Среда, 10 Мај 2023   
Делото на Гоце Делчев остана како патоводна ѕвезда за идните македонски поколенија

kosta-veselinovКоста Веселинов е македонски културен деец, публицист и историчар. Роден е во село Бобшево, Пиринско во 1908 година. Се образува во Горна Џумаја, Пазарџик, каде завршува гимназија, а извесно време работи во Мелник. Се запишува на Филозовскиот, а подоцна и на правниот факултет во Софија. Во 1933 година е уапсен и исклучен  од Софискиот, по што тој се запишува на Белградскиот универзитет. Како завршен правник се враќа во Софија во 1935 година. Како адвокат ги брани уапсените Македонци и членови на МЛК. По окупацијата на Вардарскиот дел од Македонија поради национална-политичка активност е уапсен во 1941 година и е испратен во логорот во Ени Кој во Тракија каде умира во 1942 година.

Во периодот меѓу двете светски војни бил еден од знаменитите македонски новинари и публицисти, кои учествувале во процесот на афирмација на македонската национална мисла. Станува виден член на ВМРО (Обединета) и на КПБ, но и во раководството на Македонската народна студенстка група „Гоце Делчев“ која почнала да го издава својот орган „Македонски студентски лист“(1931), потоа по забраната продолжува во редакцијата на „Македонска стидентска трибина“(1932). Потоа работи како редактор во „Македонски вести“ (1936) и „Глобус“(1936-1937) и се вклучува во обновениот Македонски литературен кружок во Софија.

Коста Веселинов ја проучува македонската историја и култура и од 1938 година почнува да објавува свои публикации во новата Национална научна библиотека „К’лбо“:  „Национално поробени народи и национални малцинства(научно-социолошка етида“ (1938), „Преродбата на Македонија и илинденското востание“ (1939), којашто е преведена на македонски јазик уште во 1944 годинаи станува прв учебник по историја во отворените македонски училишта, и „Борци за народна слобода“(1940) со монографски прилог.

Коста Веселинов во „Борци за националиа свобода“ (Софиа 1940, стр. 55-60, Издание на „Национална-научна библиотека Н° 3.), покрај за Хр. Ботев, Ш. Петвофи, Љубен Каравелов и Дџузепе Гарибалди пишува и за Гоце Делчев.

По повод 4 февруари 2011 година кога се одбележани 139 години од раѓањето на Гоце Делчев, овде ќе ја објавиме статијата на Коста Веселинов „Гоце Делчев – изразител на македонската национална борба“ во која се дадени многу Гоцеви пораки кои денес се некако заборавени.

Делото на Гоце Делчев остана како патоводна ѕвезда за идните македонски поколенија.

„Секој народ во епохата на своето национално оформување и ослободување раѓа и такви херои што се јавуваат како најдобри и најценети претставници на народните борби и гледања. Така и македонскиот народ во епохата на своето национално оформување исфрли од својата средина еден таков национален херој - Гоце Делчев, кој целиот свој живот се бореше за слободата на независноста на Македонија и со својата крв ги цементира основите на македонската ослободителна борба.

Во моментот, кога целиот македонски народ се наоѓаше во трескава подготовка да ги раскине вековните окови на тиранот и пред целиот свет да ја покаже својата гордост и зрелост за слободно национално постоење, тој со неуморна смелост и доследност подготвуваше востание внатре и се бореше против крстоносниот орган на странските посегнувачи однадвор, бидејќи знаеше дека само така борбата ќе излезе смислена и резултатна. И во тој нагорен но светол пат, тој предвреме херојски падна во служба на народот, оставајќи да биде довршенр народното дело од следните македонски поколенија. Но затоа пак тој ни остави еден пример полн со содржина и поуки за сите македонски синови.

Уште во почетокот на македонската преродба, кон крајот на 18 и почетокот на 19 век македонските просветители на чело со охридскиот архиепископ Арсениј, Џинот, Теодосиј Скопски, браќата Миладиновци, Апостол Маргарит и др., си поставија како оснoвна своја задача - културно да го издигнат македонскиот народ. Бидејќи за нив било јасно дека најсолидната тврдина на најмошното оружје во борбата за слобода и независност на еден народ е постоење на една широка култура. Таа вистина важи и денес. И подоцна кога ослободителните борби на Македонија навлегоа во понапредната фаза македонскиот апостол и револуционер Гоце Делчев, сфаќајќи ја силата и значењето на овој принцип, ни вели: македонската култура е потребна за правилниот развој на македонската ослободителна борба. Само така македонското ослободително движење ќе може да ја чува својата самостојност и својата сила и македонското население ќе може да биде зачувано од претопување. Културата, и тоа широката народна култура, претставува крв за народот, за националниот организам, таа ја чини спојката без која народот е осуден на разложување. И затоа, кога културата на еден народ се спречува и уништува, задача на секој патриот е да му се спротивстават на нејзиното извртување. И точно тоа го сфатил Гоце Делчев. Иако не бил како идеолог познат како Христо Ботев, во рамките што му ги дава весникот „Свобода или смрт" на организациските собири и др. тој се истакна како голем познавач не само на општествените и стопански прашања туку на културните. За него народната култура е неопходност не само за македонскиот народ туку и за сите народи, зашто тоа ќе доведе до разбирање меѓу народите. Јас го разбирам светот - вели тој - единствено како поле за културно натпреварување на народите".Со тоа Гоце Делчев сака ца обрне внимание на другите народи да ги напуштат варварските и поробувачки стремежи, своите сили да ги насочат кон културно издигање. Со еден збор, здравата и народна култура е сигурно и ефикасно средство за обогатување на здравиот и творечки патриотизам и за олеснување на прогресот на народот.

