Среда, 23 Јануари 2013   
Масакрот во Велес

zaginati-borciМасакрот во Велес е колеж на 53 затвореници што се случил на 15 јануари1945 година во Велес извршен од страна на ОЗНА.

На 15 јануари1945 без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.

Во својата книга Мојот татко - Методија Андонов Ченто, авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на Президиумот на АСНОМ за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на крајот на 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ присуствувал Едвард Кардељ.

Според бугарскиот историчар Коста Црнушанов затворениците се убиени, затоа зошто биле Македонци со „бугарско национално чувство“. Според овој бугарски историчар, помеѓу жртвите имало припадници на ММТРО на ВМРО на Иван Михајлов, еден поранешен бугарски учител и други. Според овој историчар за масакрот биле одговорни Ратко Петровски (помошник-началник на ОЗНА), Боро Коробар и Киро Попадиче (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.

Наводи:

Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.

Андонов, Илија - Ченто, „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, Скопје 1999, ISBN:9989-878-89-9

Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.