Среда, 06 Септември 2023   
Античко-македонски јазик

Pellatab

Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од Елините (Грците) и останатите соседни народи.

Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле еден ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).

Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски:

"Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат".

Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори:

"Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат".

Потоа, царот рече:

"Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик“ (Курциус Руфус, VI, c. 36).

Со најновите откритија на академик Томе Бошевски и професорот на ЕТФ Скопје др. Аристотел Тентов на јазикот на записот на Каменот од Розета, кој е фараонски указ од античко-македонската династаија Птолемеиди која владеела со Египет, е декодиран еден дел од античко македонскиот јазик. Откриениот текст на Каменот од Розета, кој е истражен според сите светски стандарди за дешифрирање на античките јазици, покажува неверојатно голема сличност со денешниот македонски јазик и повеќе други денешни словенски јазици. Според откриениот текст кој е пишуван од десно на лево, без интерпукциски знаци, покрај големиот број на исти и слични зборови со денешниот македонски и други словенски јазици, откриено е дека во античко македонскиот јазик постоеле 8 самогласки, кои се застапени во денешниот македонски јазик (5 од нив), повеќе македонски дијалекти и во литературниот словенечки јазик.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.