Среда, 29 Декември 2021   
Грците не можеле да го разберат македонскиот јазик

mak-jazikЗа древните Македонци се знае дека зборувале на сопствен македонски јазик. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древните историчари. Овде ќе спомнеме само некои од нив.

Древниот грчки историчар Плунтарх (Плутарцх), опишувајќи една распранвија помеѓу Алекнсандар Македонски и еден негов пријател, во својата бионграфија за Александар Македонски во 53-та глава, запиншал дека Алекнсанндар: 'скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довинкува своннинте штинтонноснци.'

Плутарх и на други места пишувал за македонскиот јазик. Така, на пример, во биографијата за Марко Антоние (Марц Антхонѕ), тој пишува дека припадниците на династијата на Македонците Птолемеи (наследници на александровиот генерал Птолемеј, кој подоцна останал да владее со Египет) зборувале на македонски јазик, иако некои од нив го запоставувале овој јазик за да можат да се разберат со своите не-македонски поданици во Египет. (Овој цитат од Плутарх види го во: Најпознати етнички Македонци, кои оставиле свој придонес во светската историја).

Дека древните Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф(Љуинтус Цуртиус Руфус).

Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филонта (Пхилотас), кој подготвувал заговор за убиство на Александар Макендонски (Љ.Ц.Руфус, 'Де Ребус Гестис Алеџандри Мацедонис',ВИ, 10). Заговорот бил откриен и Филота (Пхилотас) бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф (Љуинтус Цуртиус Руфус), опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во која, тој обракајки им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): 'мајчиниот' и 'нашиот јазик'. Александар му се обрнал на Финлота со збонронвите:

'Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?'

Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:

„Еве, гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да се гнаси од мајчинниот јазик?...Но, нека зборува како што сака, а вие спомнете си дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик“.

(Љуинтус Цуртиус Руфус: Историја на Александар Макендонски, во превод на д-р Љубинка Басотова, Патрија, Скопје, 1998, стр. 272).

Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол:

'Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчинниот јазик и дека сум се грозел од обичаите на Македонците. Значи така јас му се заканувам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној родниот јанзик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и победниците и победените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.' (Исто, стр. 274).

Сепак, во обвинувањата против Филота се вмешал војсководецот Болон (Боллон), кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): '...иако бил Македоннец, не се срамел, преку преведувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик'. (Исто, стр. 276).

И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на засебнниот макендонски јазик, што никаков коментар не е потребен. Исто така, од овој опис, гледаме дека, дел од Македонците, поради практични причини (поголема можнност за општење со другите народи и сл.) го користеле и туѓиот грчки јазик (кој овде е опишан како 'туѓ, странски јазик'), иако меѓу себе и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик.

Дека древниот македонски јазик бил сосема различен од грчкиот ќе спомнеме уште едно древно сведоштво. Се работи за еден пронајден фрагмент од папинрус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов 'Историја на наследниците' ("Хисторѕ оф тхе суццессорс") од древниот грчки историчар Аријан (Арриан). На овој фрагмент од папирус (ПСИ ЏИИ.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која повторно јасно е потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): '...испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски...' "...сендинг фортх а ман цаллед Џенниас њхо њас Мацедониан ин спеецх)"... за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа. Всушност оригиналниот збор со кој Аријан (Арриан) го опишал Ксение (Џенниас) бил зборот: 'Македонисти'. Интересно е што ист ваков термин постои и во денешнниот македонски јазик (иако можеби со малку поинакво значење).

Пишувајќи за овој документ, познатиот американски историчар д-р Борза пишува дека некои прогрчки автори (како на пример: Лидел, Скот и Џонс во нивниот Грчко-англиски речник Лидделл-Сцотт-Јонес ин тхеир "А Греек-Енглисх Леџицон") се обиделе овој термин да го преведат како 'човек кој зборувал на македонски начин' (стѕле оф спеакинг) (отприлика нешто како 'лаконскиот' начин на зборување и сл.). Но, д-р Борза оправдано го критикува ваквиот нивни став и е дециден во врска со толкувањето на овој термин, па вели:

'Контекстот на сцената опишана во овој фрагмент од папирус н# наведува да веруваме дека ова значело нешто повеќе отколку 'начин на зборување': Ксение, кој зборувал македонски, бил испратен од Евмен за да преговара со командантот на македонските единици. Ваквата мисија барала одлично владеење на јазикот, какво што очигледно им недостасувало на обичните Грци. Евмен, кој им бил секретар и на Филип и на Александар добро ги знаел овие работи. (Борза, стр. 92).

Македонската империја од времето на Александар Велики Македонски и навистина д-р Борза ова одлично го објаснува. Нема никаква логика ни да се претпостави дека Евмен во таква сериозна мисија би испратил човек кој знаел некаков посебен 'начин на зборување' (стѕле оф спеакинг). Несериозно е и да се помисли такво нешто. Напротив, тој испратил човек кој го знаел македонскиот јазик за да може да преговара со Македонците во таа сериозна ситуанција, а не да си игра мајтап со нив и да им се обраќа со некаков 'посебен начин на зборување' (специал стѕле оф спеакинг).

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори, секако повикувајќи се на релевантни докази, од кои некои веќе презентиравме. Дури и во 'Историјата на Грција', од авнторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот. Овде читаме:

'Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тракискиот, а по с# изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот...'

(Хисторѕ оф Грееце бѕ Георге Героте, Вол.ИИ, тхирд едитион, Лондон, Јохн Мурраѕ, Албемарле Стреет, 1851, дел 2, стр. 14 и 15).

Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал (Артхур Њеигалл) во врска со засебноста на древно-македонскиот јазик, пишува:

'Грците ... не можеле да го разберат макендонскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литерантура од која би можел да се проучува.'

(Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).

Вајгал дури пишува и дека мнозина Македонци не знаеле нинту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик и сосема јасно пишува дека мнозина Македонци не знаеле ниту збор од грчкиот јазик. Оценувајќи ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:

'Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена'.

Вајгал (цит. дело, стр. 267) повторно пишува во врска со познавањето на грчкиот јазик од страна на Македонците. Овде читаме:

'Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел младешки да не и се восхитува на атинската интелектуалност, и да се ослободи од непријатното чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.'

Што се однесува до веќе спомнатото испрашување на Македонецот Филота (Пхилотас), Вајгал (цит. дело, стр. 314) истото вака го опишува:

'Александар повторно побарал од него да зборува и го прашал дали ќе им зборува на луѓето на грчки или на македонски'.

Има уште многу други светски познати авторитети кои пишуваат за засебноста на македонскиот јазик. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.