Среда, 14 Март 2018   
Срби, Грци и нивните пријатели тврдат дека ние, Македонците, сме разбојници

georgi-trajcev

Познат под псевдонимите Вестителов, Г. Мајков, Георги Траjчев од Прилеп по Првата светска војна пишувал спомени и книги на македонска тематика. Убавите критиката за обијавените дела во Македонската библиотека во Софија ќе го инспирираат да продолжи со својата публицистичка  дејност. Во 1928 година, како учител во Четвртата Софиска прогимназија ќе објави книгата  „Духовните качества на македонските българи“ (Македонска библиотека № 7 София-Печатница “Родопи” Т. Клисаров-1928), која преставува одговар на навредливите зборови од страна Србите и Грците и нивните пријатели кон Македонците.

Во својот предговор тој вели: „Срби, Грци и нивните пријатели тврдат дека ние, Македонците, сме "разбојници" на Балканот без секаква култура и дека македонската емиграција во Бугарија која брои само неколку илјади луѓе, сè еснаф луѓе! Трети пак странци неуки или засегнати личности зборуваат дека, ако на Македонците им се даде самоуправа, ќе имаме втора Албанија. За да се разберат нашите непријатели и заинтересираните странци, кои се и какви се Македонците, собрав поважни докази од наши и странски научници и од мои лични согледувања кои зборуваат за духовните заложби на Македонците. Денес, кога македонското прашање повторно завладеало со јавното мислење кај нас и во странство и кога тој утре ќе се стави и на зелена маса низ разните дипломатски канцеларии, појавата на бел свет на слична книшка којашто би послужила дури само како една референца, ја наоѓам за навремено.“

Инаку, Георги Траjчев Георгимаjков (1869 –1945) бил просветител, фотограф и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. По Втората балканска војна, српските власти го протерале во Бугарија, каде работел како учител. Во своето објаснување кои се Македонците и нивните духовни  вредности, авторот како бугарски поданик, иако говори за бугарите од Македонија, тој како Македонец јасно прави разлика меѓу Македонците и Бугарите. Така за она што Македонците им го дале на бугарскиот народ тој ќе напише:

„Македонија го дала христијанството и писмото на бугарското племе

Бугарската држава се состои од потомците на Аспарух и од Сллавјани, од кои дел веќе прифатиле христијанството, особено оние во Македонија. Две раси - прабугарски и словенска исповедаат две религии - прабугарски паганска, славјанска паганска и христијанска - се основните елементи на бугарската држава. За нивно спојување во една нација, потребни се посилни духовни средства отколку политичка моќ. Тие средства, кои влијаат на душата биле христијанството и пишувањето. Со нив се послужи и кнез Борис (852-888), за да внесе внатрешно единство во своето кнежевство. И двете овие морални сили излегле претежно од македонските Славјани. Тие први масовно го беа прифатиле христијанството, и од нивната средина беа излегле создателите на Славјано-бугарската азбука. Апостолите Кирил и Методи, родени во Солун, и епохалниот факт, преводот на св. Писмо во IX век од двајцата солунски браќа, е извршен на едно бугарско-македонско наречје, кое сега служи како основа за изучување на сите славјански јазици и кој во науката се нарекува старобугарски јазик. Карактеристични остатоци од овој јазик сретнуваат и до денес во говорот околу Солунско, Преспа и Костурско. Така, Македонија уште во 9 век станала лулка на старобугарската писменост. Делото на св. Кирил и Методи во Македонија го продолжија нивните ученици, меѓу кои најмногу заслуга со плодна просветна дејност допринел св. Климент, Охридски архиепископ. Св. Климент направил од Охрид главен просветен центар, од каде се шири светлина по целата бугарска земја. Со не помалку слава се споменува името и на св. Наум Охридски, друг ученик на св. Кирил и Методи и современик на Св. Климент.

