|
|
Венко Марковски: „Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ“ |
Венко Марковски: „Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ“ „Јасно како бел ден е за секого дека македонската култура е или премолчуена, или преиначуена, или ограбуена.... Една ли нечиста рака ги крадеше и носеше паметниците на Македонија далеку от Македонија. Една ли нечиста рака ги преиначуше песните на Македонија? Една ли нечиста совес се мачеше во докажуенје дека македонскиот јазик не е јазик, ами диалект на српскиот или болгарскиот јазик. Никој не го прашаше македонскиот народ што мисли. Никој и не сакаше да го праша. Македонскиот народ беше монета за разменуенје.“ – пишува Венко Марковски во далечната 1945 година. („Македонска култура“, Македонска мисъл кн. 3-4, год. 1, 1945) Венјамин Миланов Тошев или Венко Марковски (Скопје, 5.III 1915 – Софија, 7. I 1988) е македонски и бугарски поет академик на БАН, еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Завршил гимназија во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Учесник е во НОБ, бил член на ГШ на НОВ и ПОМ, член на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. Учествувал во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Во 1948 година поради поддршка на Резолуцијата на Инфорбирото бил затворен во Идризово, а во 1956 година е осуден на петтгодишна робија на Голи оток. Во 1965 година заминал на лекување и останал во Бугарија. Таму бил примен за пратеник во Народното собрание, потоа за член на бугарските писатели и за член на Бугарската академија на науките (БАН). Тогашните југословенски власти го прогласиле за предавник на македонскиот народ. Меѓутоа постојат сведоштва дека се изјаснувал како Македонец и дека „никогаш не потпишал дека е Бугарин“. Денес кога Македонецот повторно е изложен на негирање на името, јазикот и историјата, кога никој не го прашува македонскиот народ за мислење и кога се краде македонската култура од страна на соседите, интересен е текстот на Венко Марковски со наслов „Македонската култура“ кој е објавен во далечната 1945 г, во „Македонска мисла“, орган на Македонскиот научен институт во Софија. Во неколку продолженија, ви пренесуваме делови од текстот во оригинал, од кој се гледа дека и по повеќе децении ништо не се променило, дека и денес соседите наоѓајчо село без кучиња „сакаат да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ“. Но и дека можат да опстанат само оние кои имаат здрава кичма и кои не ја веткаат под притисок. Во текстот кој е пишуван по II светска војна и со кој Венко ги оспорува аспирациите на соседите, меѓудругото се вели: „Времето е една огромна метла која брише и мете се што ке најде зафрлено, неоформено и неустановено. На таја метла й се противопоставуат само оние народи кои имаат свој здрав, културен грб. Без тој здрав, културен грб едно ли диво племе мина и помина незабележено. Мнозина от тугинците мислеа и за нас како за дивите племинја. Не сметаа оти сме биле диваци, кои што туку слегле от пештерите, помегју себе сме се јале. Македонија била дива земнја заселена со лјудојади. А за култура низбор не можело да стануе. Македонија во културно отношение преставуе богат рудник, а македонскиот народ преставуе жилав и корав даб што ни бури, ни ветрови неможле да го соборат низ вековите. Робијата на македонскиот народ била долга и крвава. Откако сме се кукнале сме заробуеле. Сме биле прегнати во јарем, кој бил полн со трагедии. На нас низ вековите се гледало како на стока за продаванје, како на животни за влеченје, како на се, само не и како на луге. Секој нов господар се секјавал во нашата земнја како роден стопан. Се распашуел и живеал на грбот на народот. Во душата на нашите дедовци и прадедовци се пластела дива омраза спрема тугинците. Македонскиот народ низ вековите влечел двојна робија. Едната скономска, а другата политичка, национална. Која от која била по-страшна. Зар има по-тешко от това кога те мака налегне да немаш на кого да се истушит? Зар има по-тешко от това кога те