Среда, 09 Јануари 2013   
Најрешавачко оружје за продолжување на борбата за национална слобода

koem(2 август 1949 год.)

РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМУНИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (КОЕМ): СО КОЕМ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОБИВА НОВО НАЈРЕШАВАЧКО ОРУЖЈЕ  ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БОРБАТА ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА

“И. Првата конференција на Комунистичката организација на Егејска Македонија е свикана во периодот кога народно-демократското движење на нашата земја и националноослободителната борба на нашиот народ влегоа во решавачки пресврт, стигнаа пред крајната победа.

Во огнот и тешкотиите на суровата и долгогодишната борба се роди КОЕМ, дел на КПГ...

ИИ. Сите борби на македонскиот народ во текот на целиот револуционерен период, поради самата историска потреба, имаа цел создавање на народно-демократска социјалистичка Македонија. Тие борби беа организирани и раководени од македонките комунисти, членови на КПГ...

III. Народно-демократската борба што ја води во нашата земја работниот народ со својата борбена авангарда ДАГ за слободата и демократијата на Грција е борба за физичко и национално суштествување, за извојување на национална слобода, и воста-новување....

IV. Токму во решавачкиот момент се свикува конференцијата на КОЕМ, која ценејќи ја гореизнесената ситуација, решава:

1. Со ентузијазам го поздравува и одобрува создавањето на КОЕМ како една историска нужност и една решавачка етапа во борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Со КОЕМ македонскиот народ добива ново најрешавачко оружје за поефикасно продолжување на борбата за национална слобода, но и социјално ослободување, за народна демократија и социјализам....

2. Декларира своја полна приврзеност кон народно-демократскиот блок на работниците од целиот свет на чело со Советскиот Сојуз и др. Сталин, блок кој е единствена гаранција за заштита на нашиот народ од канџите на американските империјалисти, гаранција за извојување слобода и независност на нашата земја.

3. Борбено ја декларира својата решеност да ја продолжи, со уште поголем интензитет и решителност, борбата што ја водат двата наши народи, со својата вооружена авангарда ДАГ, за ослободувањето на Грција...Како последица на заедничката победа ќе биде извојувањето на национална слобода на нашиот народ...

...5. Нашите националноослободителни организации НОФ, АФЖ, НОМС, се олицетворение на најблагородните стремежи на нашиот народ за неговата слобода и народната демократија...

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, К.-21/7;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.186. стр.401- 404;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.