|
|
Македонска граматика од Пулевски печатена во Софија во 1880 годона! |
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817 – 1893) е македонски писател, лексикограф, историчар и воен водач. Тој е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик. Од печалбар – ѕидар во Романија, на почетокот на шеесетитите години во XIX век, Галичанецот Ѓорѓија Пулевски станал борец во ослободителните борби на балкански народи и својот македонски народ. Во 1862/1863 учествува во борбата против турскиот гарнизон во Белград, во Српско-турската војна (1876), во Руско-турската војна за ослободување на Бугарија (1877 - 1878) и како војвода во Кресненското (Македонско) востание (1878 - 1879). Сепак, не помалку е значајна неговата борба за културно-национална преродба на македонскиот народ. Негово прво печатено дело е Речникот од четири јазика (Белград, 1873 г.). Потоа следува Речник од три јазика (Белград, 1875), во која јасно ги издвојува македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во славјанскиот свет. Во 1879 година Пулевски ја објавува поемата “Самовила Македонска“, во која ги споменува Филип и Александар Македонски како претци на денешните Македонци, со што ја преставува идеологијата на македонските востаници во Кресненското востание. Во 1880 година, во Софија излегува од печат македонска граматика “Слогница речовска“, а непосредно пред смртта, Пулевски во 1892 година го завршува своето капитално дело, познатата Славјанско-македонска општа историја. Од особено значење е „Слогница речовска“ или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ (Гь.М. Пульевски, Славянско-насельениски-македонска Слогница речовска. София 1880, стр. 5, 13.) Слогница речовска важи за прва печатена македонска граматика, но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик. Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со славјанската писмена традиција во Македонија, креирајќи при тоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Славјани. Така, писмото е составено од македонски и старославјански букви. Овој труд на Горѓи Пулевски е повеќе увод во граматиката и најголемо место и се дава на азбуката, посебно на одделни букви. Изводите кој овде ги пренесуваме се дадени во оригинал, а единствено е интервенирано во интерпункцијата. “I.- Притяжательнихь сказаниы и содъжаниы, притяжательства букваркинихь у образительнихь засебинье за сляванско-македонски язикъ, а и за биди каковъ да е други иноизраженискихъ писуванье. Глава I. Входъ за язическо правописание, толкуванье. 1во. Правописание се вельить това што кога писуваме за нешто некому, а онъ наше писуванѣ разбиратъ. Но речено писуванье го хобразуваме со некаквихь бельези, та доказуваме наше мисльенье ильи нашиехь мисльениы другему, ильи другиемь та онь, ильи оние гльедаешти реченихъ бельези спроти нихь, разберуватъ, наше мисленье што му казуваме, ильи порочуваме. Ако е написано со бельези, разбирать спроти написанихь бельези; а ако речуваме на уста, овея речуванье го учинуваме безь бельези. Но и за безь. бельези речено онь слушать, та наше мисльенье као со бельези спроти гласовски наражениьі разберувать. 2. Харно, ние (разлика: мие наша, ми (сьр.), ниы (бъл.)) вельиме. Да-аль, наше мисленье, со правописание го образуваме другему. Емь онь ни разбирать. Но затова не одобравамь. Дальи зноеме аль е верно и правословско наше мисльснье та да писуваме правописание. За това дека требегь наінапредь да зноеме Правословіе, та спроти правословию и со право писание да писуваме наше мисльенье. II. - ... дека не можать сами за себе да изявать пьлнь (български: пъеьн, пунь, сьр.) глась безь даже (дури нашински, доклье, сърпски, дгде бълг.) да ги придружиме со некоы другихъ буквы, или со самогласнихъ ильи со полъгласнихь. Тада напишиме пьлнословень изражаі ильи речь. 19. А полгласнихь букви овие се: ъ, ь, і. Току и безь реченихь польгласнихь букви не можеме да испълниме пълнословенъ изражаі, ако не ги приимиме вь памят. Затова дека со реченихъ букви допълнуваме Правописание и потпори слоговско-израженискихь допълнениы. Свекоі оснофь стречовски дека ни служить I. за потпорь слоговски. II - ро, за преломь речовскоизражениски. III - то, за поемъ пьлносложноизражениски. Та за това требеъ да ги имаме въ память, безъ заборавносгь та спроти биди (еди, бълг., будъ. сър. - Белешки од Ѓ. П) каковг стречъ изражениски. Свекою букву коя коде ни требетъ, за потребно еі место правописанки да ю сложуваме. Глава III. Разлоки, и соредуванье букви. И гласоударениы, буквинскихъ слухови. 20. Предљ ухобразенихъ, три разноименскихъ засебинье буквинскихъ разлоки, свиехъ реченихъ букви, ги распоредуваме за писуванъе свекаквихъ речовскихъ гласеви. Но, за речовскихъ гласеви писуванье, наінапредъ требетъ со свое мисльенье сами со себе да ухобразиме каковъ изражаі ни требетъ да напишиме ильи речеме...“ Ѓорѓи Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел. Инаку, првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Огромно е значењето на делата на македонскиот преродбеник Пулевски кои докажуваат дека македонскиот народ и македонскиот јазик не се од вчера и дека не се измислена нација., како што некои милуваат да кажат. Оттука, истите дела кои зборуваат за посебнаоста на македонскиот народ и јазик, биле долго време далеку од очите на јавноста. (извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, Скопје, 1981, стр.271 - 272 ) Македонска нација |