Среда, 25 Април 2018   
МАКЕДОНЦИТЕ СПОРЕД ГРЧКИ АНТИЧКИ ИЗВОРИ

anticki-makedonciМАКЕДОНЦИТЕ СПОРЕД ГРЧКИ АНТИЧКИ ИЗВОРИ

Димитри Михалопулос[1]

Од античките времиња па наваму, Македонците беа проблем. Како прво, тие зборуваа јазик различен од грчкиот[2] и, според тоа, тие не беа Грци/Елини[3]. Се разбира, ова е во остра спротивност со Епирците, чиј грчки род беше неоспорлив.[4] Дури во текот на Римскиот Мир (Pax Romana), Македонците почнаа да ги сметаат како огранок на „елинската раса“[5]; сепак, разликите беа сосема јасни.[6] Секогаш треба да се потсетува на визијата на Свети Павле:

„Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни“.[7]

Всушност, Македонците беа – благодарејќи на нивните владетели – грцизиран народ, но во никој случај не беа Грци. Исократ (436-338) беше експлицитен:

Аргос (на Пелопонез)... (беше) земјата на твоите (т.е. на македонските кралеви) татковци... [8]

И понатаму:

„И основачот на твојата Империја, иако целеше повисоко одошто неговите земјаци и се имаше решено да достигне кралска моќ, не се двоумеше да тргне по патот на другите што беа решени да ја остварат истата амбиција. А тие настојуваа да ја освојат таа почест загрозувајќи го населението, предизвикувајќи нереди и крвопролевање во нивните сопствени градови; тој, од друга страна, владееше сосема оддалечено од хеленските територии, и беше определен да го заземе тронот на Македон. Зашто, тој добро знаеше дека Елините не беа навикнати да му се препуштат на владеењето на еден човек, додека другите раси не беа способни да си го водат животот без контрола од некоја таква сила/моќ“[9].

Херодот се согласува со Исократ:

„Три браќа од лозата на Темен дојдоа како протерани луѓе од Аргос во Илирија, Гаван и Аероп и Пердика; и од Илирија тие преминаа во планините на Македонија, додека не стигнаа во градот Лебaја. Таму тие служеа за плата како слуги во дворот на кралот; еден беше задолжен со коњите, другиот околу воловите. Пердика, кој беше најмлад, се грижеше за помалите стада. Таму, жената на кралот ја готвеше нивната храна, бидејќи во старо време, куќите на владетелите, а не само на обичните луѓе, не беа многу богати...

Кога и да печеше леб, векната на Пердика нараснуваше двапати повеќе од другите. Воочувајќи дека ова секогаш се случува, му кажа на својот маж, кој откако слушна, помисли дека тоа е знак кој најавува некоја голема работа. Затоа, тој ги протера овие тројца слуги надвор од својата територија. Тие пред да заминат, ги побараа своите плати. Кога ги спомнаа платите, кралот како да побудале, и рече, „Ова е платата што ја заслуживте и тоа ви го давам“, покажувајќи на светлината што преку димот продираше во куќата.... Гаван и Аероп, кои беа постари, се вчудовидоа од слушнато, но најмладиот рече, „Ние го прифаќаме тоа што ни го давате, о Кралу“, и со ножот што го имаше кај себе, исцрта линија на подот од куќата околу сончевата светлина. Откако го стори тоа, тој три пати ја собра сончевата светлина во својата наметка и замина со своите придружници.

И така тие заминаа, но еден од оние кое беа во близината му кажа на кралот што се случи и што направи момчето и како го прифати понудениот дар. Кога кралот го слушна тоа, се разлути и испрати коњаници по нив, за да ги убијат. Но, во таа земја, има река на која потомците од Аргос и’ поднесуваат жртва, како на нивна избавителка. Откога синовите на Темен ја поминаа реката, таа толку надојде, што потерата од коњаници не можеа да ја поминат.

