Вторник, 04 Мај 2010   
107 години од смртта на Гоце Делчев
Еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, Гоце Делчев, на денешен ден пред 107 години загина во борба со турската војска во близина на селото Баница.
goce-delcevГоце Делчев е роден на 23 јануари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви, која имала вкупно девет деца.

Во 1879-1880, Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш, а средно образование завршил во Солунската бугарска машка гимназија „Св.Кирил и Методиј“. Се запишал во Воена Академија во Софија во 1891, но набрзо е исклучен и се вратил во Македонија да работи за делото.

Делчев станал учител во Штип во 1894, каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на Тајната Македонско Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО). Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 година, набрзо станувајќи еден од нејзините лидери, одговорен за оружените единици и дејства.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили, на кој присуствува и Гоце Делчев. Делчев, заедно со Ѓорче Петров, се ополномоштени да изработат Устав и Правилник на ТМОРО.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиско ропство и создавање на независна македонска држава.

Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети.

Највпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека, додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија.

Иста цел имала неговата Директива во1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

На редовното советување во декември 1902 , Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крене фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Овој став подоцна ќе биде ревидиран од Груев и тој ќе се определи за востание

Во јануари 1903 год., Гоце Делчев се изјаснува отворено против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. Непосредно пред убиството, на крајот од април, тој престојува во Солун каде го убедува Груев дека е прерано за востание.

Вечерта на 2 мај, Гоце Делчев пристига во селото Баница, на мала оддалеченост од Серез. Утрото на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска. Во престрелката со турската војска на излезот од селото Баница Делчев бил убиен.

Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11 октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.