Среда, 16 Февруари 2022   
Димитар Ризов: „Јас бев искрено убеден дека ние самите не можевме да ја ослободиме Македонија, па дури ни да и извојуваме автономија“

17812

Во третиот дел од статијата „Откритие на Димитар Розов“, која ја објавувува белградска „Политика“, на насловната страна на весникот од 1.01.1914 година, продолжува да зборува за двете ноќи во кои се удрени темелите на српско бугарскиот сојуз, обидувајќи се притоа да се оправда пред јавноста за тешкиот пораз на Бугарија кој го претрпе во Втората балканска војна.

И човекот кој претходно вели: „Јас сум Македонец и никогаш нема да го ставам својот потпис ни на било каков документ кој ја дели Македонија“, во последното продолжение на статијата зборува за тоа како е договорена промеморија за основата за преговори со Србија, во која се вели:   „Македонија да биде автономна. Ако тоа од било какви причини не е можно, тогаш на Србија да и се остапи како нејзина граница во Македонија делот кој се граничи источно од Вардар по реката Пчиња до нејзиниот извор, и западно од Вардар да оди по административната граница на скопскиот и призренскиот санџак.“

Сето ова многу наликува на денешните македонските политичари од актуелната власт, кои се со слични убедувања дека сами не можеме. Тие пред јавноста едно зборуваат (божем ги штитат националните интереси), а на маса бараат подршка од бугарските власти притоа ставајќи ги на коцка макединските национални интереси. Со оглед дека на сите им е познато какви беа последиците од договорот за сојуз, Балканските војни и мешањето на големите сили - со поделба на Македонија во Букурепт, август 1913 година - можеби оваа статија на Ризов ќе ги отрезни македонските преговарачи, за да не предизвикаат некоја нова поделба, некоја нова македонска национална катастрофа, па да бегаат или да се правдаат пред јавноста.

Еве што зборува во последното продолжение од статијата Димитар Ризов:

„ Другата вечер повторно се состанавме. И само што почнавме јас го осетив влијанието на г. Хартвиг. Доволен доказ беше тоа што овој пат разговорот го започна мирољубивиот г. Миловановиќ.

Со онаа своја постојана насмевка на лицето тој се сврте кон мене со својата полуозбилна, полушеговита тирада:

- И така, Велес не ни го даваш, бодејќи велиш дека тоа била единствена по име спомената македонска епархија која е спомната како бугарска во султановиот ферман за воспоставувањето на бугарската егзархија; Струга не ни ја даваш бидејќи таму се родени браќата Миладинови; Охрид бидејќи бил столица на бугарската архиепископија и огниште на Св. Климент; Прилеп не ни го даваш бидејќи како што велиш е најчист бугарски град иако е родно место на нашиот народен херој Крали Марко, а Битола не смееме ни да ја спомниме бидејќи ти си таму роден.

Па дај ни го Крушево чије мнозинско население се Власите. И дај ни го Кичевскиот крај каде Србите не се помалку од Бугарите и каде целиот Пореч е српски....  

Познавајќи го многу подобро од моите соговорници етнографскиот карактер на Македонија, нејзината административна поделба, взаемната зависност на поедини градови и историјата на нашата преродба во Македонија мене не ми беше тешко да ги одбранам своите вчерашни позиции и да не отстапам од нив. Имајќи предвид дека не сакав да се ангажирам во било какви преговори по тоа прашање.

Тоа најпосле го натера г. Миловановиќ да го заврши спорот со овие зборови:

- Е па добро! Ќе ви го остапиме Крушево, ама кичевскиот крај за ништо не го даваме.

- Тогаш, шрифатив јас, за да можат да започнат преговорите за сојуз, вие треба да се согласите дека да за сите ваши територијални претензии во Македонија ќе и кажете на Русија која ќе пресуди што ќе и припадне на Србија, а што на Бугарија. 

Моите соговорници во првиот момент се согласија Русија да пресуди само за кичевскиот крај. Меѓутоа набрзо попуштија за своето барање и така заврши нашиот разговор.

За да ја отворам вратата за идни преговори јас му предлпжив на г. Миловановиќ да се состане со г. Гешов, кога овој ќе се враќа од Виши. Г. Миловановиќ веднаш прифати и ние се договоривме таа средба да се одржи на железницата помеѓу Белград и Ниш, кога г. Гешов ќе се враќа во Софија. Јас се обврзав дека за денот на враќаљето ќе го известам г. Миловановиќ со една конвенционална депеша од Ниш, како што подоцна и го направив.