На второ место Гоце Делчев, како изразител на стремежите и борбите на македонскиот народ, сскојпат е конкретен во својата борба. Нему му е туѓ мистицизмот. Тој ја сака македонската земја со нејзините убавини, не поради тоа што е полна романтизам и подземни богатства туку затоа што при друга состојба на работите, при слободна Македонија, таа може да го прехранува македонското население, да создаде среќа и радост на македонскиот народ. Таа прекрасна земја пред се е привлечна затоа што ја населуваат Македонци. „Јас барам - вели Гоце Делчевслобода за македонското население, а не за македонската земја."

Централното прашање на македонското ослободително движење е имено ова: „Непрекинато да работиш за културното издигање и ослободувањето на македонскиот народ". Тоа е стимулот што го тераше Гоцета Делчев и сите македонски синови да водат борба на живот и смрт со неријателите на Македонија, на македонскиот народ. На таков начин и самата борба на Македонците добива смисла и значење. Зашто борбата не била само против турските власти, затоа што се турски, туку затоа што самиот систем ги одзел и минималните можности за живот и напредок на македонскиот народ. Ние - вели Гоце Делчев - не ги мразиме Османлиите како народ, туку се бориме против нивниот владејачки систем на управување."Гоце Делчев се бореше за национално ослободување во кое ја вклучува не само политичката слобода туку и социјалната правда за селските и градските народни маси. Не е доволна само национална и политичка слобода, неопходно е уште да се ликвидира и економското ропство, кое е суштината на националното ропство.

Борбата против Турците поробувачи Делчев ја прошири и како борба против Македонците зулумќари и народни изедници. Особено остро се нафрли против оние што во името на ослободителната борба го вршат тоа, а за голема несреќа такви случаи често среќаваат. „Најголем престап е - вели тој - да го ограбиш народот за кој се бориш". Со други зборови, престапно е да го ограбиш, но уште поголем престап е тоа да го правиш во името на неговата бррба. На тој начин му се прават две зла на македонскиот народ. Однатре ја дезорганизираш и ослабуваш народната борба, ги проигруваш народните сили и на таков начин најдобро му помагаш на противникот. Според него, општествените организации и народните труженици се затоа да се борат за благото на народот а не, поставувајќи си ја оваа задача, да го ограбуваат. „Организацијата на македонскиот народ е потребна за да го турне ропството од себе, а не да тргува", вели Гоце Делчев. За него Организацијата е место каде што сите треба да дејствуваат, да се жртвуваат и некористољубиво да му служат на својот народ. „Работник (во смисла на револуционер - б. .р.) е оној што му служи на народот" - додава Гоце Делчев. И тоа, се разбира, треба да го констатира народот, а не тој самиот.

На трето место, Гоце Делчев е решителен противник на шовинизмот. Национализмот е светла идеја и нема потреба од својата негација -шовинизмот. „Шовинизмот ја помрачува најсветлата идеја - вели Гоце Делчев. - Во својата љубов кон луѓето револуционерот треба да биде вистински човек". Тоа е неопходно својство за секој.народен трудбеник, за секој револуционер. Тоа својство, и тоа силно развиено го имаше и Гоце Делчев. Според него, револуцијата е „насилство против насилството". „Не секогаш револуционерот може да употреби морални средства против еден сосема неморален ред на работите", зашто е и присилен да се послужи со револуцијата, со насилството. „Во светот има силни и слаби. Силните владеат над слабите. Нема поубаво од тоа да се осознаеш себеси како човек, да станеш силен и да се бориш за слабите." И во Македонија има силни и слаби. Силни се тие што ги користат богатствата на македонската земја и ги смукаат животните сокови на македонскиот народ, а слаб е македонскиот народ, којшто страда и живее во беда.

И нема поубаво од тоа да работиш за слободата и благото имено на овој народ. И бидејќи центарот на ослободителната борба се народот и неговите права и слободи, секој револуционер е должен да ги избира средствата за борба со оглед на народните интереси. „Престапно е да ослободуваме народ создавајќи пожари и касапници" - вели Гоце Делчев. „Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното вооружено востание. Со други зборови, тој е пред се револуционер. Но и покрај тоа, тој смета дека кога ќе се пристапи кон тоа средство, неопходно е во исто време да се обидат и сите други средства за премавнувањето и намалувањето на народните неволји и на народните неправди. А и кога ќе се дојде до самата револуција „како насилство против насилства", се налага максимална економија на средствата и човечките сили. „Не секој пат револуционерот може да употреби морални средства против сосема неморален ред на работите", но кога може тој е должен да го направи тоа.

Гоце Делчев работеше во заштита на македонските селани, еснафи, работници и народната интелигенција. Тој, во целина, го штитеше македонското население без разлика на национална припадност, со широки права на сите. Но Гоце Делчев не се бореше само за подобрување на политичката и економската положба на народните низини, тој од нивната средина ги регрутираше и револуционерните сили. Зашто за него беше јасно дека секое ослободително движење треба пред се да се потпре врз своите сопствени сили. Тоа уште повеќе му дозволуваше на Гоцета Делчев да стане вистински изразител на македонскиот народ во неговата борба за слобода и независност. Застанат на тие основни принципи, Гоце Делчев се бореше и за единството на македонскиот народ, толку грижливо раскинувано од непријателите на Македонија. Единството е неопходна претпоставка за да се изведе македонското дело на спасоносниот брег.

Впрочем, Гоце Делчев, којшто достигна до врвот на македонската национална борба, ги усвои и разбра нејзините задачи и нејзината содржина, јасно и убедливо ни вели дека националната борба е и социјална, и дека националната слобода во себеси ја вклучува како неопходен и прв елемент и социјалната правда во најшироката смисла на зборот.

Делото на Гоце Делчев остана како патоводна ѕвезда за идните македонски поколенија.“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.