Така, браќата пристигнаа во друг дел на Македонија и се сместија близу местото, наречено градината на Мида син на Гордиј, каде што розите растеа сами од себе, секоја со по шеесет цветови и со ненадминат мирис. Во оваа градина, според македонската приказна, беше заробен Силен. Над неа се издигнува планината Бермион, на која никој не може да се искачи поради зимскиот студ. Оттаму, откога ја освоија земјата, продолжија со покорување на остатокот од Македонија“.[10]

Накусо, Македонците од античкото време беа толку различни од населението на класична Грција,[11] што меѓу нив постоеше длабока омраза.[12] Античките извори за оваа тема се јасни:

„...Но одбранбените кули на Македонците, тој (Пир, Кралот на Епир) му ги посвети на Додонскиот Зевс. Тие имаат и натпис: ‘Ова еднаш ја опустоши златната Азија и донесе ропство врз Грција. Сега безимотни тие лежат покрај столбовите на храмот на Зевс, пленот на фалбаџиската Македонија’ “[13].

И понатаму:

„Бидејќи катастрофата во Хајронеја беше почеток на лошата среќа за сите Грци, а посебно за поробените кои беа слепи на таа опасност и беа на страна со Македонците. Филип освои најголем број од нивните градови; со Атина номинално воспостави односи, но всушност им наметна најсурови казни, одземајќи и’ ги островите и ставјќи крај на нејзината поморска империја. Атињаните останаа пасивни во текот на владеењето на Филип, а потоа и на Александар. Но кога по смртта на Александар, Македонците го избраа Аридеј за крал, иако целата империја му беше доверена на Антипатар, Атина сметаше дека ќе биде недопустливо ако Грција засекогаш остане под Македонците и решија да започнат војна, поттикнувајќи и други да им се придружат.

Во војната, од пелопонеските градови учествуваа Аргос, Епидаурус, Сикион, Тројѕен, Елејците, Флиунтјаните, Мезените; на другата страна, од Коринтскиот теснец, Локријците, Фокејците. Тесалците, Карист.. Секој град од сојузот имаше свој генерал, но за врховен командант беше избран Атињанинот Леостен, заради славата на градот, а и затоа што имаше репутација на искусен војник. Тој веќе се имаше докажано генерално како доброчинител за Грција. Сите Грци кои служеа како платеници во армиите на Дариј и неговите сатрапи, Александар сакаше да ги депортира во Персија, но Леостен беше побрз од него и ги одведе по море во Европа. Неговите брилијантни акции ги надминуава очекувањата и затоа неговата смрт предизвика очај..“ [14].

И исто така:

„.. Неколкумина се присетуваа на своите претци, и на контрастот меѓу нивната позиција и старата слава на Атина, па без многу премислување го избраа Олимпиодор за нивен генерал. Тој ги водеше [:Атињаните] против Македонците, и старите и младите, и повеќе веруваше во успех во борбата преку ентузијазам отколку со сила. Македонците отидоа да ги престретнат, но тој ги надитри, ги одведе во Музејот и ја зазема позицијата. Така Атина беше одземена од Македонците...“ [15].

Последователно

Во првиот милениум од нашата ера, грчкиот полуостров, посебно неговиот јужен дел, беше преплавен од Словени, кои не наидуваа на посебен отпор кај автохтоното население, бидејќи домородното население беше покосено од чума.[16] И така, новодојденците, повеќе или помалку мирно се сместија во Мореа и во внатрешноста на Грција и му дадоа нова сила на домородното население.[17] Многу имиња на местата, како Езерос ([18]; Арахова (=место со ореови дрва), Мистра (= насади на елки) и Бардунија ([19]), пренесуваат до денес сведоштво за приказната на средновековната миграција на Словените во Грција;[20] па дури и името Мореа потекнува од словенскиот збор за море.[21]

Каков беше односот меѓу Античките Македонци и Словените? Одговорот е надвор од опфатот на овој текст. Но во секој случај, има две поенти што треба да се имаат на ум:

I.Словените им беа познати на Античките Грци далеку пред првиот милениум од нашата ера.[22]

II. Има некои значајни изрази во античкиот грчки јазик, чиј етимон/корен е најверојатно словенски.

Како и да е, словенското население беше толку компактно во Македонија во текот на шестиот век од н.е., што ја произведе/создаде Јустинијановата Династија, т.е. последната империјална куќа на обединетиот Римски свет[23]. Императорот Јустин I, всушност основач на Династијата, беше роден во близината на Скопје[24]. Името на неговиот внук беше „Управда“, подоцна преведено на латински јазик како Јустинијанус (> Justinian) [25]. И последно, но не неважно: нема веќе сомневање за словенската припадност/потекло на последниот Византиски император, Константин XI Палеолог[26].

