Среда, 03 Април 2019   
Писмо од Македонци од 1905 до Европа: Грците извршија ужаси нечуени во светската историја!

yhn1

Загоричани по масакрот

Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!

Овие пораки не се напишани сега, по уште едната срамна одлука на европската администрација во однос на Македонија. Во овие пораки Македонци се жалат на однесувањето на Европа, на цивилизираните земји што го толерираа ваквото однесување на Грците. Во 1905 година!

yhn2 

Германос Каравангелис

Се работи за масакрот во македонското село Загоричани на 25 март во 1905 година кога ѕверски биле убиени 62 селани, деца, жени-старци од страна на грчките андрати, кога биле запалени куќи, ранети луѓе... Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, Грк што целиот живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.

Цитатот од погоре е писмо од преживеаните селани на Загоричани испратено до австрискиот и рускиот конзул во Битола.

Овој масакр се смета за еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.

Еве што италијанскиот полковник Албер, офицер на италијанската армија кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, напишал за убиствата во Загоричани. „Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“. Тој, заедно со неговиот колега Манери, австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, кога пристигнале во Загоричани ден-два по злосторството, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат. Обезличени тела, пресечени грклани, избодени очи, распорени гради, исечени раце и нозе... е само мал дел од описите на очевидците на овој грозоморен чин.

Велат дека пламенот во селото од далеку го посматрал и Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото.

Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село. Ова име го добило во 1928 година.

Еве го писмото од населението на с. Загоричани што на 28 март 1905 година му го напишале на рускиот и австрискиот конзул за ѕверскиот колеж на жителите на селото.

 yhn3

До господата рускиот и австрискиот конзул

На 25 март во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најнапред слушнавме како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души [...] О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!

Сите ние ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам, чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Георгиос Каравангелис), ако не пристигнеше еден одред војска. При појавата на тој мал одред војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од сигурна смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението нè спаси!!!

По тоа малку време (разбојниците отворија оган во 10 и пол часот „алатурка“. Аскерот се појави во 1 часот и по еден и пол час борба, во 2 и пол часот, бандата се повлече) додека разбојниците дивееја во нашето село, беа извршени злосторства, чии размери јасно се гледаат од таблиците што се дадени во прилог.

По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!

Бараме казнување на виновниците и обезбедување на човечкиот живот и на човечките права!

Од целото население на село Загоричани

(Писмото е објавено во зборникот „Руски документи за Македонија и македонското прашање (1859-1918)“, издание на Архивот на Македонија)

МКД

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.