Среда, 22 Декември 2021   
Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012

8909  

Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012.  М. Кукубајска, Роберт Каплан, Балкански духови – примери за пристрасно игнорирање на Македонија                      

Во однос на „непостоечкиот македонски народ“ на територијата на Македонија, Каплан одново пристрасно верува без да проверува; вметнува неточни гледишта од друг патеписен пропагандист. За својата анти-македонска пропаганда Каплан одново го цитира американскиот бољшевик Рид: „...најголем број од населението во Македонија се Бугари... Tие, додека Македонија беше турска провинција, беа првиот народ кој основаше национални училишта, и кога бугарската црква се побуни против грчкиот патријарх ... Tурците (на Бугарите) им дозволија да основаат свои епархии, зашто беше толку очигледно дека Македонија беше бугарска“. Каплан ја опишува Република Македонија со цинично деформирана диоптрија и анти-културна омраза против историски различните идентитети и легитимната македонска борба за слобода: „Затворив очи да го замислам зачаденото табло по кое секое расно и линвистичко барање е и различно толкување на историјата“.

Со сарказам во својата гео-политичката едностраност, Каплан се потсмева на историската реалност и националните идеали на другите. Вербално атакува и продоложува да вози (drive-by shooting) низ македонската територија од поранешна Југославија. Спрема Каплан, Македонија е изгубена во илузии за својот идентитет и култура: „Буквите беа мали, речениците долги и конфузни... Кога превезот со ѓубре се поврати, затворив очи. Скапоцената убавина на земјата се зголеми кога не беше повеќе реалност, туку само загубен идеал: Tогаш видов зошто нејзините поети имаа горчина во својот израз и тоа во хипербола.“

Без должна почит кон јазиците и литературите на светот, Каплан го потценува и македонскиот јазик како некаков одново откриен јазик. Ја исмева и македонската литература: Богомил Ѓузел – за неговата фантазмагоричност, Гане Тодоровски – за поетската тема за Вардар кој без достоинство низ вековите влечел ѓубре, Блаже Конески – за дефинирање на потрагата за идентитет и љубов кон Македонија како некакво движење на една рака желна за ѕвездени простори, Анте Поповски – за неговата изјава дека „Остатокот од Европа во 1989 ги постигнал своите национални права, но сеуште не и Македонците во Грција и Бугарија, кои се под окупација“.  

Каплан го обезвреднува и инсистирањето на македонскиот црковен лидер, архиепископот Михаил кој му укажува на Каплан да обрати непристрасно внимание кон македонската вистина. Со непрофесионалност, провинцијализам и нечесност Каплан ги омаловажува легитимните обиди и на д-р Орде Ивановски; го дисквалификува како ФИРОМ историчар, додека тој се обидува да му препорача на Каплан македонски научни публикации и докази за Македонија поинакви од Каплановите анти-македонски лаги и полувистини. Отворениот шовинизам на Каплан кон патриотизмот, христијанството и кон Османлискиот елемент во македонската историја, е видлив и во овие дискриминаторски скици: „Ѕидовите на црквата беа сосема поцрнети од чадот на свеќите, како и врелиот здив на патриотите... Ова беше свет инспириран од чудесна темнина... свет од каде Турците сеуште не заминале“.

Индикативен е податокот што за рецензент на Балкански духови Каплан го употребува Портер Гос, тогашен директор на ЦИА: „Во Југославија, Каплан го согледа колапсот на нации држави и подемот на Хобсовата џунгла на гангстерски војни, племенски колежи и идеолошки џихад. Каплан, секако беше во право“ (цитат од П. Гос). Споредбата на бившите југословенски републики со Хобсова џунгла е дополнително антагонизирање на критички потребното, конструктивно политичко, економско и научно инвестирање во македонски и балкански демократски дијалог за коригирање на историските неправди и неточности наметнати и нерешавани токму од надворешните сили кои ги прекројуваат мапите на светот со леснина на десензитивизирани или калкулативни „деконструктивни уметници“.

За такви тековни гео-стратешки глобални промени во светските влијанија, Каплан дава свои проекции во најновата книга Одмаздата на географијата: Што ни кажува картата за претстојните конфликти и битки против верата (“The Revenge of Geography: What the Map Tells Us About Coming Conflicts and The Battle Against Fate“, Kaplan, 2012). Негативната пропаганда за Македонија Каплан во Балкански духови ја поткрепува и со антимакедонскиот став на британскиот про-бугарски хагиограф Марша Макдермот во нејзината книга „Смрт или Слобода: Животот на Гоце Делчев“. (MacDermott, 1978). Каплан го цитира нејзиното реторичко прашање кое труе од дефетизам, дисторција и дистопија: „Кој друг освен самиот ѓавол би ја претставил така убава мртовечката куќа“ (Македонија). Каплан импутира произволни импровизации – дека Гоце Делчев, од таа мртва Македонија, бил всушност герилец - Бугарин, дека Македонија била Западна Бугарија, фантазмагорично тврдејќи дека „Македонската крв и почва се легенди“ – поткрепувани со приказни за мнозинско население сочинето од Африди и секакви други народи чии траги се губеле во измислени приказни за поврзаност со Авганистанци - од времето на Александар Македонски.

Балкански Духови на Каплан протежира стари хегемонистички тези на Бугарија дека по Санстефанскиот договор бугарскиот принципат станал „...храбро и независно оживување на средновековното Бугарско кралство... кое ја вклучува не само денешна Бугарија, туку и целосната географска Македонија... Југословенска Република Македонија, делови од Албанија на запад и огромен дел од грчката земја околу градот Солун, со што на Бугарија и’ се обезбедил излез и на Егејското Море“. Каплан за денешна Македонија го дава и следното историски и научно неточно објаснување: „Македонија е област која денес вклучува делови од северно-централна Грција, југозападна Бугарија и од југоисточната поранешна Југословенска Македонија“ (СХС). Можеби и поради вакви известувачки книги, многумина фулбрајтови кадри и „добронамерници“ од американски организации, денес пристигнуваат во Македонија индоктринирани со предрасуди дека Македонија не е жртва, туку е причина за жртви на Балканот, дека Македонија не е окупирана во 1913 година, туку дека е совладан „окупатор“!?

Продолжение II од IV     

1Marija Kukubajska Проф. д-р  Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.