солзи задават да неможеш да се исплачеш. Во својата кукја со наведената глава и со преврзано чело со црна крпа да одиш и да не можеш да се сетиш дека си сајбија на своето огниште. Политичката робија беше страшна за македонскиот народ. Но не помалку страшна беше и економската робија. Македонија поради своето географско положение беше кината от жестокиот заб на историјата. Во неа се крстосуеја интересите и желанијата на многу тугинци. Нејзините богати рудници ги мамеа лакомите срца на тугинците. Еден ли ги грабеше нејзините афиони? Еден ли ги грабеше нејзините жита? Еден ли ги грабеше нејзините тутуни? Навогјајки се под тешкото и жестоко ропство македонскиот творчески гениј не преклони глава. Како подземни кртини македонските безимени творци сееја вера и надеш во македонскиот народ за по-светла иднина. Така почнаа да се зародуат и појавуат правите песни кои носеа во себе си и огин и барут и беа истовремено и закрилник и одушуечка за напатената македонска душа. 993 г. може да се земе како година кога се појавуе првиот писмен македонски паметник. Това е Самуиловата плоча во Преспа во црквата „Св. Герман" на остров Ахилео. За да имаме јасна престава за силата на македонската култура требе да направиме анализa на неколку факта и фактори. Прво: Појавата, значението и содржанието на народната македонска песна. Второ: Македонските ора и нивното символично значение. Трето: Македонските носии како олицетворение на сложеноста на македонската душа. Четврто: Македонската иконографија. Пето: Македонскиот јазик како факт и фактор за изградуенјето на културата и шесто: процесот на македонската нација. Ако сите тие работи правилно, правдиво и широко ги разберели прашанјето за македонската култура ке ни биде многу јасно и ке можеме со полна сигурнос македонската култура да ја заштитиме от неприателот. Докажеме ли дека живее македонската култура, ние со това ке докажеме априори дека живее и македонскиот национален творчески гениј. Брилјантот кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е македонската народна песна. Македонската народна песна по мотив и содржание е разнообразна и може да се раздели на: печелабарска, лјубовна, свадбарска, јунашка и ајдушка. Печалбарската може да се раздели на печалбарска пред заминуенје („Жалки моме да жалиме") и на печалбарска на вракјанје („Сите момчинја дојдоа Васкино момче не дојде"). Има уште еден вид печалбарска песна кога невестата гори по либето, го чека, младоста ѝ минуе, веке от ден на ден и постојано вие клетви суви и ја колне јабаната („Пуста да остане мамо мори јабаната”). Печалбарската песна се појавила со самото печалбарство. Печалбарите ја напуштаа својата таткова земнја не за това дека она не е богата и дека не може да ги израни, ами за това дека она е заграбена от новиот сајбија. Ропството и социалната неправда се причина за појавуенјето на печалбарите. Лјубовната песна е многу стара песна во кас и може да се раздали на: лично лјубовна („Пило се опило едно лудо младо на меанаг било"), на копнеж по либето или по изгората („ја ме учи, мамо ја ми кажи, пуста младос не се лаже") и на песни во кој либето или загинало или болец го покосило. Лјубовните македонски народни песни се полни со неискажана тага. И тогај и кога се весели они носат една скриена затаена внатрешна мака („Севдалино мало моме, уште ли си дома седиш"). Јунашката народна песна е по-стара песна. И може да се раздели на далечна јунашка песна како што е лесната за „Дете голомеше" каде личноста е јунак, не со историска физономија. На по-блиска јунашка песна каде јунакот е историска личност („Црна се чума зададе"). Не ретко се сретнуе образот на жената—војвода, на жената—комитка и на жената-бунтовник. Јунашката песна е епична и широка песна и тече спокојно. Но има случаи кога се нарушуе това спокојствие како што е во „Татунчо страшен војвода". Ајдушката песна е по-определена јунашка песна. Личноста на ајдушката песна е дејствитсена. Ајдушката песна се зародуе со појавуенјето на првите чети и во повеке