Кога источна Бугарија во втората половина на X век од самиот почеток подпаднала под расипаното влијание на Византија, а потоа и под нејзините удари, Македонија била таа, која го подигнала високо знамето за национална независност: Цар Самуил (976-1014 година) го обединил повторно бугарскиот народ и 38 години се борел за да ја зачува целоста на бугарската држава. Македонска Бугарија, пишува Рамбо, "била воинствена, повеќе феудална, со силно национално чувство, повеќе антигрчка од оваа Бугарија, на која Великиот Преслав бил престолнина." 1) Охрид бил седиште на воспоставена од Самуила бугарска патријаршија, која постоела под името на Бугарската Архиепископија до 1767 година (види: Македонците во културниот и политичкиот живот на Бугарија, 1918)

Против византиското владеење востануваат први македонските Бугари (1040) под водство на внукот на цар Самуил, Петар Делјан. Центар на ова востание бил Скопје. Триесет години по ова востание избувна второ, повторно од Скопје, на чело со бугарските скопски бољари и нивниот водач, Георги Војтех. Од Мекедонија се и книжевниците кои дејствувале уште во XV-XVI век: Станислав од Кратово (1350 година), Исаија монах од Серско (1371 година), ѓакон Димитар од Кратово (1460), Владислав Граматик (1466 година) од с. Жегливо (Кумановско), Висарион јеромонах (1547 година) од Дебар, Христо Граматик од тиквешките села, Стефан монах од Скопско и др. (А. Стоилов - Нашите писатели и преведувачи од 14 и 18 век, "Бугарска колекција" XVIII (1911)).

Македонија ги сочува најстарите споменици на бугарското племе. Тие се: Светогорскиот (980); надгробната плоча на цар Самуил (993) поставена над семејната царска гробница во селото Герман (Преспанско) и Варошкиот натпис (996) над манастирот Св. Арахангел во селото Варош (Прилеп).

Македонија е татковина на богомилството

- Богомилството, ако и да е рожба на манихејската ерес, пренесена од Ерменија во Византија и од таму во Бугарија, таа, сепак, во Бугарија се разви под името богомилство и оттука почна да се шири на запад, во Италија, Франција и др. земји од средна Европа под различни имиња. Богомилството кое што игра огромна улога во внатрешниот историски живот на Бугарите уште од самото покрстување во XV век, ако не и подоцна, имало големо значење не само за нас и за Западна Европа, туку и за целиот христијански свет.

Иако местото за живеалиштето на поп Богомил и неговото потекло не се знаат со сигурност утврден факт е дека "крстосница" и "татковината" на богомилството е Македонија. Во гр. Прилеп, во планината Бабуна, каде и сега едно село се вика Богомила, имало богомилска општина, вели Иречек (Историја на Бугарите, стр. 280). Истото го тврдат и научниците: Р. Каролев, Петранович, Милетич, Ив. Г. Клинчаров и други. Имајќи пред вид оваа околност, веродостојно е да претпоставиме дека и родоначалник на богомилството ќе да е роден во некој град или село на југозападна Македонија. И преданието вели дека поп Богомил е роден во село Богомила, сместено во северо-источните поли на Бабуна, во областа Азот-Велешко.

Преродбата на бугарскиот народ доаѓа од Македонија

И, во поново време од Македонија доаѓа првиот повик за народна преродба на бугарштината. Првиот бугарски историописец, Отец Пајсиј, кој во втората половина на XVШ век го запали народното сознание, се родил во 1721 год. во северо-македонските предели. Во 1741 година Христофор Жефарович, родум од градот Дојран, ја издал во Виена својата "Стематографија" со грбовите на Бугарија и бугарските светци. Македонец беше и Хаџи Јаким Крчовски (од с. Осломево - Кичевско) - првиот “бугарски“ писател кој почнал да печати книги на новобугарско наречје уште од 1814 година. Од северозападна Македонија (с. Теарце - Тетовско) бил и Кирил Пејчиновиќ, кој продолжи со воведувањето на простонародниот “бугарски“ јазик во книжевноста. Неофит Рилски, татко на бугарските педагози и филолози, автор на првата бугарска граматика, е исто така Македонец (од с. Банско, Разлошко). Првата бугарска печатница во XIX век била откриена пак во Македонија - во Солун од Хаџи поп Теодосиј, од Дојран. Македонија ги роди и првите фолклористи на “бугарскиот“ народ, браќата Димитар и Константин Миладинови од Струга...