Какви и да се фактите за оваа тема, задолжителната размена на население меѓу Грција и Турција, формално договорена во Лозана на 30 јануари 1923, но практично спроведувана веќе во Август 1922, имаше директно влијание врз судбината на македонските Словени. Уште во 1914 година, Елефтериос Венизелос му објасни на Таке Јонеску, добро познатиот романски државник и негов пријател, дека на Грција и’ е потребен „животен простор“ во Македонија, за таму да ги насели Грците, т.е. грчкото православно население, раштркано во Анадолија.[27] Всушност, освен од Измир и соседните области, односно источниот брег на Егејското море, турските власти не сакаа грчкото православно население да емигрира во критичните години, 1922 и 1923.[28] Затоа беше основана и Турската православна црква.[29] Во секој случај, задолжителната грчко-турска размена на населението, беше практична, целисходна мерка за да се присили славо-македонското население да ја напушти Грција[30]...

Додаток

Писмо испратено од Елефтериос Венизелос на Таке Јонеску, при крајот на 1914. (Извор: Документи на Елефтериос Венизелос. /Атина: Историски Институт за Студии на Е. Венизелос и неговата ера/, I/35/1.) (во оригинал, напипшано на француски ј., н.з.)

...Се согласувам...дека германската победа би била катастрофа за слободата на Европа во целина и за независноста на малите држави особено. Јас сум затоа убеден дека [сите] ние треба да придонесуваме кон тоа, Тројната антанта да биде победник. Грција, дополнително, би била подготвена да се приклучи кон овие сили [на Тројната антанта], ако Бугарија биде убедена да чекори со нас или барем да се зацврсти во неутралноста. Што се однесува до нас, не се противиме на територијално зголемување на Бугарија, дали во Тракија на сметка на Турција, дали во Македонија преку територијални отстапки од страна на Србија, ако разбирливо, ова ќе ја задоволеше со зголемување, за возврат, на друго место. Ние, дополнително, не се противиме на отстапки кои Романија би сакала да ги направи кон Бугарија. Во овој случај меѓутоа, треба да се има предвид дека територијалното зголемување на Бугарија би можело да постигне само ако рамнотежата на сили меѓу неа и Грција биде нарушена ...Грција значи не е во состојба да прави територијални отстапки кон Бугарија; тоа сепак не е случај со Србија и Романија... Грција, ако се побара од нејзе да направи [територијални] отстапки кон Бугарија, ќе биде приморана или да ѝотстапирегионинаселениодчистогрчконаселениеилидагистесни(наопасенначин) своитеграници кон Солун. Меѓутоа, Грцијанеможедагосториниеднотонидругото...затоа што нема право/услови да очекува значителни анексии. Всушност, милионите Грци кои живеат во Отоманската империја се расфрлани [овде и таму]... Со оглед на тоа дека сепак сите Грци би биле принудени да дојдат да живеат во грчката држава [независна], ние бараме простор кој не би бил во ниеден случај помал од тој доделен на Бугарите. Кој би можел да нѐ обвини за вакво нешто?


[1] Greek Historian (https://orcid.org/0000-0001-7496-8872).

[2] Pausanias, Description of Greece. Messenia, 29.3; Strabo, Geographica, C 327.

[3] Strabo, Geographica, C 127.

[4] Pausanias, Description of Greece. Attica, 11. 7 (Loeb).

[5] Dio Chrysostom, The Fourth Discourse on Kingship, 48 (Loeb).

