|
|
Струшки вредности - 1928 година! |
„Во овој дом сретнав еден редок човек во нашата земја, еден благороден странец, кој со право го дише нашиот воздух, кој со алал го јади нашиот не баш така сладок леб. Тоа е доктор Николај Незнобински (Никола Незлобински – н.з.) сјаен и лекар, и научник и јавен деец. Иако не основач на овој дом, тој е необично заслужен за таа установа, бидејќи го донесе во сегашна состојба и како некаков подвижник постојано во неа работи предано и чудесно со невидена љубов према ближните. Покрај Струга тој под своја управа ги има поликлиниките во Охрид и Кичево, па пак стигнува да го направи потребното, иако нема повеќе лекари или официјално лице за службена преписка.’ – пишува еден од водачите на српската пропаганда во Македонија и дописникот на Политика меѓу двете Светски војни Григорије Божович. Николај Незлобински (Пјатигорск,12.V.1885 – Струга, 17.V.1942) e македонски ендопаразитолог и природонаучник од руско потекло. Дипломирал на Военомедицинската академија во Санкт Петербург во 1912 година. Првата светска војна младиот Незлобински го затекнала како лекар на руската Црноморска флота. По победата на Октомвриската револуција, како припадник на белогардејците, Незлобински бил принуден да ја напушти Русија и, заедно со сопругата Софија и со неколку другари, пристигнал во Југославија, при што бил распореден на служба во Крива Паланка. Потоа, на 28 август 1924 година, Незлобински, заедно со својата сопруга и соработниците, пристигнал во Струга, со задача да ја уништи маларијата, која во тоа време била голем проблем во градот и во околината. По доаѓањето д-р Незлобински започнал со следење, систематско запознавање и проучување на здравствените и хигиенско-санитарните прилики. Врз основа на добиените сознанија, (дури 50% од населението во Струга и селата боледувало од маларија), д-р Незлобински презел конкретни мерки. Исто така, како голем љубител на природата, д-р Никола Незлобински, во една од бараките на болницата, поставил постојана музејска поставка и со тоа ги втемелил Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ и музејската дејност во Македонија. Со резултатите од работата на Незлобински, по четири години од доаѓањето во Струга, не запознава дописникот на белградска „Политика’ Григорије Божович, кој во вториот дел од статијата „Струшки вредности“ (објавена во Политика, 03.07.1929 стр. 8,), пишува: „ ...Но, за Струга е прав благодет основаниот здраствен дом за борба против маларијата и тифусот. На мостот непосредно над Далјан исушени се и насипани Дримските баришта, легло на маларичниот комарец, направен е парк и тука е изградена поликлиника, јавно купатило и јавна пералница, со уште неколку бараки за зоолошки музеј и други потреби. На оваа установа треба најмногу да и се заблагодари за подобрување на здраствената состојба во градот и околината, бидејќи на нејзино настојување почна исушувањето и продупувањето на шеснаесет артериски кладенци во Струга и срезот. Во овој дом сретнав еден редок човек во нашата земја, еден благороден странец, кој со право го дише нашиот воздух, кој со алал го јади нашиот не баш така сладок леб. Тоа е доктор Николај Незнобински (Никола Незлобински – н.з.) сјаен и лекар, и научник и јавен деец. Иако не основач на овој дом, тој е необично заслужен за таа установа, бидејќи го донесе во сегашна состојба и како некаков подвижник постојано во неа работи предано и чудесно со невидена љубов према ближните. Покрај Струга тој под своја управа ги има поликлиниките во Охрид и Кичево, па пак стигнува да го направи потребното, иако нема повеќе лекари или официјално лице за службена преписка. Кога сето ова човек го знае, тогаш колку може да се зачуди кога ќе влезе во зоолошкиот музеј, тука покрај домот, сместен во една згодна германска барака, слична на вагон. Тој музеј, не само што е научно среден, туку е толку богат да преставува една национална вредност. Речиси целокупната фауна најдена во најдобри примероци, е препарирана и распоредена со една необична вредна рака. Ѕверови, срна, рис, тршчана дива мачка, полска лисица, пеликан, лебеди, ждрал, амије (?), риби и бубачки. Се што во овој крај живее или ветровите го донеле, до египеткиот акрид – храна на Јован Крстител и разни паразити бубрежни и цревни кои со тешка мака се пронајдени. Средени, научно именувани муви и комарци има преку три илјади, и уште толку да се проучат и распоредат. А колку е тука потребно знаење, волја, време и научна прирачна литература!. Ни во сон не можев да се надевам дека вакво чудо ќе најдам во Струга... Покрај тоа д-р Незлобински стигнал со младите од Струга да оснува соколска жупа, со која тој лично предводи. Тука, недалеку од поликлиниката, оградено и убаво расчистено соколското бежбалиште. Замислите, Струга има 3.500 жители, а 328 членови на соколското друштво! Нема по погодна организација за националното зајакнување и моралното чување на младината на југот од соколството, па затоа на неа треба да и се обрати внимание, особено на вакви мали раскрсници. А Стружаните се без средства. Докторот долго ми се жалеше како е ограничен на најпростите вежби, бидејќи немаат инструменти, нити можат да бараат пари од овој сиромашен свет. Ветувано е повеќе пати, но залудно. Големо ветување даде и д-р. Корошец кога беше во Струга и го посети домот и вежбалиштето. Управата на Соколите ми изјави најпосле надеж дека „Политика“ за оваа работа ќе направи апел до надлежните и јавноста. Само да знаете колку доктор Незлобински молеше, како што моли човек за родено дете во постела... Како и да е, тој доктор Незлобински од Струга има на располагање еден автомобилска крш кога треба брзо да стигне во Охрид, Кичево и ... IX група, иако веќе пет години е наш поданик, иако во царска Русија би бил веќе редовен универзитетски професор.