Со полно право професорот А. Теодоров- Балан тврди дека сите главни културни потфати на нашето племе доаѓаат од Македонија. Христијанството, писменоста, преродбата, новобугарската книга, првата бугарска печатница – доаѓаат од југ - од Македонија и се шират на север. Ова тврдење на професорот се поткрепува и од новоиздадени книга на нашиот научник фолклорист А. П. Стоилов - "Бугарски книжевници од Македонија", каде што покрај горенаведените дејци се редат и бесмртните имиња на: Митрополит Натанаил - Охридско-Пловдивски (од с. Кучевиште, Скопско), Митрополитот Партениј (од с. Галичник, Дебарско), Јордан х. Константинов-Џинот од Велес, Григор Прличев од Охрид, Јосиф Ковачев од Штип, Ксенофонт- Рајко Жинзифов од Велес и др. Вкупно 15 мирски и 12 духовни книжовници до 1878 година

Македонија прва почна да ги прогонува грчките епископи

Првиот бугарски епископ ја видел Македонија. Македонија прва почна да се бори со Грците за слобода на бугарската црква. Скопје даде сигнал за прогонување на грчките владици уште во 1828 година. Разрешувањето на бугарскиот црковно прашање се заостри од постојаните клевети и интриги на Патријаршијата пред турската власт. Му беше потребен нов поттик; тој повторно дојде од Македонија. Во 1858 година Кукушките Бугари го внеле народниот јазик во црквата и побарале бугарски владика за епархијата. На оглушувањата на патријаршијата, кукушани на 22 јули 1859 година упатиле до Папата Пие IX молба дека сакаат бугарски епископ при одредени услови, како признавање на унијата. Оваа епизода најдобро ги карактеризира македонските бугари во нивните напорна борба за своја црква и училиште, за свој јазик и народност. Таа постапка на кукушани го збунила фенер, па Патријаршијата, за да ја спречи унијата, го именувала првиот бугарски владика за Кукушката епархија Партеније Зографски во 1859 година Така, Кукуш, жртвувајќи ги своите религиозни убедувања, за да го спаси своето национално самоодржување, прв извојува бугарски владика, при вратите на Солун. Не се малку и македонски градови, каде што не се сеќаваат на грчки букви и писмо. Велес, Прилеп и други. Градови и манастири низ Македонија служеа во црквите и училиштата само на бугарски јазик. (Македонците во култ.-полит. Живот на Бугарија 1918 година)

Во револуционерните борби на Бугарија учествуваа и Македонци

Македонските Бугари во преродбата на бугарскиот народ и зацврстувањето на бугарската држава и бугарската култура го вложиле не само умот, средства и напори, туку и крвта на најдобрите синови.

Во 60-тите години на минатиот век, пред да се реши црковното прашање, започна револуционерното движење за политичко ослободување на Бугарија. Македонците исто така учествувале во револуционерната борба. Во четите на Филип Тотју (1862-1867 и 1876 година) учествуваа Македонци: од Тиквешко, Пехчевско, Велешко, Охридско, Мехомијско, Куманово, Битола, Дебар. Во четата на Хаџи Димитар и Стефан Караджа во 1868 година учествуваа Бугари од Куманово, Велес, Прилеп, Кукушко, Воден, Скопско, Горна-Џумаја. Во четата на Христо Ботев сретнеме револуционери од Велес, Тетово, Неврокопско, Крива-Паланка, Охрид, Серско. Дедо Ильо Марков од Берово и Христо Македонски од с. Горни-Тодорак (Кукушко) се издигнуваат до ситуацијата да бидат војводи. Ѓорѓи Измирлиев-Македончето од Горна-Џумаја е главен водач и организатор на револуционерното движење во трновскиот округ во 1875 година, на кого благодарните граѓани од Горна-Орјаховица му издигнале споменик. По избувнувањето на востанието во Тракија (19 април 1876), се кренаа и Бугарите во Македонија. Знамето на главниот војвода Димитар п. Георгиев од селото Берово беше подготвено од Станислава, ќерка на познатата македонска учителка баба Недела Петкова.

Македонците учествуваат во војните во Бугарија

Во руско-турската војна (1877-78 г,) помеѓу доброволците бугари, кои формираа 6 ополченски дружини и кои го покрија со слава Самарското знаме, при Шипка, има не малку Македонци. Тие се 411 лица од разни краишта на Македонија: Охрид, Тетово, Гостивар, Битола, Солун, Куманово, Паланка, Неврокоп, Мехомия, Крушево, Кратово, Прилеп, Велес, Дебар, Лерин, Кичево, Струга, Ресен, Штип, Скопје, Кукуш и на други места.

