|
|
Димитар Ризов: „Ние бесповратно ги изгубивме двата најпогодни моменти само за да ја натераме Турција за автономија на Македонија!...“ |
Димитар Ризов: „Ние бесповратно ги изгубивме двата најпогодни моменти само за да ја натераме Турција за автономија на Македонија!...“ Димитар Ризов (Битола, 1860 – Берлин, 23.04.1918) е македонски деец и бугарски општественик, политичар, дипломат и публицист. Учествува во дејноста на тајниот Македонски комитет чија прва цел е издвојување на автономија на Македонија. Тој бил политички противник на кнезот Фердинанд I поради што е осуден на затвор, но подоцна го прифатил неговиот режим. Тој е бугарски трговски конзул во Скопје (1897-1899), дипломатски агент во Цетиње (1903-1905) и Белград (1905-1907), амбасадор во Рим (1908-1915) и за време на Првата светска војна во Берлин (1915 - 1918), каде и починал. Тој ја преставувал бугарската влада, но ги застапувал и интересите на Македонската револуционерна организација. Во моментите на носталгија Ризов говорел сосема поинаку за проблемот на Македонија и македонското прашање. Познатиот скулптор Иван Мештровиќ во своите „Спомени“, зборувајќи за своето познанство со Димитар Ризов во Рим во 1912 година, ги бележи следните негови ставови: „Мене, како на Хрват, ми ја објаснуваше вистинската состојба на работите во Македонија и ми зборуваше дека е штета што првата славјанска слободна држава не е создадена во Македонија, која во заедницата еднакво би ги привлекувала Бугарите и Србите и би била алка, а не раздор помеѓу Србите и Бугарите. ...Ми раскажуваше дека Македонците, говорејќи ја објективната вистина, не се ни Бугари, ни Срби, туку македонски Славјани, кои говорат на свој посебен македонски јазик или наречје... Нам ни беше сеедно која христијанска земја, ќе ни помогне да се ослободиме од Турците.. Вистина е дека професорите во гимназијата ни зборуваа оти сме Срби, како и на оние во бугарската гимназија оти сме Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си македонски Славјани христијани...“ Ваквите ставови за македонското прашање, за постоење на македонскиот народ, што е од особен интерес во денешно време кога Бугарија го оспорува македонскиот идентитет и јазик, Ризов ги повторува една година подоцна во статијата „Нашиот сојуз со Србија“ објавена во бугарскиот весник „Слободно мнение“, која под наслов „Откритието на Димитар Ризов“ го презема белградска „Политика“. Имено, по Втората балканска војна која трае од 16.06.1913 до 28.07.1913 година, во која Бугарија се судри и беше поразена од дотогашните сојузници Србија и Грција, како Романија и Црна Гора, јавноста во Бугарија бараше виновници. Меѓу нив беше посочен и Димитар Ризов, кој чуствувајќи се повикан да даде објаснување ќе ја напише статијата чии делови „Политика“ ќе ја објави во продолжение. Во првиот дел од оваа статија „Откритието на Димитар Ризов“ ,објавена во белгарскиот весник на 27.12.1914 година, пишува: „Откритие на Димитар Ризов Големата државна и народна несреќа која и се случи на Бугарија во изминатото лето, го истакна, сосема природно, на дневен ред прашањето: Кој е виновен за таа несреќа? Меѓу првите се укажа на Димитар Ризов, бугарскиот амбасадор во Рим, како на иницијатор на фаталниот српско-бугарски сојуз за Бугарија и како на човек кој во пресрет на самиот одвратен 16 јуни јавно повика Бугарија да го сврти оружјето против своите сојузници и да не им даде ни стопа од земјата во Македонија. Ризов осетил потреба да се брани и во последниот број на софискиот неделен политичко-општествен весник „Слободно мнение“ објавена е статија на Ризов „Нашиот сојуз со Србија“. „Месец септември 1911 година бев на отсуство кое го поминав во Софија. Тука ме затекна објавата за турско-италијанската војна. За мене таа војна не беше никакво изненадување. И познавајќи ги условите под кои Италија ќе војува, не беше тешко да се предвиди, дека војната ќе потрае и дека ќе се заврши со целосна победа на Италија. А сето тоа даваше за право да се заклучи дека таа војна ќе го потресе новиот младотурскиот режим, ќе ја намали силата на Турција и ќе ја ослаби нејзината војска, оневозможувајќи ја можеби и самата реорганизација на таа војска.. Таа пак околност, што Турска влезе во војна со една од државите на Тројниот сојуз – на кој дотогаш се потпирала – го правеше нејзиниот дипломатски статус доволно незавиден, ако не дури и опасен. Кога сето тоа ќе се земе во предвид, тогаш немало подобар момент за полесна, поевтина и поуспешна расправа за нашиот спор со Турција околу Македонија.... Бугарија во незгода