Среда, 10 Април 2024   
Трлиски инцидент

Alexander Protogerov and Todor Alexandrov 1912-1918

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македонија од Букурешт 1913 година, македонското револуционерно движење во борбата за создавање на македонска држава прави напори да се обедини и бара поддршка од Советскиот сојуз. По долги преговори на преставниците на ВМРО, Македонската федеративна организација и Коминтерната на 6 мај 1924 година во Виена бил потпишан Мајскиот манифест од Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.

Манифестот бил објавен во јули во весникот „Federation Balcanique“ (Балканска федерација), кој ја запознава јавноста за обединување македонските револуционерни сили за престојната борба на Организацијата за ослободување и обединување на Македонија. Истовременото повикување на сите балкански револуционерни сили за создавање на единствен балкански револуционерен фронт предизвика загриженост и рекации на Белград, Софија и Атина.

Месец дена пред да биде убиен Тодор Александров (31.08.1924), Белградска „Политика“ од 29 јули1924 година на страна 4, пренесувајќи го извештајот од Виена од 28 јули, ја известува јавноста дека „Александров, Протогеров и Чаулев со ренегати и болшевици бараат Балканска федерација“. Во текстот под наслов „Акција на Тодор Александров“, меѓудругото се вели:

„На една седница, одржана во Цирих, се договориле сите револуционерни комитети на Балканот за единствен фронт. Во договорот со московската Трета Интернационала заклучено е да се издава заеднички орган, кој се вика „Federation Balcanique“ (Балканска федерација). Првиот број на весникот веќе е објавен.

Овој број го објави манифестот на Македонската Револуционерна Внатрешна Организација, потпишан од трите водечки личности: Тодор Александров, Протогеров и Петар Чаулев. Весникот потоа, од перото на Филип Атанасиев, објавува за помирување на македонската револуционерна и македонската федеративна фракција, кои досега беа непријателски расположени едни спрема други.

Понатаму ја објавува (изјавата) на народнот пратеник Хрват Дошен дека Хрватите се приддружуваат на македонското ослободително и револуционерно движење.

И членот на Косовскиот комитет Зиа бег Дибра пишува дека Арбанасите на Косово ќе формираат единствен фронт со Црногорците (!) и Македонците за да се формира федерација, која им овозможува на сите балкански народи самоопределување и се бори против смешниот шовинизам и империјализам. Само ако се сруши империјализмот, вели Зиа бег, тогаш може да се врати мирот и редот на Балканот.

Хрватот Валтер говори за политичката положба во Југославија и го прогласува Крфскиот пакт како ултра рекционерен инструмент, кој треба да се поништи. Единствено самоопределувањето и самоуправата на балканските народи може да го извлече народот од неподносливата положба во Југославија...“

По информацијата за формирање на единствен балкански револуционерен фронт, балканските монархии обвинувајќи се меѓусобно, ќе превземат низа мерки не само да ја уништат Македонската револуционерна организација, туку и да го заплашат македонскиот народ кој несебично му давал поддршка на Организацијата. Со особена жестокост продолжува теророт и масакрите врз невиното македонско население.

Неколку дена потоа, белградска  „Политика“ ќе го забележи првиот инцидент во кој жртви се македонските селани од Егејскиот дел на Македонија. На  02 август 1924 година, белградскиот весник известува за грчко – бугарски инцидент. Повикувајќи се на извештајот од Атина од 1 август, за овој инцидент  кој подоцна е познат како „Трлиски инцидент“ ќе го објави следното:

„ ...Пред некој ден, еден грчки мајор, обиколувајќи ја границата со неколку свои луѓе, бил нападнат од страна на една јака “бугарска“ чета во близина на селото Дални (?) северно од Серес, во близина на границата. Располагајќи со слаби сили, мајорот се повлекол, меѓутоа веднаш извршил испрашување и установил дека во нападот учествувале и некои селани од селото Дални. Уапсените виновници биле поведени во затвор, но комитите повторно извршиле напад, обидувајќи се да ги ослободат виновниците. Во борбата која се развила, загинаа 17 луѓе.

... Весниците ја обвиниле владата на Бугарија, која имајќи толку докази  за грчката добра воља, треба да превземе мерки и да ги спречи акциите на комитите. Грчката влада е решена да биде наумолива спрема сите кои ќе го нарушат јавниот ред. На границата се превземени сите потребни мерки.“

Всушност овој настан, подоцна познат како „Трлиски инцидент“, се случил на 27 јули 1924 година, кога грчки офицер уби 17 македонски селани во село Трлис, Егејска Македонија,  во близина на грчко-бугарската граница.

Имано, во 1924 година, Трлис, Ловча и Каракој се три македонски села лоцирани на грчка територија, откако Македонија е поделена согласно договорот од Букурешт од 1913 година. Со население од околу 800 луѓе, само 50 од нив биле грчки бегалци кои речиси штотуку биле доселени од Турција. Во Грција била воведена воена состојба од Владата на Темистоклис Софулис кој доаѓа на власт само три дена порано на 24 јули.

Официјалните грчки власти тврделе дека во саботата вечер на 26 јули жители на Трлис биле собрани на селскиот плоштад за да дискутираат за одлуката за репатријација меѓу Грција и Бугарија согласно Нејскиот мировен договор, кој обезбедува доброволна размена на население меѓу двете земји. Крајниот рок за прифаќање на преселување бил на 31 јули 1924 година.

Одеднаш се слушнале истрели и експлозии од блиската клисура, но без да има повредени. Мајор Калабиликис, командант на осмата погранична дружина, заповедал да се уапсат група од околу 70 македонски селани од трите села како осомничени за истрелите.

Следниот ден, недела, 27 јули Калабаликис му заповедал на својот помошник полковник Доксакис, грчки офицер од Крит, да ги премести 27 од приведени селани и да му ги доведе до администрацијата во Сер за испрашување. Доксаксис, наместо низ селото Горно Броди, на чело со 10 грчки војници, тргнал по теснен планински пат, заобиколувајќи ги прометниот правец меѓу Трлис и Горно Броди. Тој се вратил пет часа подоцна за да пријави дека неговите луѓе биле нападнати од комити и дека некои од затворениците се обиделе да избегаат. Тој наводно бил принуден да ги запре со истрели и така 17 од нив беа убиени.

Веднаш по инцидентот реагирале Македонците од Петрич каде бил составен граѓански комитет. Тие апелираат пред меѓународната јавност за интервенција против грчките ѕверства. Ова масовно убиство предизвикува и протест на Бугарија пред Друштвото на народите. Од таму беше формирана комисија за да го испита случајот.

Во извештајот на Марсем де Роовер и А. Ц. Корф, кој е претставен на 2 март 1925 година во Друштвото на народите, се нагласува дека во последните години во реонот немало никакви "комитаџиски" акти. Не се пронајдени никакви докази дека нападот од 27 јули е македонско дело. Трлискиот инцидент стана проблем за опстанокот на македонско малцинство во Грција. Тој доведува до меѓународен притисок од страна на Лигата на народите врз грчката страна и потпишувањето на бугарско-грчката конвенција за покровителство на националните малцинства Калфов – Политис (септември 1924).

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.