случаи го воспевуе стихијното буненје на оделннте личности кои избегале во планината, грабнале пушка да се борат за слободата и правата на својот народ. По драматизм и по чувство на човешко достойнство и лична храброс и по воспитание ајдушката народна песна стои на високо место. („Оздола идат бабо сејмени ајдушка глава бабо носеа"). Свадбарската песна е интересна и по мотив и по содржание и по исполнение. Свадбарската песна полна е со елементи што изненадуат („Женил се Петре војвода"), по мотив е една от нај-старите песни. „Вујко се жени за внука от сестра" и многу други. Македонската народна песна е со многу разнообразен и сложен ритм. Типичен македонски ритм е во 7/8 како што е „Женил се Петре војвода". Се сретуе и смесен ритм како например 7/8 и 5/8—„Бог да убие Дебрани." По ритмот можеш да го откриеш содржанието на песната. Длабока како што се морските длабочини, широка како што се степските широчини, и висока како што се планинските височини, македонската народна пеша е во истовреме наситена со неповторена искренос. Нејзината безкрајна и иронизителна тага која е мрачна и тешка како што е тешка и мрачна самата робија во чии пазуви е изпеана, не може со спокојно срце да се ислушуе. Нејзиниот ритм и такт, ту игрив, ту спокоен, ту накршен, ту одвлечен, не напомнуе на друга песна. Нејзината скриена носталгија по родниот крај како што се печалбарските песни, е потресна. Мнозина се обидуеја по миналото да ги пребојадисат тие брилјанти. Мнозина се обидуеја да ги нагодат, да ги приспособат во духот на својата народна песна. Но како што неможе ехото да се сокрис, неможе и песната да се загуби. Песната си ги запази сите оние особини, кои и порано ги имаше... Втор брилјаит кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура се македонските народни ора и игри. Македонските ора носат во волната смисол на зборот печат на македонската душа. Ората се во повеке случаи пропратени со зурли тапани или со мешници. Ората се тешки и лесни. Тешките се полни со мрачнос и болка. Нема нужда да ги слушаш свирките за да разбереш кое оро што кажуе. Тешките се сврзани со оденјето на печалбарите. Кога се играат тешките ора вие во самото бавно и тешко креванје на нозите гледате дека некоја грозна мака се загнездуе на срцето, ја секјавате со целата своја сила делбата и трагедијата која се одигруе на јабана. Пајдушката е по-весело македонско оро и богато со внатрешен ритм и динамика. Типично македонско оро е „Чамчето". Интересен е македонскиот народен танц „Русалии", полн со мистика и преставуе духови (вили, самовили,) и играта на тие духови. Се игра за да се запази народот от злото. Русалиите се волшебните предвестници на балетот. „Русалиите" се многу пластична и богата игра и подсетуат на „Нестинарките". „Русалиите" се сочувани во село Богданци, Гевгелиско, Струмишко, Кукушко и на други места. Трет брилјант кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е македонската народна носија. Нај-типично во носиите е: забрадката, која преку глава се забрадуе. Забрадки има неколку: забрадка на мома, забрадка на омажена, и забрадка на вдовица. Моминската забрадка е префрлена само преку главата, а за да се слободно префрли има нешто како прачка по среде на главата. Моминската забрадка поминуе под прцлите кои се зад вратот, затова дека се мисли ако се видат прцлите тогај не е чесна момата. Моминските забрадки се бели (Егејска Македонија), шарени (дебарска околија). Жените носат модри и слабо пенбелии забратки. Ги криат прцлите и над самото чело се преврзуат. Челото го држат отворено. Вдовиците не прават прцли и се забрадуат до самоти вегите. Челото им е тукуречи покриено. Момите носат ф’стан и елек. Елекот им е доста отворен за да им се види везената кошула. Жените носат по-затворен елек. А вдовиците сосем затворен елек и се по-веке во црно. Интересен белег на носијата е скуталето, футата или прегачи како ги викат во Дојранско, Гевгелиско, Тиквешко и Струмишко. Боите на футата имат големо символично значение. Ако се упореди стариот