Среда, 23 Мај 2018   
Александар I бил убиен од Македонците поради неговата хеленофилска политика!

aleksandar-prvi-filhelen

Александар I Филхелен (498-452 п.н.е) бил син на Аминта I и кралицата Евридика. Тој е седмиот македонски крал по ред од лозата Аргеадите кој дошол на власт во 498 година п.н.е наследувајки го својот татко и владеел до неговата смрт во 452 година п.н.е. Александар I бил на власт во време на судирот помеѓу хеленските градови и моќната Персија, период познат како Грчко-персиски војни. Наследувајќи го својот татко и неговата политика, Александар I иако бил пријател и вазал на Персијанците, ги обновил дипломатските контакти со Атина, за што ги добива титулите почесен гостин и доброчинител. Според историчарот Абел, поради неговата хеленофилска политика бил убиен од видните Македонци.

Во 6 век пред нашата ера на Балканот се појавува една нова военополитичка сила - Персиското царство. Персиска делгација на Мегабаз доаѓа на дворот на македонскиот крал Аминта I, по што Македонија воспоставува вазален однос. Сепак Македонија има широк опсег на автономија.

Ваквиот однос на мирољубива соработка со Персија на Македонија во времето на Аминта и донело територијално проширување на северо –исток преку реката Вардар. Ваквиот вазален однос со Персија го потврдил и синот на Аминта, Александар I кој го наследил својот татко на престолот.

Синот на Аминта - Александар I станал персиски пријател и вазал, а  Персијанците му дале право легално да ја опфати и територијата до долниот тек на реката Струма, и така тој завземал територија 2-3 пати поголема од дотогашната Македонија. Исто така му било дадено да ги експлоатира сребрените рудници на Пангеј, и секако на Персија да и плаќа годишен данок.

Меѓутоа, користејќи го персиско-грчкиот судир, Александар I сакал да стане значаен фактор на Балканот и да излезе на меѓународната сцена, ги обновил дипломатските контакти со Атина, за што ги добива титулите почесен гостин и доброчинител.

По избувнувањето на грчко-персиските војни тој застанал на страната на хелените. Во 492 година, персискиот генерал Мардониј предводи воен поход за комплетно совладување на Македонија, која сепак продолжува да егзистира и да и плаќа данок на Персија. Всушност персиската војска ја десеткуваат тракиските Бриги, а флотата претрпува бродолом кај полуостровот Атос, и  по се изгледа дека намерата на Персијанците не била спроведена целосно. Потоа во 480. година следи походот на Ксеркс на Грција, во кој Александар I ги предупредува Хелените на персиската воена сила и правците по кои ќе се движат.

Во 479 година Мардониј го праќа Александра да бара од Атињаните да се покорат и бидат вазали. Но, тие ја одбиваат препораката. Пред битката кај Платеја, Александар I, ги известува Хелените за персијанските планови. Сепак, и покрај поразот на Персијанците кај Платаја, тој не се откажува веднаш од вазалството: Така, персиската војска при своето повлекување минува безбедно низ Македонија, па дури го опседнуваат Олинт.

Александар I дури потоа, учествувал во прогонување на Персијанците. Повеќето од 43.000 преживеани биле нападнати и убиени од страна на силите на Александар во вливот на реката Стримон. Александар на крајот ја обнови независноста на Македонија по завршувањето на Персиските војни..

Според податоците видливо е дека Александар I спроведувал вешта политика на лавирање во односите со тогашните воени сили, а во корист на кралството Македонија. Тој дури ја дал својата сестра да се омажи за персискиот генерал Бубарес, кон крајот на 6-тиот век п.н.е., кој во тоа време бил во Македонија, само за да ги спречи да ги бараат персиски војници кои биле дојдени како делегација и тивко биле убиени од страна на македонските војници на команда на Александар.

Мора да се напомене, дека во овој период постои една подвоеност на териториите на античка Македонија: Имено, Долна Македонија, ја  сочинувало  кралството  на Александар I. на просторот од широката рамнина околу Солунскиот залив. на југ до планината Олимп; на запад долните теченија на  реките Бистрица, Мегленица, граница со планините Пирена, Каракамен; на северо-исток долниот тек на реката Вардар, на исток до долното течение на Струма. А, Горна Македонија, ја сочинувале сеуште независните македонски кнежевства: Орестида, Елимеја, Еордаја и Линкестида.

Александар сакал да учествува на Олиписките игри во Атина. Но, бидејќи таа чест ја имале само Грците по род, тој тврдел дека потекнува од Аргеадите и Херакле. Бидејќи Македонците биле сметани за "варвари", судот  морал да го потврди неговото тврдење дека е вистина, по што му било дозволено да учествува на Олимписките игри, најверојатно во 504 п.н.е.. Поради тоа Александар I ја добил титула "Филхелен" (љубител на Грците).

Меѓутоа, неговиот однос кон Грците не бил прифатен од Македонците. Александар I бил изгледа убиен, од страна на повидните Македонци, како што претпоставува историчарот Абел,исплашени од неговата хеленофилска политика, во која тие гледале опасност за Македонија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.