Во подготовка, организирање и спроведување на револуционерниот чин при соединувањето на Источна Румелија зедоа видно учество и македонските младинци на времето: Димитар Ризов, Никола Генадиев, Андреј Љапчев, Пере Тошев. Сојузот стана. Во српско-бугарската војна, зедоа учество и многу македонски доброволци, надвор од оние што беа повикани под знамињата како редовни војници и офицери. Нивниот број (на доброволци) е повеќе од 500.

Многу Македонци се во првите редови на политичкиот и културниот живот на Бугарија

Македонците во Бугарија се како во својата земја. Со своите способности секогаш и значително се застапени во сите правци на бугарскиот политички и културен живот. Поезија, новинарство, книжевност, учителство, професура, политика, финансии, трговија, медицина, и др. – насекаде македонскиот бугарин е достојно и добро презентиран. Така, Македонија му дала на Бугарија: 8 министри, 20 дипломати, 70 пратеници, 10 митрополити, 15 универзитетски професори, околу 100 писатели и публицисти, 35 уметници, скулптори, музички сили, оперски пејачи, глумци; 30 високи државни службеници во народната просвета; 150 судии, истакнати судии и адвокати; околу 100 високи државни службеници, 80 познати лекари; 40 повидни инжинери и архитекти, 800 офицери, меѓу кои 8 генерали, 31 полковници, 56 подполковници. Освен тоа, има 1568 наставници, 200 духовни лица и околу 5.000 други државни службеници во училиштата.

Од чиста љубопитност само да ги проследиме во последните неколку години институциите, институтите, разните политички организации и новинарството, за да ги видиме лицата кои стојат на чело и им даваат често пати такт, тон и водство на овие институти. Ректорот на универзитетот беше: Милетич и Георгов; Претседател на Академијата на науките е проф. Л. Милетич; директор на етнографскиот музеј беше: АП. Стоилов и Св. Костов: директор на Националниот музеј: Протич; Директор на Народниот театар: Професор Арнаудов Директор на Првата женска гимназија -Антонов; на втората женска - Т. Велев; директор на печатот беше Н. Милев и Д. Павлов беше секретар на Министерството на просвета: Ф. Манолов, гл. уч. инспектор: Н. Дорев; началник на средно образование: П. Маркулков; Главен секретар на бугарскиот св. Синод -Христо Попов, ректор на Пловдивски семинарија - епископ Панарет, на софиската семинарија - архимандрит Борис, директор на 1 машка гимназија: Георги Раев, Крстев; директор на III женска. Педагошка гимназија - Христофоров; Директор на Чирачкото училиште - П. Мартулков; директорите на II, VI, VII, VIII, XIII, XV, XVII и XVIII прогимназии во Софија се Македонци; Претседател на Врховниот касационен суд беше: Ив. Каранџулов; Обвинител на Соф. Окружен суд -  Чајлев; претседател на Соф. окр. суд - Ил. Александров и Ил. Чаилев; Директор на Институтот за хигиена - д-р Вл. Руменов; Директор (и прв бактериолог) на Бактериолошкиот институт - д-р Михаил Иванов; Директор на државните долгови - д-р. Н. Стојанов. Единствениот познат нумизматилар во нашата земја Н. Мушимов е од Струга; Директор на Државната печатница е Ј. Македонски; директор на фабриката за свила во Софија беше Чеков, од Екши-су; истиот човек сега изгради фабрика за свила во Пловдив.

