Среда, 11 Април 2018   
Жестоки борби со грчките андарти во Ениџевардарско и Воденско

Cheta of andarts

„Борбата со андартите стана уште пожестока. Во Воденско, Ениџевардарско и Берско "Христовите војници" ги напаѓаа жестоко (македонските – н.з.) и влашки села и убиваа по нивите и патиштата невооружени луѓе. Во Воденско најмногу настрада влашкото село Патечино - 10 изгорени куќи и десетина убиени и ранети селани. При еден грчко-(македонски – н.з) судир кај село Јанчишта (Ениџевардарско) загина андартскиот капетан Капсалис (подпоручик Христос Прантупас). Во село Агора, Ениџевардарско, андартски напад беше одбиен на 2 јуни од милицијата. Во село Ликовиште, Берско, андартите се јавија четири дена откако се случи обезоружувањето на селото од муљазимот Кемал бег. На 1 јули (андарите) ги изненадија работниците по нивите и убија седум лица, а неколку фатени жени биле силувани. Во селото Бозец, на 12 август, милицијата, по двочасовна престрелка, ги избрка напаѓачите.“ – пишува Христо Силјанов во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“. 

Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов во свето дело го бележи сведочењето на американскиот новинар и публицист Алберт Сониксен кој по доаѓањето во логорот на легендарниот војвода Апостол Терзиев – „Ениџевардарското сонце“, станал сведок на жестоките борби меѓу македонските револуционери и грчките андарти. Свесен за моќта на печатот, Сониксен како што пишува подоцна во книгата „Исповедта на еден македонски четник“, ги опоменува своите пријатели, македонските револуционери, внимателно да ги спроведуват своите акции и покрај суровоста на грчките андарти кон македонскиот народ потикнати од грчкиот владика. За ова Силјанов ќе забележи:

„Преку денот меѓу Лука и Американецот започна интересен спор. Американецот мисли дека војводата намислил да прибегне кон репресалии и се мачеше да го одврати од напад против невооружените села велејќи: "Утредента сите европски весници ќе ја соопштат со претерување случката, ќе кажат дека имало убиени жени и деца. Доброто мислење на Европа за вас ќе биде изгубено. Ќе кажат: сите се исти - и Грци и Турци, и (Македонци – н.з)". Колкумина во Европа се колебаат каде да не стават: кај революиионерите или кај разбојниците-пљачкашите. Во секој случај, тоа не ме воздржа; Јас се колебав пред непријатниот чин. Или, поточно, предпочитав да се справам со виновни луѓе.“ – „Ако можеш да ми кажеш како да дојдам до грчкиот владика, нема да изгорам ниедно село“ - одговори Лука.

Меѓутоа, во текот на ноќта се случи нешто што им стави крај на нивните несогласувања. Во правец на север, небото се зарумени. Црн столб од чад се крена, и искри летаа кон небесниот свод. Се слушна тресок од динамитна бомба. Андрата го нападнаа Голо село.

Една чета од Апостоловите четници, засилена со десетина четници на Лука, повторно се упатија кон копното. Во меѓувреме, престана стрелбата во Голо село и четниците тргнаа по петите на непријателот кој се повлекуваше. Тие им се доближија додека се андартите се качуваа во чамците. На стрелбата кои оддалеку ја упатија четниците, андартската чета не одговори.

Андартите запловија брзо во правец на грчкото село Ниси. Во Голото село беа опожарени две куќи и беше убиен селскиот говедар.

Следната ноќ, флота од триесет чамци истовари на Нисиското земјиште над шеесет четници, предводени од Апостол и Лука. Не помина многу време и грчкото село Ниси, една од најважните андартски бази околу Блатото, пламна. Акцијата во селото продолжи подолго од предвиденото време. Двајца сејмени со својата стрелба задржаа дел од четата. Друг дел, во исполнувањето на наредбата на Лука, потроши многу време, вадејќи ги семејствата и селскиот добиток надвор од огнот. ...Акритас со андартите дојде на помош на Ниси, но се ограничи со пукање од далеку, бидејќи беше задржан од огнот на група четници и од честите истрели на Сониксеновата група. Во Ниси изгореа повеќе од 30 куќи и паднаа убиени шест лица: двајца Арнаути, тројца случајно погодени од куршумите и еден застрелан како извесен шпион. На една жена Лука остави за селаните писмо, во кое им соопшти дека ги опожарил нивните куќи "не од племенска омраза, но како заштитна мерки против нападите на Коста Акритас во селата, кои го помагаат револуционерното движење. Истовремено тој ги предупредил дека ако не им даваат прибежиште на наемниците на грчката црква, никогаш нема да посега врз нив и врз нивните имоти".

Лука, исто така, му пишал на кајмакамот во Бери. Во своето писмо, воденскиот војвода спомнувајќи за нападите во Св. Марина и Голото село, го обвини турскиот администратор дека иако знаел кои се напаѓачите,  не ги казнил, а уапсиле некои селани од нападнатите села. Ете зошто, тој, Лука, го нападнал Ниси, кој учествувал во нападот на Св. Марина. Затоа, тој и натаму "ќе се залага да ги казнува виновниците, ако власта ги штити, наместо да ги казнува".