грб Самуилов, кој е црвено поле со златен арслан без корона, тогај ке се види дека златното е заменено со црно и футите се црвено и црно. Црвеното е символ на борба, а црното символ на ропство. И чорапите се шарени со црно и црвено. Друг еден белег важен е во носиите а това се токите или пантите. Токите или пазтите се нешто како колан изшарани со разни символи со солнце нај-веке, а таму кај што се соединуат преставуат устата на легнат арслан. И гледајки ја македонската народна носија вие негледате носија, ами дел от оние мрачни години кои поминале како долги, бавни матни реки. Вие сте убедени дека во таја носија е исткаена младоста на Македонија. Четврт брилјант кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е иконографијата. Македонската иконографија е стара и датира от 13 век. Иконографијата во Свети Герман ја преставуе Охридската патриаршија со подчинетите ѝ епископи. И таму се кадрата на сите епископи. По својата живос и длабочина интересна е иконографијата во црквата „св. Софија" во Охрид, во „Св. Іован Бигорски", во „Св. Причеста" во Кичево, во манастирот Лешок, тетовско, во Матка, „Св. Андреа" во скопско от крала Марковото време. Манастирот „Св. Андреа” го носи името на Крали Марковиот брат. Внатре во манастирот запазена е фреската на Волкашина со двата сина Марко и Андреа. Интересна е иконографијата во монастирот Слепче, „Св. Димитрија", „Св. Архангел", после во манастирот „Прохор Пчински" кој е созидан от скопскиот војвода Роман Диоген како византиски цар от династијата Дука која по женска линија се сврзани со Самуила и се гордеело дека во жилите носеле Самуилова крв. Богати се фреските во Маврови Ханови, особено фреската во Псача: тајната Христова вечера. До дека Тајната вечера се дава от художниците на Ренесансот во наредено фронтално положение, дотогај „Тајната вечера" во Псача е во сосем природно положение. Некој от апостолите со грб са завртени. Фреските во Нерескиот манастир во околијата на Скопје преставуат големо богаство. Смело може да се тврди дека искрата на Ренесансот, која по-доцна пламна во пожар низ Италија се роди во Македонија. Даборезбата оставила исту така длабоки трагови. Иконостасите на Св. Спас во Скопје, иконостасите во Прилепско, Битолско и др. места се едно от ретките постиженија на нашето даборезбарско изкуство. А што да кажеме за школата на Зографите? Книжовните традиции на македонскиот народ се исту така стари и длабоки. Кирил Пејчинович роден во село Теарце — тетовско е не само еден от по значителните писатели, но и првиот художник кој прави опити да создаде автопортрет и е првиот македонски стихотворец. Позната е неговата надгробна епитафија која завршуе: Кој ке помине ке рече бог да го прости, зере и црвите отиде да ги гости. Неговото „Огледало" от рака на рака се препишуело. Додека Кирил Пејчинович беше пионер во областа на прозата, дотогај Бракја Милалиновци Димитар и Констатин се пионери во областа на поезијата. По својата историска задача и одгогорнос и совесно исполнение на својот свет долг спрема македонската татковина. Димитар и Константин Миладинов со чес може да се мерат со Вук Караджич и со Бракја Грим. Константин Миладинов е и првиот голем поетски талант. Друг голем лирик на онова време е Григор Прличев от Охрид. Пишуел на грчки, на руски, на македонски и на болгарски јазик, кој по това време се формираше како литературен јазик. Познат е фактот дека Григор Прличев е носител на наградата на Атинскиот универзитет 1860 год. и дека зарад гениалната си поема „О Арматолос" („Сердарот") напишана на грчки бил наречен втор Омир. Ја преведуел „Илијадата" на македонски. По нај-голем мегју сите нив по онова време е велешанецот Ксенофонт по-доцна крстен Рајко Жинзифов. Неговата „Крвава кошула" наизуст се изучуела. Неговите песни по Русија се печателе, неговите произведенија се преведуени на руски, украински и полски јазик. Рајко Жинзифов како поет е еден от нај-длабоките поети на Македонија, а како поборник за славјанството он е денска многу современен.