Ако ги проследиме лидерите на разните политички партии во земјата, повторно ќе наидеме на Македонци. Така, комунистичкиот лидер беше Димитар Благоев; широко-социјалистички - П. Џидров; Радикали - Ил. Георгов; либерали - д-р Н. Генадиев, демократи (сега, говорници) - А. Љапчев. Па и на чело на дневниот печат во Софија се Македонци. Еве ги нивните имиња: директор на в. "Слово" - Н. Милев и Л. Кулишев; уредник на "Слободна говор" и "Слово" -Георги Кулишев уредник на в. "Препорец" - А. Љапчев; на в. "Смеа "- В. Пашов; на в. "Зора" - Д. Крапчев; на "Ехо де Булгари" - Хр. Силјанов, Ст. Симеонов; директор на претпријатието в. "Утро", "Дневник" - Ст. Тилков каде се има и други Македонци; во редакцијата на в. "Мир" - Д. Брзицов; во редакцијата на в. "Радикал" - Ил. Георгов; во редакцијата на в. "Народ" - Џидров; во редакцијата на в. "Независне-мост" - А. Ризов. Професорот Ал. Балабанов го уредува списанието. "Развигор"; Македонци го редактираат списанието. "Македонски преглед"; Г. Трајчев ја редактира "Македонска библиотека". Покрај тоа Македонци ги уредуваат в. "Независна Македонија", в. "Илинден", в. "Елан" - (сега само дневниот весник "Македонија"), "Родина " - списание. на македонскиот младински сојуз; илустрација "Илинден".

Оваа анкета се однесува само на главниот град, додека провинцијата не е опфатена. Друга анкета ни кажува дека авторите на најдобрите учебници на бугарски јазик се македонски учители: Д. Мирчев, Ив. Дорев и Климент Караѓолев. А геометријата и аритметиката на П. Мартулков наишла на сеопшто  одобрување на учителите. Д. Цонев е автор на многу учебници за природна историја, а Л. Симидчиев, Ив. Бојаџиев, Благој Димитров, Г. Раев се автори на многу препорачани учебници за алгебра, физика, збирки по алгебра и други. Една трета анкета не изненади бидејќи и потеклото на бесмртниот автор на Бај Гањо - Алеко Константинов е од македонските доселеници во Свиштов.

Македонско потекло имаат и П.Славејков, Пенчо Славејков. (од Разлог). И во жилите на браќата Димитар и Антон Страшимирови, тече македонска крв. Во Копривштица има "Арнаутска маало", каде е живеел родот на Каравелови од македонско потекло. А една мала екскурзија низ дипломатските канцеларии ни открива дека: 1) Полномошниот амбасадор во Рим е Гоце Радев (од Битола); 2) ополномоштен амбасадор во Лондон е Панчо х. Мишев (од Солун), 3) ополномоштен амбасадор во Вашингтон е Симеон Радев (од Ресен), 4) ополномоштен амбасадор во Атина е Добре Живков (од с. Плевна, Драмско), 5) ополномоштен амбасадор во Букурешт е Поменов (од Прилеп), 6) ополномоштен амнасадор во Будимпешта (сега во Ангора) е Т. Павлов (од Скопје), 7) поранешни амбасадори се: Панчо Дорев, д-р Генадиев, д-р  К. Помјанов и др. 8) Димитар Наумов - приватен секретар на царот, 9) Дрндаров (покојниот) беше таен советник на царот. И денес судбината на Бугарија е во македонски раце: г. Андреј Љапчев, премиерот е од гр. Ресен (Македонија).

Македонците се исто така големи патриоти

Огорченоста на Бугарите во Македонија од случувањата во Берлин се одрази во вооружен конфликт. Есента 1878 година избувна масовно востание во долината на Струма, со центар во Кресна, и во Разлошката котлина со центар во Банско. Во западна Македонија, во градовите Скопје, Куманово, Велес, Прилеп и Охрид брзо се појавија конспиративни организации. Најсилно се појави револуционерно движење во 1880 година во Прилепскиот и Охридскиот регион. А гледајќи го нехуманото, политичко и економско угнетување, на кој беше подложено македонското население, од една страна, безброј пречки за неговото културен развој, од друга, - македонската интелигенција одлучи во 1893 година да го постави револуционерното движење на цврста основа.

Така се создаде Внатрешнтаа македонска револуционерна организација, која продолжува и до ден денешен - цели 34 години, да води очајна и нерамна борба со државната тиранија на подтисничките режими: турски (во минатото), српски и грчки денес. А најдобар доказ за боречкиот дух на Македонците е Илинденското востание (1903 г.), таа голема епопеја која ја потресе од основа вековната турска империја, го издигна Македонецот во очите на европската дипломатија до степен на херој и ги освои симпатиите на цивилизираниот свет. Огромните морални, материјални и човечки жртви, што ги понесе и продолжува да трпи македонското население, за да стекне слободен живот и да го зачува јазик и народноста; подготвеноста, самооткажување, посветеноста, самопожертвоваността изразена во стотици и илјадници примери, високо зборуваат за високите негови квалитети: жежок патриотизам и силна љубов кон слободата и независноста. Акциите на Гавазов и Чемков во Прилеп (1898 година), самоубиството на Патчевата чета (1902 год.) Во Кадино село, Виничката афера, фрлањето на Даскалов во провалијата и бројните нови акции од овој вид, доволно зборуваат за тоа.