Јас од секогаш во ослободувањето на Македонија гледав не само како акт на братство и хуманост, туку и како акт на државна потреба за независен политички живот на самата Бугарија. Меѓутоа последните години тоа ослободување почна се повеќе да ми изгледа сомнително. Воената неподготвеност на Бугарија да го искористи македонскиото востание во 1903 година, неуспехот на европската реформска акција и што е главно младотурската револуција – тоа беа факти поради кои не можеше да се има многу доверба во тоа ослободување. За мене беше очигледно дека од Европа не може ништо да се очекува и дека Бугарија треба да се подготвува за војна ако сака да ја види слободна Македонија. А таа подготвеност на Бугарија да војува ми изгледаше многу проблематична. Особено ме уплаши начинот на кој е решено прашањто за нашата независност. Турска станува опасна И веднаш после ликвидацијата на тоа прашање јас репив својот одмор во 1909 година да го поминам во Турција и со свои очи да видам колку способност за живот има препородената Турција и дали има било каква надеж за тоа да Македонија на мирен начин добие вистинска слобода и доколку ја нема, кои се шансите за една наша среќна војна со Турција. Во Цариград тогаш се запознав со најмоќните тогашни државници: Хилми-паша, Ахмед Муктар-паша, Талат-беј, Ахмед Ризом, Џвид-беј, Махмуд Шефкет-паша (со него патував заедно од Скопје до Белград. Тој тогаш одеше на германските маневри). Таму се видов и со некои странски дипломати и војни преставници. Во Солун присуствував на конгресот на нашите уставни клубови и се сретнав со некои тамошни конзули. Во Битола исто така. Пред црна перспектива Од сите тие средби и разговори стекнав впечаток дека младотурците не само што никогаш нема да и дадат слобода на Македонија, туку ќе направат се што ќе можат да го оневозможат христијанското словенско население кое го сметаат како најопасен елемент во империјата. Нешто уште полошо. Јас отпатував од Турција со најдлабоко уверување, дека најмногу до 1915 година, ќе успеат да ја реорганизираат својата војска, ќе ја зајакнат флотата и ќе изградат некои од своите важни стратегиски железници во Азија, што ќе ја направи Турција да биде војнички непобедива не само за Бугарија туку и за сите балкански државички заедно. Нешто многу полошо. Она што го слушнав од турските државници и она што тие безуспешно се обидуваа да го сокриат од мене, не ме дозволи да се сомневам, дека Туција штом се почуствува војички јака ќе предизвика војна со Бугарија (Македонија секогаш би можела да послужи како добра причина за тоа) со надеж да ги порази Бугарите и да го погреба македонското прашање барем за 20 години. Така после оваа политичка екскурзија стана сосема јасно за мене за тоа што дотогаш само се плашев: дека ние бесповратно ги изгубивме двата најпогодни моменти само за да ја натераме Турција за автономија на Македонија – првиот, кога Шефкет-паша го освои Цариград и кога го симна од престолот султанот Абдул Хамид и вториот, кога ние прогласивме независност на Бугарија. За мене стана сосема јасна и трагична перспективата која ја очекувала Бугарија, ако не побрзаме да се справиме со Турција пред 1915 година, не само што ќе ја загубиме Македонија, туку и да ја видиме и самата Бугарија скршена и онеспособена со децении, за војна со Турција. Србија на помош! За мене постана сосема јасно дека не ни останува ништо друго туку да влеземе во сојуз барем со Србија и на тој начин да се стават сите возможни шанси за победа над Турција, победа која единствено би можела да и донесе на Македонија автономија или дури целосно ослободување. Сојузот со Србија ми изгледаше во толку неопходен, бидејќи постоеше опасност – во случај на само наша војна со Турција која би се водела во Тракија – да ја видиме Македонија окупирана од Србите и Грците, додека ние се колиме со Турците. --- Целата таа ситуција ми излезе пред очи во моментот кога стигна глас дека во Триполис започна војна. Прва помисла ми беше дека Бугарија треба да ја искористи таа војна за да го реши македонското прашање и дека за тоа треба да направи сојуз со Србија. Веднаш утрото му ја соопштив мојата идеа на г. Иван Гошев. Тој се сложи со мене, но бидејќи заминуваше за Виши ме упати на својот заменик г. Т. Тодоров. Темпераментниот Тодоров веднаш се фати со двете раце за мојата идеја и ме замоли да заминам за Велград и да сондирам дали Србите би пристанале на сојуз со нас. Кралот Фердинад во тоа време бил во Виена и за мојата мисија дозна дури кога о јас стигнав во Виена....“ (продолжува) Македонска нација |