Среда, 10 Април 2024   
Македонска федеративна организација

ustav
Насловна на Уставот на Македонската федеративна организација

ustav2
Устав на Македонската федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација или Македонска емигрантска федеративна организација била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави.

Организацијата го издавала својот орган „Автономна Македонија“ под редакција на Иван Снегаров и Владислав Ковачев. Водечки личности во раководството на МЕФО биле: арх. Никола Јуруков, д-р Христо Далкалчев, д-р Филип Атанасов, Владислав Ковачев, Климент Размов, Никола Киров Мајски и др.

Дел од раководните личности биле убиени од ВМРО на Тодор Александров (1923– 1924), други емигрирале во странство, а некои од нив пристапиле во ВМРО (Обединета).

По Вториот голем собор на Сојузот на македонските братство од есента 1920 година шеесет делегати, на чело со Христо Далкалчев, Никола Јуруков, Филип Атанасов, Христо Татарчев, Александар Димитров, Владислав Ковачев, Милан Грашев, Јордан Анастасов се отцепиле од Сојузот и ја создале Привремена комисија на македонските братства во Бугарија.

Основачкиот конгрес на МФО бил свикан на 4 декември 1921 година и на него биле формулирани основните цели на организацијата - независна федеративна Македонија во која треба да има целосна еднаквост на народности, за да послужи како алка помеѓу балканските држави за обединување во идната Балканска федерација.

Легално крило се нарекувало Македонска емигрантска федеративна организација (МЕФО), а илегалното Внатрешна федеративна македонска револуционерна организација (ВФРО).

tablo
Табло со учесниците на конгресот од 1923 година

Набргу потоа Никола Јуруков ја предводел легалната фракција, а Филип Атанасов ја презел илегалната.

Во Тирана федералистите Филип Атанасов, Павел Христов, А. Василев, Христо Цветков и Крум Зографов стапиле во контакт со Александар Протогеров, за примирје и соработка помеѓу федералистите и автономистите како и привлекување на албанските револуционери кон македонското револуционерно движење

(косовскиот албански комитет на Реџеп Митровица и Бедри Пејани, со Хасан Приштина и Ахмед Зогу).

Била постигната спогодба за воспоставување на раководни органи во Албанија, за да се дистанцираат од владејачките кругови во Бугарија. Меѓутоа Тодор Александров набргу го отфрлил договорот. Федералистите го поканиле на нова средба Александар Протогеров во Виена, но тој ја одбил.

Помеѓу 14 и 17 октомври 1922 година чети на ВМРО на чело со Алексо Василев и Георги Атанасов го окупирале Неврокоп во т.н. Неврокопска акција на ВМРО и ја избркале федералистичката чета на Тодор Паница. Деецот на федералистката организација Григор Циклев во Ќустендил на 17 ноември 1922 година го убил Велин Алајков, учесник во преговорите помеѓу ВМРО и земјоделската влада на Александар Стамболиски. Како одговор ВМРО ја извршила т.н. Ќустендилска акција на ВМРО.

Во јануари 1923 година легална фракција се слеала во Сојузот на македонските братства, а печатените органи „Автономна Македонија“ и „Македонија“ се обединуваат и го сочинуваат весникот „Независна Македонија“. Потоа федералистите основале нов весник „Македонско сознание“, кој го издавале во Белград и ги истакнувале македонските позиции.

Тодор Паница се отцепил и основал сопствена МФО, а во 1924 година се зближува со автономистите, и заедно учествуваат во создавањето на Мајскиот манифест. Во 1925 година под водство на Тодор Паница и со помош на Грција и Кралството Југославија во трите дела на Македонија дејствуваат федералистички чети, чија цел е да ја уништат ВМРО.

ВМРО успела да ја исчисти Пиринска Македонија од федералистичките дејци и чети, биле преземени неколку акции, како што е масакрот кај Дабница, Менча Крничева го убила Тодор Паница. МФО ја изгубила својата база во Пиринска Македонија по што дел од федералистите се приклучиле на Бугарската комунистичка партија и ВМРО (Обединета), во 1925 година МФО престанала да постои.

Извори

Окружно број 774 од 2 август 1924 година

„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, Македонския Научен Институт, София, 2002 г.

Тюлеков, Димитър. „ВМРО в Пиринско 1919-1934“, Унив. Изд. “Неофит Рилски”, Благоевград, 2001 г.

Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 477.

Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр. 107-108.

ВМРО прогонва федералистите от Неврокоп, от сайта БГ Хистори

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.