Среда, 29 Јуни 2022   
Венко Марковски: „Македонскиот јазик е стар јазик, исту онака како што е стара македонската народна песна“

 

1Tihomir Подготвил Т. Каранфилов

„Кога зборуеме за македонската култура неможеме а да не се запреме на македонскиот јазик. Кога зборуеме за македонскиот јазик неможеме а да не се запреме на белезите на тој јазик. Македонскиот јазик е стар јазик. Исту онака како што е стара македонската народна песна.“ – ќe  нагласи В. Марковски во продолжение на неговиот текст „Македонска култура“. (Македонска мисъл кн. 3-4, год. 1, 1945)

Денес кога Бугарија го оспорува името, идентитетот и јазикот, кога со вето за влез во ЕУ, ја условува Македонија и македонскиот народ да прифати нешто што не е и кога преставници на македонските власти предводена од СДСМ и ДУИ заради лични и туѓи интереси, без разлика на мислењето на Македонците се спремни да ги прифатат барањата на Софија и да го погазат аманетот на илијадници борци загинати за Македонија, ви презентираме второто и последно продолжение на текстот на Венко Марковски за „Македонската култура“ објавен во далечната 1945 година во органот на Македонскиот научен институт во Софија „Македонска мисъл“.

Текстот „Македонската култура“ на Венко Марковски, кој е македонски и бугарски поет, а потоа и академик на Бугарската академија на науките (БАН), објавен по завршетокот на Втората светска војна едноставно го оспорува денешното тврдење на Бугарија дека македонскиот народ е вештачка коминтерновска творба, а македонскиот јазик постои од 1945 година. Оспорувајќи ја тогаш истата теза на бугарската пропаганда дека не постои македонски јазик и дека е тоа западно бугарски дијалект В. Марковски ќе напише:  

„Кога зборуеме за македонската култура неможеме а да не се запреме на македонскиот јазик. Кога зборуеме за македонскиот јазик неможеме а да не се запреме на белезите на тој јазик. Македонскиот јазик е стар јазик. Исту онака како што е стара македонската народна песна. Но поради неманје на национална и политичка слобода, македонскиот јазик немал срекјата да се развие и да ги разгрне сите свои скриени богаства.

От век на век македонскиот јазик тлеел и чемреел, секој нов тугинец оставуел печат на него. Затова во него ке сретнеме и турски и болгарски и српски зборови, кои добиле грагјанственос. От друга страна поради недостаточно теориски познанија македонските првотворци инаку многу надарени личности неможеа да го наложат македонскиот јазик и да го издигнат до степен на литературен јазик.

Това нешто стана во наши дни. Копнежот и желбата за оформуенјето на македонскиот јазик не престана да ги гори срцата на македонските филолози. Извесно е мнението на големиот филолог Крсте Мисирков от Постол, Енидже Вардарско, кој вели: дека за литературен македонски јазик не може да се земе ни српскиот, ни болгарскиот, а централното наречие кое требе да се издигне до степен на литературен јазик.

Во основата на нашиот литературен јазик легнуе централниот диалект. Белезите на централниот диалект се: прво — јусот или носовката ѫ преминуе во македонскиот јазик во а, второ, ъ преминуе во македонениот јазик во о, трето: акузативус и дативус дуплекс, четврто: полната членна форма и пето: ударението пагја от крај на третата сричка на зборот.

Процесот на нацијата смело може да се рече дека се привршуе.

Народ, територија, економска поврзанос, психична одлика, обичаи, јазик, култура со вековни и традиции се е на лице. Македонците можат на секого да му кажат у очи јасно, недвосмислено дека не се болгари (македонски болгари), дека не се срби (јужно србијанци) дека не се грци (старо грци), а дека се македонци со определено национално македонско сознание...

Македонија за прв пат во историјата е слободна и национално и политички. И не случајно дека оформуенјето на македонската нација се завршуе во дните на слободата. До сега македонскиот народ немаше ни политичка ни национална слобода. Немајки слобода неможеше да се оформи литературниот македонски јазик.

Настана 1941 година. Старата Југославија, која беше црна и тешка робија за југославските народи се растури. Великата Комунистите партија под раководството на Тито, која прва после партијата на болшевиките го разреши на дело националното прашанје, ги поведе народите на Југославија во светата Народно ослободителна борба против окупаторот. Во тој број го поведе и македонскиот народ... 

И како резултат на таја борба Македонија за прв пат во историјата е слободна. Заветите на Гоце Делчев, заветите на славната Крушовска република, заветите на сите оние што се бореа за слобода и човешки правдини се исполниа. За прв пат македонскиот народ може слободмо да прикажуе на македонски јазик. За прв пат македонскиот народ може да се учи на македонски јазик во македонски училишта. Борејки се за својата слобода, македонскиот народ се бореше и за својата нација се бореше и за запазуенје на својата култура.

Македонија може и требе да сгане чудна градина и чуден расадник на изкуството и културата. Македонскиот народ, никога понапред во историјата немал такви возможности на развитие какви ги има денеска. Народната македонска песна бездруго ке гó земе онова место, кое ѝ се пагја. Песната нема да се преиначуе, нема да се дотеруе, нема да се поболгаруе или посрбуе, како што беше това во близкото минало. Македонската народна песна ке биде чиста и со чес ке може да се јави на сите надпреваруенја било балкански или европејски.

Возможностите на мекедонската култура се огромни. Прво: науката може и требе без друго да се издигне на завидна височина. Делото на првиот учен, философ и просветител Св. Климент требе да се продолжи и да се надмине. Второ: книжовноста може и требе да се стави во релсите на здравиот художествен реализ.м. Искуството кое се црпи от народот требе да служи на народот. Трето: требе да се направи преценка и анализ на сите стари наследства от нај старо време на до наши дни. Четврто: требе да се направи точна, здрава, научнообоснована и изцрпателна преценка на нашата историја. Требе нашите герои да си го добиат своето место... Пето: требе да се пречистат сите оние паметници и документи кои се фалсифицирани било от која страна да е извршена фалсификацијата. Шесто: требе да се забележат сите мелодии и нианси на македонската народна песна додека има уште живи луге кои точно ги знаат, затова дека македонската народна песна е особена по својот такт и ритм. Седмо: скулптурата требе да се разтрие и да се продложи делото на даборезбарите. Осмо: художниците требе и може да ги развиат своите сили и да го продолжат делото на Зографите. Девето: композиторите можат и требе без друго да ја одлеат душата на широката народна македонска песна во своите композиции и да создатат искуство от по висок стил. Десето: театрот кој у нас изостанал и кој има мали незначителни пројави во миналото како што е „Македонската свадба", требе и може да се издигне и да ги достаса театрите на Белград и Загреб...

.... Ние на бојното поле однесовме блескава победа. Ние и на културното поле ке однесеме блескава победа. Думата имат инженерите на човешката душа.“

(крај)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.