|
|
ЗНАЧЕЊЕТО НА АНГЛИСКСТА ПУБЛИКАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКО ВРЕМЕ“ (30) |
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА – АФИРМАЦИЈА НА ДЕНЕШНА МАКЕДОНИЈА Публикацијата „Macedonian in Ancient Times“ (Македонците во античко време) од авторите академик Антоније Шкокљев-Дончо од Белград, Славе Николовски-Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто е издание на „Македонска искра“ од Скопје во 2010 на 232 страници на англиски јазик, чиј рецензенти се Александар Донски и Одисеј Белчевски е посветена на Македонија и Македонците во античкиот период. Целта на пишувањето на оваа книга беше да се предизвикаат закосените конвенционални погледи на „македонското“ и, од историска перспектива, повторно да се отвори „македонското прашање“.Цел е да се истражи прашања кои сè уште остануваат во различни политички фази, сценарија, игри и милениуми стари апетити, искривувајќи ги со помош на кауза и последица, меѓународните односи во овој многу чувствителен регион на европската мапа. Преку страниците на оваа истрага, целта е да му се понуди на читателот историски доказ за Македонија, за кој има надеж дека ќе придонесе за обликување на историскиот мозаик на автохтониот македонски народ, нивниот континуитет, националниот идентитет и нивниот придонес кон светската цивилизација. Во исто време, има надеж дека ќе се разоткријат и ќе има спротивставување на историските неправди извршени врз македонскиот народ со злоупотреба на „македонското прашање“. Оваа книга е посветена на Македонија и на македонскиот народ бидејќи се занимава со прашањето дали одредени политички субјекти имаат ексклузивни права за монополизирање на македонското историско наследство. И соодветно дали современите млади генерации, родени и израснати во различните „политички разновидни“ делови на Македонија, било да се тие во Грција, Бугарија, Албанија или Република Македонија, се научени и веруваат дека Македонците немаат доволно историски знаење да се сфати дека тие се исти луѓе, Македонци, кои припаѓаат на една земја, Македонија. Публикацијата „Macedonian in Ancient Times“ (Македонците во античко време) беше промовирана, во Домот на АРМ во Скопје на 04 септември 2010 година, кога преведувачот на ова дело Ристо Стефов за прв пат престојуваше во Република Македонија. На таа промоција на која зборуваа д-р Васил Тупурковски, д-р Димитар Керамичиев, Ристо Стефпв и Славе Катин, во преполнетата сала на голем број заинтересирани за античка Македонија, особено од егејскиот дел на Македонија, меѓу другото беше изнесено дека публикациjata „Придонесот на Македонците во светската цивилизација“ е излезена и на англиски јазик под наслов „Macedonia in Antient Times“ која го опфаќа периодот пред Христос до доаѓањето на Римјаните во Македонија. Книгата е поделена на неколку делови, во првиот дел е опфатен историскиот развој на Македонија во античко време, има текст за Македонската империја, за војсководецот Александар Македонски, за Филип Втори, се’ до распадот на македонската империја. Славе Николовски-Катин на промоцијата, меѓу другото, рече дека академик Антоније Шкокљев-Дончо живее во Белград и е поранешен генерал и автор на голем број делa за античка Македонија. Авторот Ристо Стефов е од Торонто, Канада, а по потекло е од Леринско. Автор е на 10-тина дела за Македонија. Тој истакна дека за издавањето на книгата се служеле со повеќе јазици, со англиски и грчки. Нашата цел е оваа книга да оди во рацете на голем број историчари, политичари, претседатели и сите оние кои се интересираат да дознаат повеќе за Македонија. За тие луѓе книгата е бесплатна, рече Николовски-Катин и додаде оти во книгата не се задржале на грчкото прашање. Ристо Стефов изјави дека за книгата „Македонија во античко време“ имал функција на уредник и оти ја превел за поширока читателска публика од македонски на англиски јазик. Книгата треба да биде достапна на сите оние кои се служат со англискиот јазик, со цел да се запознаат со вистината за античка Македонија. Организатори на промоцијата на книгата беа Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и книгоиздателството „Македонска искра“-Скопје. На промоцијата присуствуваа голем број вљубеници на вистината на античка Македонија, особено оние Македонци кои имаат голем респект кон името и делото на Филип Втори Македонски и на Александар Трети Македонски (Велики). Исто така на промоцијата беше речено: „Заради подобро согледување на проблемот и наследникот на традиционалната македонска култура и наследството воопшто, истражувањата и анализите го опфаќаат прво периодот од прастарите времиња на праисторијата на јужниот Балкан. Како последица од тој егзодус посветено е внимание на првите Елини на Балканот и воспоставувањето на новите општествено-политички односи во Архајскиот и класичниот период, со појавата на Дорска Спарта, Дорска Арга, Македонија и значењето на нивните култури. Потоа следи историјата на античка Македонија, македонската окупација на Елада и создавањето Македонска светска империја и нејзиниот придонес во светската цивилизација, улогата на палеобалканскиот јазик во формирањето на старогрчкиот јазик, македонскиот или Александровиот “коине”, кој денес е основа на официјалниот јазик во Грција и друго. Значи во прашање е процесот на етнонимите. Се работи за еден сложен проблем, кој во македонскиот случај има драматичен карактер и претставува предизвик кој долго ќе биде експлоатиран за да се докаже овој или оној карактер на Македонија, т.е. за да се дефинира македонската нација“. Понудената публикација опфаќа значаен и голем период на настани што се случувале на теренот на Македонија, чии граници и континуитет се менувал, но сепак, нешто трајно и обврзувчко оставало видливи траги во исторјата на цивилизацијата. Недостатниот број исвори ја отежнуваат очевидно сликата на прецизното историско претставување, но, сметаме дека нараснатиот интерес за недоволно проучените периоди и настани ќе вроди плод. Како пример за таков поттик во науката го сметаме и ова дело. Со тоа многу поставки може да се утврдат, а можно е и да се видоизменат или дополнат. Продолжува ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН |