекичка. На таа страна, поради водата, бројот на куќите е удвоен.

Во Вртикоп, во Горна Маала, куќите се наредени во два низа на источната и западната ивици на извишувањето, а малите административни над нив. На чело на двата низа се угледните беговски куќи. На средината на извишувањето, на празниот простор помеѓу куќите се гумната, каде се врши житото и се љупи пченката.

Кај Градиште, на западната ивица на возвишението има низ од шест ниски и долги чифчиски куќи, помеѓу куќите, на темето на возвишението е празен простор со гумната.    

Големото село Капуџилар, југоисточно од Солун, преставува спој од повеќе чифлици. Тука се сеуште останати долги куќи за чифчии и по некој беговски конак. Освен тоа се гледа и просторот на кој се гумната. Меѓутоа во Капиџилар има и слободни селани кои градат куќи по примерот на солунските. 

Покрај разните видови села од збиен тип и покрај населбите од чифлички тип, во јужна Македонија има и села поделени на маали, кои меѓу себе се јасно издвоени. Така во Топчиево (на долен вардар) се издвојуваат четири маали раздвоени со чаир (ливада). Една од нвв се вика „Турска Маала“. Североисточно од оваа, на растојание од околу 100 метра, е друга. Во маалите покрај секоја куќа има гумно. Поради тоа тие се разредени. – Вичишта (во костурската котлина) се состои од една голема и четири мали групи од куќи. Овие групи се опколени од ниви. Во Вичишта живеат исламизирани Арнаути, чии претци се доселиле како сточари од Арбанија. Подвоеноста на ова село на маали вероватно потекнува поради различниот начин на сточарење, а можеби поради некакви етнички причини.

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.