“ Мора да напоменеме дека Григорије Божович (Придворица, 1880 — Београд, 1945), бил книжевник, професор на призренската богословије, едан од водачите на српската пропаганда во Македонији, првенствено во Битолскиот одбор на српската четничка организација, а потоа и пратеник во Народното собрание во Скопје. Сепак, како дописник на Политика, во истиот текст „Струшки вредности“,овој српски радикал уште во првиот дел ни дава интересен опис на животот во Струга во 1928 година, заложувајќи се притоа за населението кое живее од рибарство. Во овој дел, тој меѓудругото ќе напише: „За прецветот на Струга од првокласно значење е да се продолжи со работите околу чистење на Дримот, кои се доведени до испод градот, нешто подолу од познатото ловиште Далјан. На тој начин ќе се добие огромен простор на најплодна земја и конечно ќе го оздрави ова место кое по положба, по висина, по околините планини и езерото треба да бидат едно од најздравите живеалишта за одмор и летување. Исушувањето на оваа рамница не бара ни многу ни тешка работа. Неколку прости прокопи, уредување воглавно при вливот во Дрим на два потока кои во летото пресушуваат и мало спуштање на коритото на Дрим испод тие вливови, би го исушило Струшкото Поле. А тогаш, било која добро уредена гостилница на езерскиот брег, за чудо би ги привлекувала странците. Американците и Американките и сега доаѓаат, меѓутоа доколку не носат со себе шатор, веднаш се враќаат назад. Струга е главно ловиште на охридската риба во Езерото. Особено што јагулата се лови само овде и тоа единствено на Далјан, каде е преграден Дрим на сеуште примитивен начин и каде се направени посебни ловишта за јагула, која како што се знае за време на бура, невреме и кога тргнува на својот далечен пат кон океанот, овде паѓаат во замка. Инаку, Струга има свои ловишта за сите врсти на охридската риба и таа ја лови како и Охрид. Сите врсти на езерската риба Струга ги дели на „Питомија“ и „Дивотија“. Во „питомија“ или „чиста риба“ спаѓаат сите врсти на пастрмки кои вака се викаат: Кресница, прва по квалитет охридска риба, Летница, Белауста, Речнина, Коран, машка летница, Белвица, Крапотник, по големина слична на крапот, (шаран ср.); затоа и така се вика, Јекна, врста летница од вир, Обле, облиња во множина („Коран не втаса, а обле престанало“) зборуваат струшките рибари после неуспешен улов). Во „дивотија“ (дивина, дивеч) спаѓаат: Јагула, Шаран (крап мк.), Клен (мам, тулуш ср.), Скобуст, скобаљ, Мренка, мрена, Писа, Грунец, Моранец, Плашица, Устер. Среќа што во Охридското езеро нема ни штука ни сома, па рибата може да се множи дури уште и во некои ситни свои врсти за кои рибарот не води сметка. Местата каде се лови охридската риба се викаат „ловишта“ за пастрмка, „далјан“ за јагула, „залег“ каде краповите се ловат со ости, „прелег“ повторно боиште за крапови преградено во „залег“, и наршина, плитко каде како што народот вели „бије риба“, односно, кога фрла икра, како што и таа работа се вика „нрштање“, лутење, накострешување. Направите за ловење се: „кључ“, мрежа за длабоки вирови, бидејќи и вирот се вика кључ, а онаа линија околу вирот „венец“; „влак“, мрежа за повлекување; „гаџа“, мала мрежа за преградување на река или залег во езерото; „крапарница“, посебна мрежа за крапови; „сак“, налик на вреќа; „џепче“, црпало, посебно за вадење на заробена јагула во далјанот; „оска“, оска, набад и „врша“, суп, леса. Пастрмката по своите врсти има по езерото свои посебни кругови, кои рубарите ги знаат и кои обично се закупуваат. Струга годишно добива: пастрмка 18 – 22.000 ока; јагула 10 – 15.000 ока и останата дивина до 10.000 ока. Далјанот го држи самата држава и ми кажаа дека за 1928 година имале чист добиток 627.000 динари. Веројатно е дека овој износ приватната рака би ја надминала. Всушност прашањето за охридскиот и преспанскиот риболов е многу чуствителна работа. Досегашниот начин на риболов е примитивен и не го даваат она што би можело да се извлече од овие две езера, кои се непресушни со риба. Би биле потребни современи работилници за преработка на одредени врста риби. Главно е да се најде патот, да се погоди онаа златна средина, за да на прв место му се помогни на околниот селанец кој живее од мрежите и чии се всушност овие две езера. Рибарот и порано и денес има најмалку корист. Неговиот дел од добивката всушност е беден. Има обиди за задруги. Меѓутоа на таа работа треба да се посвети посебно внимание: задруга или сојуз на повеќе задруги треба да склучат сите кои се бават со риболов и оние кои имаат капитал и оние кои се занимаваат со риболов, но не само првите.Бидејќи другите не треба да бидат заборавени, а тие навистина се заборавени со мала наемнина. Не навлегување подлабоко во работата, меѓутоа сакаме да го свртиме вниманието дека овој риболов е најважно економско прашање на овој крај и со најширок обем за месното население.Неправедно би било под закуп да земат само неколку луѓе. Во него треба да учествуваат равноправно секој кој од таа работа живее.“ – пишува Г. Божович. Македонска нација |