Среда, 13 Март 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ние не сакавме да отстапиме од идејата за обединета и независна македонска држава “ (22)

1fon6

На барање на иследниците на СДБ, Драган Богдановски  пишува извештаи за своите врски со српската, хрватската, бугарската и албанската емиграција. Во својот дневник, Богдановски пренесува делови од овие извештаи. Во минатат среда, пренесовме делови од неговиот дневник во кои говори за првите контакти со српската емиграција. Во нив, откако на читателот му ги опишува средбите со кралската и четничка организација во грчкиот логор Лаврион во 1951 година, говори и за врските со српската емиграција за време на студирањето во Париз, како и за обидите во 60 и 70 – тите години на минатиот век да ги натера српските организации да ја признаат посебноста на македонскиот народ.

Драган Богдановски потоа продолжува да ги опишува своите контакти со втората српска политичка група, како и за контактите  со хрватската емиграција.  За овие контакти тој во продолжение на дневникот ќе напише:

„Втората српска политичка група во емиграција со која водев политички преговори – Беше српската секција од така наречениот Југословенски демократски сојуз, со седиште во Минхен, кој се заземаше за една демократска Југославија, реорганизирана на конфедеративни услови како Сојуз на слободни југословенски држави. Јужнословенскиот демократски сојуз го сочинуваа група српски и хрватски интелектуалци, кои некогаш му припаѓале на југословенското фашистичко движение “Збор“ на Димитрија Лотиќ, но сега се откажале и од фашистичката идеологија на Лотиќ и од унитаристичка и федеративна Југославија и заговараа една трета, конфедеративна Југославија. На чело на Јужнословенскиот сојуз стоеше хрватскиот политичар Розо Калеб. Сојузот издаваше свој весник. Хрватскиот демократски сојуз ја издаваше “Хрватска Зора“ а српскиот демократски сојуз ги издаваше “Српски дици“.

Јужнословенскиот сојуз по однос на македонското прашање се беше покажал далеку пореалистичен и по правичен отколку тоа што беше Југословенскиот одбор од Лондон и Српската задруга “Ослобоѓење“. Тој јавно и отворено му ја беше признал на македонскиот народ неговата национална индивидуалност и својот статут го беше печателе и на македонски јазик. Заради своето признавање на македонската национална индивидуалност, Србите во Југословенскиот демократски сојуз беа напаѓани од српската четничка емиграција како српски национални предавници.

Врски со Јужнословенскиот демократски сојуз беа воспоставени во текот на 1959 и 1960 година поради кое Пеев и јас одвоено патувавме за Минхен. И на двајцата ни беше направен срдечен пречек, тогаш се запознавме со раководителите на Јужнословенскиот демократски сојуз, тогаш беа воспоставени и конкретни облици за соработка, меѓутоа, се се заврши како и со Југословенскиот одбор од Лондон. Јужнословенскиот демократски сојуз бараше ние како македонска група да создадеме Македонски демократски сојуз во рамките на Јужнословенскиот демократски сојуз и заедно со Хрватите, Србите и Словенците да работиме за создавање на една идна Југословенска Конфедерација или Сојуз на слободни јужнословенски држави. Ние не сакавме да отстапиме од идејата за обединета и независна македонска држава, па според тоа и соработката со Јужнословенскиот демократски сојуз пропадна.

Ете тоа беше сиот мој контакт со српската емиграција – завршив во моето пишување – и пак напомнав дека тој контакт беше инспириран од силната желба српската емиграција да му ја признае на нашиот народ неговата национална самобитност. Заради моето работење на тој план јас неколку пати бев напаѓан во печатот на српската емиграција, во весниците “Српска Борба“, “Искра“ и други.

На ова мое пишување моите удбашки иследници велеа: “А бре ти добро си ја играше твојата улога на македонист, особено во 50-тите и 60-тите години. Ти остави неизбришливи спомени од твојата дејност. Се ќе беше добро и убаво ако тој твој македонизам не го свртеше против легалното раководство на македонската држава, на СРМ. Ти не знаеше да се запреш во твоите дејанија, ти немаше кочници, и беше како некоја крава која при молзењето даваше полно ведро млеко, но штом го наполни, ритна со ногата и го истури. Ти ја дотера работата дотаму што твојот македонизам стана штетен за интересите на македонската нација. Затоа и моравме да дејствуваме, да те запреме, да те замолчиме...“.

- Вие ме спречивте да го остварувам најбитното што е за нашата нација – реков – така вие ѝ наштетивте, не е помагате.

Моето пишување за мојата врска со хрватската емиграција не беше долга зошто до некаков сојуз со хрватското усташко движење не дојде. Наведов дека ДООМ како нова и млада организација, настана по Втората светска воја, не сакаше да се врзува со хрватското усташко движење зашто ова беше во текот на војната компромитирано како фашистичко движење и беше обвинувано дека извршило геноцид. Наведов дека од усташка страна имаше обид ДООМ да работи заедно со усташите против Југославија, тоа беше сторено преку водачот на Хрватскиот Народен Одбор на Бранко Јелиќ. Со овој стар хрватски политичар се сретнав неколкупати во Германија, и меѓу нас се воспоставија пријателски меѓучовечки односи, но до сојузување не дојде. Ние не сакавме да се компромитираме како фашистичка организација, зашто со кого си, - народот вели дека и таков си.

Друга причина за да бидеме настрана од усташкото движење беше тоа, што ова движење верно на својот стар сојуз со Ванчо Михајлов, папагалски ја повторуваше тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари, дека македонската нација била исмислена од србо-комунистите. Против ваквата антимакедонска политика што ја развиваа усташите јас протестирав кај повеќе усташки водачи: кај генералот Дрињанин, кај Мате Фрковиќ, кај Степан Буќ и други усташки скрибенти. Дури и отворено ги нападнав усташите како “пандури на Европа“ во “Македонска Нација“. Сега пандури на големобугаризмот.

- Ти си бил сојузник на усташите, тоа не можеш да го одрече - ми рече удбашот иследник Никола Илиевски. – Вистина не дошло до соработка на ниво на организациите, но ти си бил соработник на усташите кога било во прашање рушењето на Југославија. Ние имаме магнетофонска трака од еден твој говор на усташката прослава на 10 април, денот на прогласувањето на НДХ во Карлсруе, каде пред две илјади Хрвати ти одржа говор против Југославија каков што не можеле да одржат и старите усташи. Се сеќаваш ли каков аплауз доби тогаш?

- Се сеќавам – реков. – Доколку се сеќаваш во мојот говор реков дека Југославија е вештачка криминална творба, која треба да ја разрушат народите кои живеат во неа, зошто се додека таа држава постои во неа за ниту еден народ нема да има слобода и демократија...“

(продолжува)

1Tiho3 Поготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.