Приговорите на Лука, се разбира, не го вознемирија Хилми-паша. Напротив, палењето на Ниси ги натера Турците да преземат во Блатото такви мерки кои за некое време ја направија невозможна комуникацијата меѓу колибите и селата. Но, економското предвидување на Апостол пак ја спаси ситуацијата. "Неколку недели по ред турските војници правеа обиди да не уловат во мочуриштето - пишува Сониксен. - По водните патишта и пристаништа беа поставени заседи, но тоа не принуди само на диета, бидејќи јадевме само сирење, откако го изедовме добитокот од "фармата" на Апостол. Други незгоди немаше".

Напуштањето на колибите, исто така, беше попречено од надојдените потоци што ги поплавија насипите и пристаништата. Нивото на мочуриштето се зголеми, нејзиниот изглед се промени: сувата, пожолтена трска и целата вегетација стана зелена. Едно носталгично чувство ги тераше жителите на колибите во гостопримливите шуми. Апостол ја избегна будноста на Турците и ја фати планината. Лука го следеше неговиот пример и го одведе Американецот на Воденско.“ – пренесува Силјанов.

Наместо да ги казнат виновниците за палежот и колежите во ненаоружаните села, турските власти се обидуваат со помош на грчката вооружена пропаганда да го уништат македонското револуционерно движење. Тие широко им ја отвараат вратата на андартите за несметано дејствување по што се случуваат се позачестени македонско-грчки судири и страдање на невиното македонско население. Користејќи ги сведоштвата на Сониксен, Силјанов пишува:

„Борбата со андартите стана уште пожестока. Во Воденско, Ениџевардарско и Берско "Христовите војници" ги напаѓаа жестоко (македонските – н.з.) и влашки села и убиваа по нивите и патиштата невооружени луѓе. Во Воденско најмногу настрада влашкото село Патечино - 10 изгорени куќи и десетина убиени и ранети селани. При еден грчко-(македонски – н.з) судир кај село Јанчишта (Ениџевардарско) загина андартскиот капетан Капсалис (подпоручик Христос Прантупас). Во село Агора, Ениџевардарско, андартски напад беше одбиен на 2 јуни од милицијата. Во село Ликовиште, Берско, андартите се јавија четири дена откако се случи обезоружувањето на селото од муљазимот Кемал бег. На 1 јули (андарите) ги изненадија работниците по нивите и убија седум лица, а неколку фатени жени биле силувани. Во селото Бозец, на 12 август, милицијата, по двочасовна престрелка, ги избрка напаѓачите.

Апостол го помина тоа лето во непрестано движење, минувајќи каде што ќе се појави потреба. Во август тој, заедно со Тодор (помошникот на Лука) и со четири свои момчиња замина кон село Балинци, за да ги пренесе оттаму скриеното оружје. На враќање, меѓу Гуменџе и Тушилово, четата беше откриени и нападнати од пешадија и коњаница. Во неколкочасовната борба тројца четници ... извршија самоубиство, откако ги испукаа своите патрони. Паднаа некоку војници и еден јузбашија. Апостол, со двајца другари, се проби и ги спаси материалите кои ги пренесе во Блатото.“

Во Блатото војводата ги начека своите луѓе со необично повишен дух. Тие празнуваа една неодамнашна победа над "Христовата војска". На 11 август околу 60 андарти опкружиле една голема група (Македонци – н.з.)  - рогозари - собирачи на саз (еден вид растение слично со рогоз) крај езерото. Меѓутоа, група четници се појавија и отворија оган. Во панично бегство непријатеот остави девет убиени лица, седум чамци, 300 патрони и една пушка. Меѓу убиените, четниците го препознаа Ениџевардарскиот Турчин, познат под името Менчо -капетан. Неколку дена подоцна, главата на Менчо се појави закачена на еден телеграфски столб по патот Ениџе-Вардар-Воден со следниов надпис: "Не ли ти е срам, кајмакам-бег, да преоблекуваш Турци во грчко облекло и да ги испраќаш да убиваат мирни царски поданици. Кажете му на грчкиот бискуп да испрати повеќе андарти за да ја исполни својата желба ".

Наместо овие настани да ги освести турските власти, тие ја продолживаат соработката со грчката пропаганда, сметајќи дека откако ќе ги уништат четите на Македонската револуционерна организација лесно ќе се справат со андартите. Така, откако, кај еден од самоубиените четници, секретарот на Апостол, Турците заплениле чанта со документи и печат на Војводата, само во Гуменџе биле уапсени 32 лица и подложени на мачење. Заедничкиот терор врз македонското население не престанал, но тоа не го поколебало да ја продолжи својата борба до конечно ослободување под паролата „Слобода или смрт“.

(продолжува)

Подготвил Т. Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.