Среда, 06 Декември 2017   
Меѓународна реакција по повод масакрот во Загоричани во 1905

zagoricani

На 25 март (7 април нов.стил) 1905 година околу 300 грчките андарти го запалиле селото Загоричани и го масакрирале цивилното македонско население. Во колежот извршен на црковниот празник Благовештение (Благовец) биле убиени 62 жители (жени, деца, старци), а многумина биле ранети. Веднаш по добиената информација за масакрот во Загоричани, во селото го посетил жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, а четири дена потоа пристигнала и комисија која бил составена од битолски конзули, италијански и турски офицери. Тие потоа ќе оишат ужасот кој зад себе го оставиле грките андарти.

Уште за време на нападот, од селото Загоричани биле испратени двајца курири кои требало да ја информираат власта во Битола за настанот. Меѓутоа, тие биле спречени од турскиот аскер, кој ги привел пред да стигнат да ги информираат битолските конзули. Сепак, наместо нив, Атанас Коков од Бобишта го информирал австро-унгарскиот и рускиот конзул за масакрот во Загоричани. По добиената информација, приквечер во селото пристигнал жандармерискиот офицер Козма Елилио Манера, За да може меѓународна комисија да испита што се случило, тој не дозволил убиените да бидат погребани, иако костурскиот кајмакам наредил труповите да бидат погребани. Но на наредбата на кајмакамот  се спротивставиле и селаните.

По четири дена во Загоричани пристигнала комисија составена од австро-унгарскиот конзул Оскар Прохаска, рускиот конзул Виктор Кал, двајца италијански, тројца турски офицери и Наум Темчев од Загоричани кој живеел во Битола. Селаните од Загоричани на комисијата му предале писмена изјава-протест, а исто така протестирале и селаните од околните села.

Членовите на меѓународната комисија по доаѓањето во Загоричани наишле на потресни слики. По извршениот увид и сослушвањето на преживеаните селани, во своите извештаи ќе го забележат злосторството извршено врз македонскиот народ од страна на грчките андарти. Така, битолскиот главен жандармериски полковник Албера за настанот потоа ќе каже:

"Како офицер во италијанската армија, учествував во многу битки со дивите африкански племиња. Често пати, тие биле заробени од страна на Африканците и нашите војници убиени. Но, убивање со таква жестока суровост досега не сум видел, и не наоѓам зборови за да ги квалификувам авторите на кривичното дело.“

Во своето извештај до англискиот амбасадор во Константинопол, англискиот конзул Мак Грегор во врска со овој настан ќе забележи:

"Вкупниот број на незакопаните тела пронајдени од полковникот и двајцата конзули е 68, вклучувајќи 6 жени и две деца, од кои последните се прободени со бајонети и распорени, а во еден случај е откриено дека цело семејство е разнесено со динамитни бомби од примитивен тип, фрлени низ дупки направени во ѕидовите на нивната куќа. Освен изгорените 13 куќи и исто толку плевни, Грците намерно исклале многу добиток, а малиот број на повредени, околу половина дузина, сведочи за совршен метод со кој е извршена касапската работа за ова кратко време од час и половина ...“

Бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, чии родители се со потекло од Македонија, во својот доверлив извештај до бугарската влада ќе наоише:

"Тие - рускиот и австрискиот конзул и италијанските офицери Алберта, Гастолди и Манера – се потресени од она што го видоа и констатирале. На улиците, во близина на црквата, лежеа трупови, сурово обезличени. Имаше 5-годишни деца со распорени стомаци, а жените беа убиени со пресечени раце. На некои черепите им биле скршени и мозокот им беше истекол, на други очите им беа извадени, рацете и нозете исечени и т.н. Еден од селските свештеници, 60 годишен старец, исто така убиен, бил покриен целиот со рани. Едно цело семејство беше убиени од бомби, кои беа фрлени преку ... две нарочно направени дупки. Таткото, мајката и двете деца се ужасно изобличени од бомбите. Најмалото 5-годишно девојче сакало да избега, преку вратата, но била спречено од бајонетите на Грците.

Рускиот конзул г-дин Кол плачеше кога ми раскажуваше за тоа што го видел. Австрискиот конзул Прохаска едвај ги задржуваше солзите. Тие велат дека такви ужаси не виделе да прават ни Турците за време на востанието.

Конзулите додаваат дека при влегувањето во селото, мирисот на рапаѓањето на труповите и пискотот на оние кои останале живи можеле да ја трогнат душата и на најсуровото срце.“

Масакрот во Загоричани бил причина за иселување на голем дел од населението на Загоричани, кое емигрирало во Сад и Бугарија, каде месното население со македонската емиграција оддржаа серија митинзи, а на брегот на Црното Море избувнаа анти-грчки немири. Сето тоа резултираше со палење на град Анхиало, по што дел од Црноморските Грци се иселиле во Грција.

Острите осуди кои доаѓаа од страна на меѓународната заедница, било причина грчката вооружена пропаганда времено да се смири. Имено, неповолниот одек по масакрот во Загоричани била причина командантите на грчките чети во Македонија да добијат наредба привремено да се воздржат од "напади и борби".

Во еден документ заробен од турските власти се вели: "... Жалбите по повод борбата во село Загоричани создаде пречки и мачнотии за нашата борба во Македонија. За да не се дава повод на османлиската влада да презема гонење против нас и бидејќи отсега луѓето кои ќе се фатат, ќе бидат предадени на специјални воени судови (вонредни), додека не се елиминира ова расположение и додека не престанат протестите на конзулите во Битола, ве советуваме да избегнувате секакви иницијативи и акции.“

Сепак, во отсуство на меѓународни санкции против Атина и Турција, по извесно време грчката вооружена пропаганда продолжува со своите активности во Македонија. На 28 септември 1905 година, следува нова крвава македонска свадба во леринското село Невојани, Егејскиот дел на Македонија.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.