|
|
Бригите се еден од најславните народи во човечката историја, чија прататковина била во западна и централна Р. Македонија |
Херодот раскажува дека египетскиот фараон Псаметих (во седмиот век пред нашата ера (а ова го има анегдотално во секој учебник по лингвистика) направил опит и затворил две деца за да види кој збор кје го проустат без контакт со луѓе. Тие рекле бекос и Псаметих утврдил дека е тоа фригиски (бригиски) Шфригиски не е изворното име, тоа е грчка верзија) збор и го прогласил бригискиот за најстар јазик на човеството. Тоа е легенда, но ако се слушаме подобро, Египќаните ја знаеле големината на Бригите! Кога некои од Бригите се преселиле во Мала Азија станале најкултурна и голема цивилизација, биле извонредни копаничари, (зборот фриз е во нивна чест), песнопојци (фригиската стапка во мзиката) играорци, килимари. Фригиската капа станале симбол на слобода дури и во Француската револуција. Нивни бил и славниот цар Мида кој од алчност се претворал во злато... Кога стигнал Александар во Фригија ги нашол своите земјаци и со тоа го распетлал Гордиевиот јазол (Гордиј е исто фригиски цар). И понатаму мигрирале се до Индија/Пакистан, според индиските научници името на санскритското божество на огнот Бхригу е во нивна чест. Да не може човек да се изначуди. Тие што останале во Македонија биле сродни со Пајонците, а старомакедонското наследство и јазик е исто бригиско. (името на Скопје, на Вардар, на Штип е бригиско). И на врвот од светот, во Пакистан се директните потомци на Бригите (Бурушите) кои во голема мерка го сочувале јазикот. Мене ми се даде честа тоа да го откријам заедно со супстратните елементи во македонскиот и балканските јазици. Звучи фантастицно, но на оваа тема имам објавено 5 книги и дваесетина научни трудови во најугледни списанија. И ние, јунаци, сме зачувале од бригиското наследство впрочем олицетворено и во ендонимите Мијаци и Брсјаци (од Березити). Имаме со што да се гордееме. Грците бледнеат пред големината на Бригите. Вистината се тенчи, ама не се кине.
|