Дојде на 5 октомври 1912 година, настапи големиот момент за ослободување на поробената Македонија. Сите Македонци, кои го прифатиле бугарско државјанство и ја минале воената обука во касарната, застанаа под знамињата на полковите во редовната армија. А оние, што не фигурираат во регрутните листи, побрзаа да се запишат како довроволци и го формираа таканареченото Македонско-одринското ополчение, кое броеше 14,670 лица. Необучени, необлечени и невооружени, поради недостаток на оружје и облека, тие гореа од нетрпение да влезат во борба со вековниот непријател. И дејствувајќи, тие се разликуваа. Македонскиот доброволен корпус, команда од офицери Македонци, ја зазеде Ѓумурџина, учествува во заробувањето на Јавер паша со неговиот 10-илјаден одред и се бори при одбивањето на турскиот десант кај Шаркој предводен од Енвер Паша. Четите на Внатрешната организација, со своите акции, го потресоа тилот на турската војска, а не малку услуги им направија на сојузниците Грци и Срби. Со уште поголема жестокост се бореше доброволниот корпус кај Султан-тепе, против новите поробители - Србите во Втората балканска војна. Со не помалку ентузијазам, беше поздравена општо-европската војна од Македонците. Кога беше објавена мобилизацијата на бугарската војска, македонските иселеници се јавија масовно и формираа голема доброволна армија. Оваа армија на 16 септември 1915 година броела 33.764 лица. Сите офицери во оваа армија беа Македонци. Храбро се бореа Македонците кај Тетово, Криволак, Богданци и Беласица од почетокот на војната до крајот. По другите дивизии учествуваа редовните војници Македонци. Нивниот број изнесувал 22.445 луѓе. Ако се додадат кон нив и новите контингенти, собрани низ ослободена Македонија, ќе го добиеме, без претерување, вкупниот број на Македонците, околу 80.000 воени чинови и 755 офицери.

Македонија, исто така, им даде и на другите држави достојни синови како државници со просветлен ум. Така Србија (уште при создавањето) го имаа Михаил Тодоров Германов (од Разлог) за претседател министер при кнез Михаил, а Марко Георгиевич - српски дипломатски претставник во Букурешт. Никола Белин - министер на кнез Милош. Пандо х. Сотиров - претседател на трговската комора во Белград. Од прилепското село Дабница е роден Доситеј Новакович (1764-1854). Тој станал монах во Зографскиот бугарски манастир и се врати во својата татковина, но прогонуван од Турците, избегал во Србија. Во 1833 година, Доситеј бил избран за тимочки владика, со седиште во градот Зајечар-Неготин, каде што помина. Тој бил познат како Бугарин, за што сведочи и ѓаконот Стефан Ковачевиќ од Призрен, во едно рачно писмо од 1851 година, чувано под № 402 во ракописното одделение на Соф. Нар. Библиотека.

И на Грците, им дадовме македонски Бугари. Јован Кукузел - пејач чии композиции се зачувани во псалтикијното или паралагијното нотно писмо - е бугарин од Македонија. Григориј Акиндин е роден во Прилеп, потомок на Мизи, односно Бугарин. Тој бил истакнат полемист и писател, ракоположен за Архиепископот на Солун. Во средината на 14 век, Византија била позната по бројни верски движења и расправи Еден од првите лица во тие духовн бил Акиндин. И на патриајаршискиот престол во Цариград имало бугарин од Македонија...“

На крај од ова дело Трајчев заклучува врз основа на дадените податоци дека тие даваат увид на високите ментални капацитети на Македонците од релативно подалечното минато, дури и од самата појава на Светите Кирил и Методиј. Укажувајќи на сето она што им го дале Македонците на бугарскиот народ Трајчев прави јасна дистинкција меѓу двата народи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.