Вракјајки се назад во длабокото минало на македонскиот народ, вракјајки се во оние темни и далеки времинја кога за писмо и за култура во многу други народи не можело ни збор да стануе ние ке стигнемс до оние два светли образа, кои светат и кои вечно ке светат во душата на македонецот и не само на македонецот, до образите на солунските бракја Кирил и Методија. Методија да се смета за првиот македонски книжовник. А дваицата составуат „3акон Судни лјуди", во кои се зборуе за наказанијата (пример за краденјето и др). Нивната азбука така да се каже цела и до ден дешен е запазена во великиот славјански руски народ. Вракјајки се назад во длабокото минало ние неможеме а да не се запреме на првиот наш учен, философ, законодател и создател на првото училиште-универзитет каде се учела енциклопедија. — на Свети Климент Охридски. Во училиштето по некога стигнуел бројот на учениците до 3.000. Свети Климент го оставил првиот „Закон землједелни", законик, во кој се разправа дека земнјата припагја на човекот, земнјата се дели на мерни, а мерните на задруги. Запазени се проповедите на Св. Климент во Романцевиот музеј во Москва. Свети Климент е епоха и создател на цела школа. Вракјајки се назад во длабокото минало на нашиот народ ние неможеме а да не се запреме на првиот социален реформатор на онова време — на поп Богомил. Роден во село Бабуна, велешко, заради това многу тугинци богомилите ги викаат бабуни, Богомил е рушител на фетишите. Во саштината богомилското учение е против ангаријата, против кулакот, ако ви требат аргати најдете си ги, а не да на работи народот. От богомилството и денес има остатоци во нашата црква. На попот колку и да е млад ние му викаме дедо а богомилите по чинови се делеле на деди и т. н. Влијанието на богомилите е големо. Познати се богомилите во Босна по време на Кулин бан. Известна е појавата на патерените. Богомилскиот пожар ја запалуе цела Европа и неговите пламенја завршуат некаде во френската револуција. Социалната правда која ја проповедуе поп Богомил е бојно знаме на времето. Интересен е еден факт дека поп Богомил со својата социална програма и со својот начин на распределуенје на наказанијата се јавуе како учител на великиот Италјанец Данте Алигиери. Познати се краговите во пеколот на Данте, познати се деветте небинја. У поп Богомила имаме девет степени на наказание во пеколот. Идеата за задгробниот живот е многу јасно подвлечена у поп Богомила. Вракјајки се назад во длабокото минало на македонскиот народ не можеме а де не се запреме на личноста на цар Самуил, кој е богомилец и е еден от нај-светлите врвови на македонската историја. От поновата историја треáе да се подвлече востанието Илинден, кое е пројава на висока национална и социална свест. Јасно како бел ден е за секого дека македонската култура е или премолчуена, или преиначуена, или ограбуена. Заради природните богаства, не еден во миналото се обидуел и се мачел да пронајде близос и роднинство со Македонија. И туку гледаш едни со голема замисленос се потат да докажат дека Македонија никога не соштествуела, дека Македонија требе да се замени со Јужна Србија или просто со Србија и дека Македонија е нај-светлиот диамант на короната на српските кралеви. Други пак гледаш со библејска уфиленос се туфкат и се биат во градите и везден се молат на Бога и палат по метро и пол свекја за здравјето на Македонија и грмат низ пресата оти Македонија била класична страна на Болгарија, оти македонците биле не македонци, ами македонски болгари, оти Македонија требе да се вика Западна Болгарија, оти македонското прашанје е болгарско прашанје, и оти Македонја била нај-светлиот скиптер во раците на болгарските цареви. А трети пак берејки мсела за македонскиот народ се мачеа да го затрат и го избришат от картата. Методите на Метаксаса со рициновото масло станале за македонците во Егејска Македонија грозна легенда. По разбиранјето на Метаксаса македонците не се македонци, а се грци. Неприателот едно забораваше дека македонската култура има длабоки стари традиции. Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ. Една ли нечиста рака ги крадеше и носеше паметниците на Македонија далеку от Македонија. Една ли нечиста рака ги преиначуше песните на Македонија? Една ли нечиста совес се мачеше во докажуенје дека македонскиот јазик не е јазик, ами диалект на српскиот или болгарскиот јазик. Никој не го прашаше македонскиот народ што мисли. Никој и не сакаше да го праша. Македонскиот народ беше монета за разменуенје.“ (продолжува) Тихомир Каранфилов |