[6] Dio Chrysostom, The Fourth Discourse on Kingship, 55 (Loeb).

[7] Acts, 16: 9.

[8] Isocrates, To Philip, 32 (Loeb); cf. Kōnstantinos Paparrēgopoulos, Historia tou Hellēnikou Ethnous apo tōn archaiotatōn chronōn mechri tōn kath’hēmas (= History of the Greek Nation from the most Ancient Times up to our Era), vol. VI (Athens: Galaxias, 1969), p. 9.

[9] Isocrates, To Philip, 106-108 (Loeb).

[10] Herodotus, The Histories, 8.137-138 (Loeb).

[11] Strabo, Geography, C 127 (Papyrus).

[12] Plutarch, Aratus, 38 (Teubner), and Camillus, 19 (Papyrys); Pausanias, Description of Greece. Attica, 8.3 (Loeb); K.Paparrēgopoulos, Historia tou Hellēnikou Ethnous…, vol. VII (Athens: Galaxias, 1969), pp. 34, 68.

[13] Pausanias, Description of Greece. Attica, 13.3 (Loeb).

[14] Pausanias, Description of Greece. Attica, 25.3-5 (Loeb).

[15] Pausanias, Description of Greece. Attica, 26. 1-2 (Loeb).

[16] Geōrgios Kollias, Historikē Geōgraphia tou Hellēnikou chōrou (= Historical Geography of the Greek Space), Athens, 19692, p. 94.

[17] Dimitris Michalopoulos, Fallmerayer et les Grecs, Istanbul: Les éditions Isis, 2011.

[18] J. Phil. Fallmerayer, Das Albanische Element in Griechenland . vol. III (Munich: Verlag der K.Akademie, 1857), pp. 24-25; Dimitris Michalopoulos, “The True Story of the Fallmerayer Issue”, Parnassos (Athens), vol. XLVIII (2006), p. 219.

[19] J. Phil. Fallmerayer, Geschichte der Halbinsel Morea während des Mittelalters, vol. I (Stuttgart and Tübingen: J. G. Cotta’schen Buchandlung, 1830), p.283.

[20] Ibid., pp. 292-293.

[21] Dimitris Michalopoulos, “The True Story of the Fallmerayer Issue”, Parnassos , vol. XLVIII (2006), p. 219.

[22] Cf. N. Moschopoulos, entry “Slauoi” (= Slavs), Megalē Hellēnikē Enkyklopaideia (= The Great Greek  Encyclopedia), vol. XXII (Athens: Pyrsos, 1933), p. 29.

[23] At least according to Kōnstantinos Paparrēgopoulos, the national historian of Modern Greece.

[24] Aikaterinē Christophilopoulou, Vyzantinē Historia (= Byzantine History), vol. I (Athens, 1975), p. 248.

[25] K.Paparrēgopoulos, Historia tou Hellēnikou Ethnous…, vol. IX (Athens: Galaxias, 1969), p. 94.

[26] Ibidem, vol. X (Athens: Galaxias, 1971), p. 381.

[27]Eleutherios Venizelos Papers (Historical Institute for Studies on Eleutherios Venizelos and his Era, Athens), I/35/1. Published in: Dimitris Michalopoulos, Attitudes parallèles: Éleuthérios Vénisélos et Take Ionescu dans la Grande Guerre (Athènes: Institut de recherches sur Éleuthérios Vénisélos et son époque, 20052), pp. 35-36. The translation from Greek into French: ibid. pp. 23, 25-27.

[28] See mainly Markos Vapheiadēs, Apomnēmoneumata (=Memoirs), vol. I (Athens: Diphros, 1984), pp. 34-35, 43-45.

[29] The relevant documents: AYE, 1965, 102. 1.

[30] Dimitris Michalopoulos, “The Compulsory Exchange of Populations between Greece and Turkey: A Necessity or an Absurdity?”, Bir zamanlar Balkanlar (Samsun Mübadele ve Balkan Türk Kültürü Araştırmaları Derneği, 2014), pp. 112-117.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.