Среда, 09 Јануари 2013   
Македонците предводени од Александар го задушуваат бунтот во Теба и ги покоруваат останатите грчки полиси

Д-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

AlexanderConquestThebesTrans

Кога слушна за настаните во Теба (бунтот во Теба против Александар и Македонците, н.б.), Александар сметаше дека треба да се разберат сериозно, зашто одамна се сомневаше во Атинскиот полис и беше многу загрижен за обидот на Тебанците; бунтот можеше да се прошири и кај Лакедајмонците и кај некои други на Пелопонез и пред сеж кај Ајтолците. Заради тоа  за седум дена  стаса во Тесалија. Оттаму за шест дена влезе во Бојотија, додека не пристигна во Онхест со целата војска.

...Следниот ден Александар стаса до Теба... Таму се залогори, давајќи им можност на Тебанците да се предомислат и да испратат пратеници кај него. Тие пак беа далеку од тоа да покажат некаква понизност... Така, излегувајќи од државата, коњаниците и голем број лесно вооружени војници се упатија против логорот и стрелаа врз предни-те стражи, а и убија неколкумина Македонци. И Александар испрати лесно вооружени војници и стрелци за да го одбие нивниот напад... Следниот ден тој (Александар, н..б.) ја покрена целата војска и ги опкружи портите што водеа во Елевтера и во Атика. Александар пак, сметајќи дека повеќе доаѓа како пријател кај Тебанците одошто како непријател, чекаше залогорен близу Кадмеја...

...Потоа Пердика беше погоден и тешко беше излечен од раната. Неговите луѓе, придружувајќи им се на Александровите стрелци, ги притиснаа Тебанците и ги следеа Тебанците додека не се повелкоа кон Хераклејон. Но кога Тебанците повторно се вратија со боев вик, Македонците се дадоа во бегствто. Штом Александар разбра дека неговите војски се во бегство, а дека Тебанците при гонењето се со растурен боев ред, им ја спротивстави фалангата во боев ред. Тебанците беа притиснати внатре во портите и толку многу се разбегаа, што при бегањето кон градот не успеаја да ги затворат портите. Така, Македонците што ги гонеа влегоа со нив во ѕидините...

Бидејќи Македонците ги притискаа од сите страни и Александар се појавуваше де од една, де од друга страна, тебанската коњица се втурна кон полето, а пешадинците се спасуваа кому како ќе му се згодеше. Потоа,  во бесот, не само Македонците, туку и Фокидците и Платајците и останатите Беотијци, иако не се бореа Тебанците, ги убиваа без каков и да е ред…

Овој грчки пораз и според големината на загубениот полис и според острината на дејството и општо земено, не помалку заради неочекуваноста на настанот и за по-бедителите и за победените, онолку колку ги уплаши самите учесници во настанот, ги уплаши и сите други Хелени. Сикелискиот пораз на Атинците, иако според многубројноста на убиените му донесе не помалку беда на полисот, сепак бидејќи војската им беше униш-тена далеку од домот, а мноштвото од неа беше составен од сојузници наместо од домашни војници и им остана полисот, па и подоцна се бореа со Лакедајмонците, со сојузниците и со великиот крал (се мисли на Персија, н.б.)...

Од друга страна, кај Тебанците востанието беше кренато набрзина и необмислено и до заземањето дојде без мака за освојувачите и со многуброен колеж,како што се случува за сродни народи заради стара омраза. Целосното поробување на по-лисот, којшто беше меѓу првите по сила и воена надмоќност во Хеленија, сосема природно беше доведувано во врска со божески бес: дека Тебанците на долго и на широко го отплаќаат пре-давството на грчката цел во Персиските војни…

Александар реши да им ја довери Теба на сојузниците што учествуваа во нападот: да се распоредат во Кадмеја, а полисот да го срамнат со земјата, територијата да се раздели меѓу сојузниците, а да се сочуваат светилиштата; децата, жените и преживеаните Тебанци да се поробат, освен свештениците и свеш-теничките и оние што им биле пријатели на Филип или на Александар, или пак домаќини на Македонците...

Штом останатите Хелени разбраа за судбината на Тебанците, Ајтолците испратија пратеници, племе по племе за да добијат прошка. Атинците избраа 10 пратеници од сите Атинци, луѓе познати по пријателските односи со Александар, и ги ис-пратија кај него да му ги пренесат ненавремените честитки од граѓаните на Атина, што се вратил безбедно од походот на Илирите и Трибалите и што ги казнил Тебанците за востанието. Александар претежно со пријателски тон му одговори на прате-ништвото, но напиша едно писмо, во кое ги бара Демостен и Ликург, Хиперејда и Полиеукт и Харит, зашто нив ги обвинува за поразот кај Хајронеја и за грешките  што подоцна се направени при Филиповата смрт, против него и Филип. Тој исто така им покажа дека се виновни за тебанското востание не помалку од самите Тебанци востаници. Атинците не ги предадоа овие луѓе, туку испратија второ пратеништво кај Александар, молејќи го да го смали бесот кон оние што ги побара. Алексан-дар постапи така, можеби  заради почитта кон полисот, или за-ради тоа што брзаше за походот против Азија и зад себе си не сакаше да остави меѓу Хелените ништо, на што не можеше да му верува.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.