Четврток, 27 Септември 2018   
Во книгата на Даниел XI. 30, Македонците се споменати под името “Китим”

apostol-pavle-prvo-doagja-vo-makedonija-bibliska-zemja-od-kaj-svetot-dobiva-religija

Во книгата на Даниел XI. 30, Македонците се споменати под името “Китим”

Македонците во Еврејската енциклопедија од 1906 година

Македонците и Евреите низ вековите остварувале бројни контакти, иако местото на живеење на овие два народи било доста одалечено. Меѓутоа, колку и да изгледа чудно, за врските на овие две култури, нивните средби запишани се во Светото писмо. И не само во Библијата, за Македонците се зборува и во Еврејската Енциклопедија објавена на почетокот на XX век. Во дванаесеттомното издадние на оваа Енциклопедија публикувано во периодот од 1901 до 1906 година, од авторите Ричард Готхеил (Richard Gottheil) и Самоил Краус (Samuel Krauss) постои посебно поглавје за Македонија.

На самиот почеток авторите ја издвојуваат Македонија како посебна целина во југоисточниот дел на Европа, која во тоа време се наоѓа во состав на Турската империја. За Евреите тоа е татковината на Александар Велики, поради која рабините ќе го наречат „Александар Македонски“. Изворот на овие вистини ќе го изнесе и потеклото на Македонците, како директни потомци Китим, син на Јаван. а токму рабините ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “јаван”. Во Библијата земјата Китимска се нарекува сестра Ерусалимска, што би значело според библиското родословие дека Македонија и Изтаел се сестра и брат. Меѓудругото, во Еврејската Енциклопедија од 1906 година, во текстот кој се однесува на Македонија стои:

„Македонија - Земја во југоисточна Европа, денес дел од Турската империја. Таа е татковина на Александар Велики, кој заради тоа во записите на рабините го викаат “Александар Македонски”. Во книгата на Даниел XI. 30 Македонците се споменати под името “Китим” (R.V.) и Еузебиус и евреинот Јозефус или Горионидес (Knobel, “Völkertafel, " p. 103) ја користат истата ознака.

Во апокалиптичната литература, ова кралство е познато како “четвртиот ѕвер” (Даниел. 7.7). Првата книга од Макабиите, која оригинално била напишана на хебрејски, исто така го користи зборот “Китим” за Македонците, и ги споменува Филип и Александар (1.1), како и Филип III и неговиот незаконит син Персеј (8.5), како кралеви на Македонците. Бидејќи грчките Сиријци се именувале себеси како “наследници на Александар”, овие Сиријци исто така биле нарекувани Македонци (II Macc. 8. 20).

Рабините, чие познавање со грчкиот живот се случил за време на Македонската ера, ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “Јаван” и за нив како и за Даниел, Македонија го претставувала есхатолошкото кралство. За нив изразот Јаван бил заменлив за Македонија. Тие го споменувале, секако во фигуративна смисла, зборот “сонцето” од Македонија, за златото од таа земја.

Многу македонски идиоми, се тврди дека се најдени во еврејско-хеленскиот јазик, особено поради тоа што се појавуваат во Септуагинта (Swete, "Вовед во O.T. на грчки", стр. 291, Кембриџ, 1900). Градови кои имале македонски имиња биле основани на палестинска земја, како што се Верија (Бер), Дион, Пела. Одредени оружја на Македонците се спомнати од Јозефус ("BJ" в. 11 § 3).

Многу Евреи најверојатно живееле во Македонија, бидејќи христијанските доктрини таму наишле на подготвеност и рано прифаќање. Павле ги посетил македонските области при своето второ мисионерско патување; неговите соработници Сила и Тимотеј работеле таму. Павле ги посетил повторно на своето трето патување, задржувајќи се во градовите Филипи, Солун и Bерија (Бер). Еврејски натписи се пронајдени во Солун ("R. E. J." X. 78), а присуството на Евреите во Македонија е докажано со писмото Агрипа до Калигула (Филон, " Legatio ad Caium," § 36 [ед. Mangey, II. 587 ])

Најстарите библиски и еврејски ракописи ги потврдува историските вистини за Македонија и Македонците, како и вековните врски со еврејскиот народ.

Во Еврејската енциклопедија од 1906 година, постои посебно поглавје за Грција, Во ова поглавје нема место ниту за Македонија ниту Александар Македонски. Едноставно Евреите многу добро знаат за разликите меѓу двата народа и границите во кои живеат.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.