Среда, 25 Јули 2018   
Султан-Муратова (Хјунќар) џамија

sultan-muratova-dzamija

- несомнено, најстара постојна џамија на територијата на Балканот е изградена уште во 1436 година како задужбина на султан Мурат II (владеел од 1421 до 1451 година), татко на султан Мехмед Освојувач и токму поради тоа таа во народот е позната уште и како Хјунќар, односно господска или султанска џамија.

- оваа џамија била изградена на темелите на некогашниот христијански центар на Скопје, манастирот Свети Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) на врвот на Виргинов Рид, кој се издига источно од Бит-пазар.

- Султан-Муратова џамија во својата долга историја двапати била цел на пожари: првпат во 1537 година кога и изгореле нејзиниот горен дел и минарето, по што султан Сулејман Величествениот (1520-1566) ја обновил. Џамијата настрадала и во големиот пожар во 1689 година што го подметнал австрискиот војсководител Пиколомини. По 23-годишна пауза, односно во 1712 година таа повторно е обновена, овојпат по наредба на султан Ахмед III. Последните значајни поправки на џамијата биле извршени во 1912 година. Токму поради овие многубројни поправки, не е познат нејзиниот првобитен изглед. Но, ако се земат предвид другите две џамии – задужбини на султан Мурат II – изградени во Бурса и во Измир, може да се претпостави дека и оваа нашава – скопска Хјунќар џамија – била слична на нив.

- Султан-Муратова џамија е изградена од камен и од тули во брусански стил (XIII – XV век). Нејзиниот внатрешен квадратен простор има облик на трибродна базилика со рамни табаници. Поделен е со по три, во два реда поставени столбови, кои се поврзани со полукружни лакови. Џамијата, која е покриена со керамиди, има покрив на четири води.

- На северозападната страна на џамијата е подигнат трем, чија покривна конструкција се потпира на четири столбови, со пластично декорирани капители, поврзани со пет аркади кои имаат шилести лакови. Како нејзин главен градител се спомнува мајсторот Хусеин од Дебар.

- Султан-Муратова џамија за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година претрпе сериозни оштетувања кои подоцна беа санирани.

- Во дворот на џамијата се наоѓаат две турбиња: Бикиј Хан и Али-паша од Дагестан, како и познатата скопска Саат кула, сочинувајќи со нив единствен комплекс.

Саат кула ...

Се наоѓа во дел од дворот на Хјунќар џамија.

Оваа градба, што патописците Евлија Челебија и Хаџи Калфа ја опишуваат во своите натписи како шестоаголна градба, чиј горен дел бил изграден од дрвена конструкција, била подигната во средината на XVI век, поточно во периодот меѓу 1566 и 1572 година. Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат кула најголема од сите саат кули кај христијаните, како и дека таа ги отчукувала саатите и ден и ноќ, а звоното и се слушало на два саати надалеку.

- Францускиот патописец Филип Дифрен-Кане, пак, во 1573 година пишува дека во Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.

- Според досегашните сознанија, таа е прва саат кула подигната на територијата на тогашното Турско Царство. Треба да се напомене дека нејзиниот долен, односно ѕидан дел не бил специјално граден, туку едноставно за оваа намена била искористена една од четирите кули во составот на бедемите што го штителе манастирот Свети Ѓорѓи Скоропостижник. Нејзиниот сааатен механизам бил донесен од Унгарија, по освојувањето на градот Сигет од страна на Турците.

- И овој објект, како и Хјунќар џамија, претрпел огромни оштетувања за време на големиот пожар во 1689 година. Но, интересно е тоа што старата манастирска кула и дрвената надградба со часовникот опстојувале се до 1904 година кога саат кулата, во времето на валијата Хафиз-паша, го добила сегашниот изглед: дрвената конструкција конечно била заменета со тули и бил монтиран нов саатен механизам кој го одбројувал времето "ала турка".

- Во 1963 година за време на катастрофалниот земјотрес Саат кула претрпува сериозни оштетувања. Подоцна таа е санирана, но и до ден денес е без својот саатен механизам кој бил изгубен за време на земјотресот.

... Набргу потоа, брз темелите на некогашниот христијански центар на Скопје - манастирот Свети Ѓорѓи Горгос, на познатиот Виргинов Рид, започнува изградбата на најголемата и најубава џамија на територијата на Балканот, познатата Султан-Муратова (Хјунќар) џамија, чија изградба ќе биде завршена во 1436 година. Неполни две години подецна - во 1438 година, на просторот на некогашната манастирска ливада, на која со векови дотогаш биле одржувани годишниот панаѓур на празникот "Воведение на Богородица" и неделниот пазар, ќе биде подигната уште една џамија - познатата Алаџа (Шарена) џамија, чиј легатор е вториот скопски краишки војвода Исхак-бег кој, покрај џамијата изградил и медреса, конаци и турбе.

saat-kula-1

Саат кулата изградена помеѓу 1566 и 1572 година и Султан-Муратова (Хјунќар) џамија изградена 1436

saat-kula-2

 saat-kula-3

ВИРГИНСКИОТ МАНАСТИР СВЕТИ ЃОРЃИ СКОРОПОДВИЖНИК

Во десниот горен агол е Виргинскиот манастир.

... Прочуениот македонски манастир 'Свети Ѓорѓи Скороподвижник', во стручната јавност попознат како Виргински манастир, бил изграден во времето на Цар Самуил, а разурнат до темел во 1428-та година од Турците. Осум години подоцна на истото место најверојатно е изградена денешната Султан-Муратова џамија, и оттогаш се губат сите траги за четиривековното опстојување на овој царски манастир.

Превземено од: volanskopje

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.