Среда, 21 Јуни 2023   
Извадоци од книгата на Серјожа И. Марков: ДЕЦАТА НА ПАРТИЈАТА

1Serjoza

Извадоци од книгата на Серјожа И. Марков: ДЕЦАТА НА ПАРТИЈАТА

Неколку реченици за авторот:

Роден сум во СФРЈ. Бев државјанин на Југославија, по националност Македонец, тоа што сум и денес. Воспитан како патриот, да навивам за ФК Вардар и КК Работнички, а не за Звезда, Партизан, Хајдук или друг спортски клуб. Да читам книги на македонски, а не на југословенски. Воспитуван да бидам родољуб, а од институциите бев третиран како националист. Имав можност да си го видам моето досие во ЈНА! „Mорално-политички неподобен“, уништен и жигосан од тој систем уште на 18 години. Не ми пречеше, бев горд.

Ме викаа Егеец, а со тоа се гордеев иако еден дел од тие што ме нарекуваа така тоа го правеа со презир. Не ги разбирав, можеби не сакав да ги разберам или јас ги презирав.

Уште од мал ја знаев македонската историја наизуст, повеќе од моите врсници. Ја знаев и ја знам историјата на Беломорска Македонија и Пиринска Македонија. До денес голем дел од имињата на населените места во Беломорска ги знам „на нашки“ иако тоа е веќе забрането да го користиме јавно!

Со ВМРО сум од рана возраст. Бев присутен на јавни и тајни говорења пред и по запишувањето на партиите со национален предзнак во централниот регистар (кои се случуваа во мало друштво на мојот покоен татко и кои се одвиваа многу тивко и со задолжителната реченица „Пссст и ѕидовите имаат уши“).

============

Во 1990 година Македонија имаше жешка пролет, а и есен по едноумието. Се формираа повеќе политички ентитети. Како наследници на Kомунистичката партија се промовираше СДС предводена од Гошо Петров; Реформски сили предводена од стариот комунист Андон Стојанов, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Поетот, МААК предводена од група интелектуалци и академици со силно изразени национални емоции; ПДП како национална партија на Албанците во Македонија и други.

Прво национално движење и партија со патриотски предзнак беше МААК. Партија која ја разбуди националната свест и го даде патоказот за независна Македонија. Во таа партија нејзините основачи идејата си ја чуваа некако љубоморно, за себе. Не беа отворени кон народот. Живееја во елитизам. Идеите и плановите ги споделуваа во кабинетите, канцелариите и меаните, со патриоти-интелектуалци кои во тоа време беа многу малку или, пак, повеќето немаа храброст јавно да се декларираат. Затвореноста во интелектуалните кругови беше нивната грешка.

Спротивно од нив ВМРО-ДПМНЕ, која се основа по МААК, беше народна партија чие седиште, но и канцелариите на општинските комитети беа отворени за сите кои имаа национални чувства. Имаше врвулица од луѓе. Основачите и раководството на партијата беа меѓу народот.

Паметам, речиси секој ден во вечерните  часови седеа во пицеријата „Дал Мет Фу“, во центарот на градот, на масата која од улицата ја двоеше само големо стакло. Беа видливи за народот. Се дружеа, комуницираа. Со својата непосредност создаваа симпатии.

Речиси од основањето и јас станав член на партијата. За многу мои познајници и врсници со кои се дружев тоа беше неразбирливо. Таканаречениот „крем“ во Скопје го сочинуваа: потомци на народни херои и првоборци од НОБ; деца на политичари од едноумието; на полициски  воени високи офицери; на директори на државни фирми; деца на универзитетски професори и истакнати интелектуалци.

Моите родители беа истакнати интелектуалци и јас припаѓав на таа каста, ама секогаш имаше нешто и ме дистанцираа. Паметам во средното училиште, на класниот час бев предложен за член на СКОЈ. На третиот час избезумени влегоа мојата класна и педагогот на училиштето и рекоа дека мојот предлог не важи и моментално предложија моја соученичка.

Тогаш не можев тоа да го разберам, ама по некоја година го разбрав. Разбрав дека причината беше патриотската определба на моето семејство, посебно татко ми. Им пречеше нашата македонштина, идеологија и кауза. Ме навредуваа, омаловажуваа и добронамерно „советуваа“: „што бараш ти во таа селанска партија“; „вие сте терористичка организација“; „вие сте пробугарска и сакате да нѐ споите со Бугарија“. Ми се потсмеваа и на желбите Македонија да има сопствена валута, армија, самостојна и функционална држава. Тоа за нив беше незамисливо и непосакувано. Коментираа дека тоа е невозможно, дека немаме капацитет.