Така се заврши мојата „сондажна мисија“ во Белград. Сметам дека е мепотребно да се напомене дека во ниту еден од тие два ноќни разговори немаше ни збор за некакво Јадранско Море, ниту за било каква Австрија, како за предмети за нашиот сојуз со Србија. И друго, дека јас сето тоа не го правев позади грбот на г. Тошев, од сосема проста причина што тој во тоа време не беше во Белград, туку во Карлсбад на лечење.

Советување во Виена 

Од Белград отпатував за Виена, каде требаше да го сочекам г. Гешов кога ќе се враќа од Виши за да му поднесам извештај за својата мисија во Белград.  Како и секогаш, г. Гешов стигна на време како што јави. Уште истата вечер се состанавме во хотелот „Краица“, во кој сите бевме сместени. Се состанавме ние тројцата: г. Гешов, г. Станчев (амбасадор во Париз кој само што пристигна одејќи од Софија за Париз) и јас.

После критичките размени на мислењата за еден опортун сојуз со Србија заради решение на македонското прашање – за чија што опортуност сите тројца се согласивме – јас им пренесов за тоа што говорев и што направив во Белград. Најпосле им соопштив за договорената средба помеѓу г. Гешов и Г. Миловановиќ.  Г. Гешив се согласи за тој состанок и ние тројцата составивме една промеморија за основата на која треба да се темели идниот наш сојуз со Србије. Двете точки на оваа промеморија беа: 

- Македонија да биде автономна. 

- Ако тоа од било какви причини не е можно, тогаш на Србија да и се остапи како нејзина граница во Македонија делот кој се граничи источно од Вардар по реката Пчиња до нејзиниот извор, и западно од Вардар да оди по административната граница на скопскиот и призренскиот санџак. 

Гешов и г. Миловановиќ

После два дена г. Гешов тргна за Софија, а другиот ден јас тргна за Рим. Од српските и бугарските весници дознав дека г. Миловановиќ и г. Гешов се состанале. Меѓутоа што решиле на таа средба и воопшто што потоа се случи, не ни се обидував да разберам, плашејќи да и се доверам на поштата, па дури ни на шифрите, за да прашам за тие тајни.

Во Париз

Нешто пред ноември, неочекувано од г. Гешов добив телеграма, во која се вели веднаш да отпатувам за Париз, каде г. Станчев ќе ми каже што треба да направам. 

Се покажа дека јас и г. Станчев добивме мисија да преговараме со г. Миловановиќ за сојуз. (Во тоа време српскиот крал беше во посета на Париз во придружба на г. Миловановиќ)

Се состанавме двапати со г. Миловановиќ во зградата на бугарската амбасада. Преговорите за сојуз наидоа на потешкотии, а беа застанати на мртва точка. Г. Станчев и јас се обидувавме да го убедиме г. Миловановиќ да влијае на останатите сртски фактори бидејќи настаните можат да не изненадат и дека ова е наш последен обид за сојуз. Добивме впечаток дека Миловановиќ ги прифати нашите причини. За време на разделбата тој самиот ни кажа дека ќе направи се што може да се склучи сојузот.

Не знам што потоа се случи и дури кон крајот на мај 1912 година слушнав од г. Гешов во Виена (каде со нас беа Теодоров и Данев) дека сојузот е склучен на истите основи кои ги истакнавме во нашата промеморија.

Тоа е целото мое учество во создавањето на српско-бугарскиот сојуз. Ништо повеќе и ништо помалку?

Г. Ризов сакаше со оваа своја статија да утврди две работи:

- 1) дека Бугарија морала неминовно да ја придобије Србија за да склучат сојуз (иако се држела така надмено во Белград)

- 2) дека тој сам не е виновен за она што потоа се случи.

За да го документира своето прво гледиште, г. Ризов на крајот на статијата вели:

-        Право или не, јас бев искрено убеден дека ние самите (Бугарија) не можевме да ја ослободиме Македонија, па дури ни да и извојуваме автономија. А еден од нашите најозбилни генерали сметаше дека дури ни сите четири балкански сојузни војски не можат да ја победат Турција без поддршка на некоја голема сила. Така исто мислеше и еден од нашите први државници.“

(крај)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.