Среда, 22 Август 2018   
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТАТИСТИКИТЕ НА БАЛКАНСКИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ ЕТНОГРАФИ

Ethnographic map of the South Balkans

Александар Македонски

Дека историјата на Македонија и на македонскиот народ секогаш била фалсификувана од страна на соседните иредентистички пропаганди е одамна позната работа, но претстои периодот кога на светот треба да му ја претставиме вистинската вистина за македонизмот на овие простори. Да ги побиеме небулозите кои се граничат со лудост дека македонската нација е вештачки создадена во периодот после Втората светска војна, дека Тито е креаторот на идентитетот на Македонецот, небаре цел народ преку ноќ од Срби и Бугари се претопил во Македонци, затоа што Тито така им кажал. Од аналите на историјата, на површина се повеќе излегуваат бројни документи и непобитни докази, кои го потврдуваат постоењето на Македонецот пред сите други на целата територија на етничка Македонија. Асимилаторските пропаганди и покрај нивната жестина не успеаја да го искорнат македонскиот пиреј. Неистребливата трева наскоро ќе ги исуши сите нивни наци-фашистички проекти и стратегии. Во тој прилог сведочат и следните факти.

ГРЧКА, БУГАРСКА И СРПСКА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

balkan views

Greek C. Nikolaides 1899

Bulgarian Kenchov 1900

Serbian Gopchevich 1886

Macedonian Slavs

454,000

-

-

Serbs

-

400

1,540,000

Bulgarians

-

1,037,000

-

Greeks

656,300

214,000

201,000

Turks and others

576,600

610,365

397,020

Грчкиот етнограф Николаидис, за разлика од неговиот бугарски и српски колега, Кенчој односно Гопчевиќ, нуди поинаква статистика за постоењето на македонското население во Македонија. Интересен показател за Николаидис, кој  по потекло е Грк, е што го признава постоењето на македонската нација во 1899 година, како посебна нација различна од другите. Иако ги пишува како Македонски Словени, сепак со тоа докажува дека Македонците се народ различен од српскиот, грчкиот и бугарскиот. Во периодот во кој живее, тој собрал и многу докази со кои ја докажува посебноста на Македонците во однос на Србите и Бугарите.

НЕЗАВИСНА ЕВРОПСКА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

neutral views

German Dr. K. Ostreich 1905

Austrian K. Gersin 1903

English Andrew Rousos

Macedonian Slavs

1,500,000

1,182,036

1,150,000

Serbs

-

-

-

Bulgarians

-

-

-

Greeks

200,000

228,702

300,000

Turks and others

550,000

627,915

400,000

Уште поконкретни и за нас многу поважни податоци нуди неутралната статистичка анализа на германски, австриски и англиски етнографи за постоењето на македонското население. Истражувањата покажале дека Грците пред поделбата на Македонија, биле навистина мала етничка група која броела околу 10 % од вкупната популација, додека според тројцата ( Острич, Гершин и Роуз ), Срби и Бугари на територијата на Македонија воопшто и немало. Овие етнографи се само неколку од многуте неутрални автори кои го докажуваат постоењето на македонскиот етнос. Тие детално ги уништуваат тезите и небулозите на Грција, Србија и Бугарија дека во Македонија не постојат Македонци. Меѓу другото, тие пишуваат дека Македонија им припаѓа на Македонците. За бугарската и српската официјална пропаганда, едноставно велат дека е фалсификаторска во однос на македонската нација. Авторот Карл Хрон од Австрија, пак ќе запише:

”Следејќи го српско-бугарскиот конфликт дојдов до заклучок, според кој Македонците, во контекст на нивната историја и нивниот јазик, се посебна нација што значи дека тие не се ниту Срби, ниту Бугари, туку се група која го населува Балканот далеку пред Србите и Бугарите и кои подоцна не се измешале со ниту една друга нација на полуостровот. Што се однесува до македонскиот јазик, тој си има свои гласови, сопствени граматички правила и форми, што го одвојува од останатите јазици.”

Оваа анализа своевремено беше поддржана и од други грчки и бугарски автори. На пример, бугарскиот славист и етнограф, Драганов за време на неговите студии од 1887-1894 година и уште еднаш во 1903 година, го докажува постоењето на Македонците и македонскиот јазик како посебна нација и посебен јазик.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.