Ако се одвоиме од Србија, Бугарија и Грција ќе нѐ поделат за дваесет и четири часа. Велеа, ние сме папочно врзани со Југославија, таа ни ја дала независноста и ние сме должни за тоа. Ја забораваа Егејска Македонија, исто и Пиринска Македонија. Ги забораваа пазарите на Југославија по Втората светска војна! Предавањето на нашите Македонци од другите делови на Македонија поради Истра? Стрелањето на нашите борци кои сакаа да одат на Солунскиот фронт? Директивите на Темпо и неговите слепи послушници? Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија? Убиството на Кочо Рацин? Затворањето на Ченто и многу други патриоти и родољуби?

Денес голем дел од нив се „поголеми патриоти“ од мене и кога ќе ги сретнам ги презирам. Ги сожалувам поради немањето достоинство и чест, поради сончогледоста на нивните карактери.

Во тоа време јас не го сменив мојот начин на живот, моето друштво, опкружување, ама не ја сменив ни мојата идеологија и чувство за патриотизам. Тие се плашеа за бенефитите кои ги споделуваа од едноумието. Живееја на Водно и елитните скопски населби. Во подоцнежните години разбрав дека дел од нив не плаќале ни комунални сметки, а и си ги купија куќите дадени за цена десет пати помала од реалната вредност. Денес голем дел од тие куќи се странски амбасади.

Привилегиите од едноумието и егоизмот им беа поголеми од патриотизмот и вековниот сон за независна Македонија. Нужно зло за нивното опстојување беа СДС и Реформски сили, а ВМРО-ДПМНЕ и евентуалното доаѓање на власт нивниот најголем кошмар.

Беа поврзани со Белград.

СДС со комунистите и Слободан Милошевиќ, кој сѐ уште имаше цврста контрола врз ЈНА, УДБА и виталните сојузни институции а Реформски сили со тогашниот премиер на СФРЈ Анте Марковиќ. беа негова експозитура. Иако имаше привиден раздор меѓу нив и двата политички ентитети дуваа во иста тиква, Македонија да остане дел од СФРЈ ако треба и без дел од тогашните републики. За нив СФРЈ беше гарант на нивната привилегираност, а независна Македонија страв за иднината.

Во подоцнежните години или поточно по две и пол децении дел од тие душегрижници за СФРЈ ги затекнав како вршат високи и одговорни функции во владата и институциите со кои владееше  ВМРО-ДПМНЕ. Во разговор со повеќе тогашни партиски авторитети добивав идентичен одговор (речиси како стихотворба научена наизуст): „Тоа се демократски процеси, партијата се демократизира и отвора“.

Не, тоа беа лични процеси, за интерес и јакнење на власта. Беа вицепремиери, министри, во безбедносните и воени структури, а вистински не ја сакаа Македонија. Впрочем и членовите на поголемиот дел од раководството на партијата не растеа со неа и не излегоа од партијата. Беа членови на други партии, без идеологија и без да го знаат значењето на буквите кои ја симболизираа партијата на која ѝ „припаѓаа“. Беа на највисоките позиции, а беа поставени затоа што беа лојални на врвот. Жално и срамно за оние кои многу години пред тоа ја создаваа партијата, лепеа плакати, дома им се вршеа претреси, ги бркаа од работа и што уште немаа доживеано за своите идеали. Оние кои не веруваа во самостојна и независна Македонија беа дел од владејачката и партиска структура, сечеа ленти, нѐ претставуваа, а беа само нечии пријатели или слепи послушници. Истите тие ја предадоа партијата, идеологијата и државата кога наидоа на мал притисок.

Станаа заштитени сведоци, гласаа против интересите на Македонија и работеа за агенди на други партии и други држави. Испродадоа сѐ. И тоа што нивните наредбодавци не очекуваа. Искрено се надевам дека идните структури на партијата кои ќе владеат со држaвата нема да ја направат оваа грешка и неправда и нема индиректно да учествуваат во велепредавство. И онака уште малку ни остана од Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.